Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр. 70/92), на седницата одржана на 22 септември 1993 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на член 59 од Правилникот за распределба на средствата за лични доходи во ОУ “Браќа Миладиновци ” во Скопје, донесен со референдум на 26 април 1993 година.
2. СЕ ОТФРЛА барањето за оценување согласноста на оспорената одредба од Правилникот означена во точката 1 од ова решение со соодветниот Општествен договор и Самоупставната спогодба за основите и мерилата за самоуправно уредување на односите во стекнувањето и распределбата на личните доходи.
3. На Уставниот суд на Република Македонија, Влагоја Стојанов од Скопје, му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на одредбата означена во точка 1 од ова решение, затоа што со неа на одреден број работници (хаус мајстој, готвач во дневен престој и КВ работници со средно образование) им е намален личниот доход, што не било во согласност со закон, со соодветниот општествен договор и самоуправната спогодба.
4. На седницата Судот утврди дека со измената на член 59 од Правилникот се определени нови вредности на основите и мерилата за распределба на личните доходи, при што се намалени коефициентите
за определување на личниот доход на работните места хаус мајстор и готвач.
5. Според член 49 став 2 од Законот за основните права од работниот однос “Службен лист на СФРЈ” бр.60/89 и 42/90) на работникот му припага личен доход како деол од доходот односно добивката кој е сразмерен на придонесот на работникот во создавањето на тој доход односно добивка во согласност со општиот акт односно со колективниот договор.
Од изнесената законска одредба произлегува дека со општиот акт се утврдуваат основите и мерилата
за определување на личниот доход на работникот сразмерно на неговиот придонес во создавањето на доходот на организацијата.
Со оглед на тоа што во оспорената одредба од Правилникот се утврдени основите и мерилата за определување на личниот доход на работниците, мегу кои и на хаус мајсторот и готвачот, сразмерно на нивниот придонес, Судот смета дека не може да се постави прашањето за нејзината согласност со означената законска одредба.
6. Што се однесува до наводите во иницијативата за неусогласеност на оспорениот акт со соодветниот општествен договор и со Самоуправната спогодба, Уставниот суд на Република Македонија не е надлежен да одлучува.
7. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.
8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Брнака Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб
Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.