171/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 6 октомври 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување законитоста на Одлуката за дополнување на Правилникот за работни односи на “Житопродукт” Д.О.О. од Свети Николе, донесено од Управниот одбор на 28 февруари 1992 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Методи Андонов од Свети Николе, на 20 јули 1993 година, му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што со извршените дополнувања му било повредено правото на работа и слободен избор на вработување, што не било во согласност со закон.
3. На седницата Судот утврди дека иницијативата за поведување постапка за оценување законитоста во оспорениот акт е поднесена на 20 јули, а оспорената одлука престанала да важи на 5 јули 1993 година, односно пред поднесувањето на иницијативата, поради што утврди дека нема процесни претпоставки за водење на постапката и одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.