У.бр.93/1992-1

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 и 112 одУставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницта одржана на 9 септември 1993 година, донесе

О Д Л У К А

1.СЕ УКИНУВААТ точките 32,47 и 48 на член 18 од Правилникот за дисциплинска одговорност на работниците во Претпријатието за производство и промет на чевли и гумени производи “Газела” АД – Скопје, донесен од Управниот одбор на 20 ноември 1991 година.

2. Оваа одлука ќе се објави во “Службен весник на Република Македонија” и во означеното претпријатие на начин предвиден за објавување на општите акти.

3. Уставниот суд на Република Македонија, со Решение У.бр.93/92 од 19 мај 1993 година, поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на членот 18 точките 32,47 и 48 од актот означен во точката 1 од оваа одлука, затоа што се постави прашањето за нивната согласност со член 24 од Уставот на Република Македонија и со закон.

4. На седницата Судот утврди дека во точките 32,47 и 48 на член 18 од Правилникот како потешки повреди на работната обврска се предвидени: изнесувањето или пренесувањто во и надвор од Друштвото неточни информации за Друштвото во целина или некој негов дел иако поради тоа не настанале потешки последици; пренесување на неповолни изјави за друг работник за неговата работа во Друштвото, како и давање на неточни изјави за работник и неговата работа ако со тоа може да му се намали неговиот углед или на друг начин да му се нанесе штета и преземањето или пропуштањето дејствија со кои се намалува или омаловажува угледот на Друштвото целосно или на негов дел. Според член 23 од Правилникот мерката парична казна или престанок на работниот однос се изрекува за потешките повреди на работните обврски утврдени во член 18 од Правилникот.

Од начинот на кој се формулирани оспорените одредби произлегува дека потешка повреда на работните обврски може да биде изнесување на неточни податоци за Друштвото и за одделни негови работници во преставките упатени до државните органи, на што упатува и практичната примена на овие одредби.

5. Согласно член 24 од Уставот на Република Македонија, секој граганин има право да поднесува претставки до државни органи и други јавни служби и на нив да добие одговор. Подносителот не може да биде повикан на одговорност, ниту да трпи штетни последици за ставовите изнесени во претставките, освен ако со нив не сторил кривично дело.

Според член 2 од Законот за постапување по претставките и предлоз ите (“Службен весник на СРМ” бр.36/77), под претставки и предлози се подразбираат молби, поплаки и други подавки (претставки) со кои подносителите се обраќаат до надлежните органи заради заштита и ефикасно остварување на општествениот интерес, своите права, правни интереси и обфрски, или заради поведување на постапка или други иницијативи од општ интерес.

Од изнесените уставни и законски одредби произлегува дека се гарантира правото на граганите да комуницираат содржавните органи преку претставки, поплаки и други поднесоци и се утврдува обврска на државните органи и јавните служби да им даваат одговор на нивните претставки.

Притоа, содржината на овие односи помегу граганите и јавната власт имплицира и на соодветна содржина на претставките што оваа уставна одредба ја претпоставува, а тоа се иницијативи,мислења и забелешки за прашања од општ или личен интерес за кои граганинот смета дека треба да го запознае државниот орган и да бара од него преземање мерки во рамките на неговите надлежности. Граганинот е заштитен од одговорност и штетни последици заради изразено мислење или став во претставките, освен во случаите кога со тоа сторува кривично дел, што укажува на тоа дека претставката може да содржи и негативни оценки и мислења за определени прашања и состојби, или правни и физички лица.

Со оглед на начинот на кој се формулирани оспорените одредби и што дејствијата на кои се однесуваат не се непосредно поврзани со работните обврски и должности на работниците во претпријатието, Судот оцени дека со нив се ограничува уставното право, граганите да поднесуваат претставки до државните органи.

6. Согласно член 54 став 1 од Законот за основните права од работниот однос (“Службен лист на СФРЈ” бр. 60/89 и 42/90), работникот кој по своја вина не ги исполнува своите должности и работни обврски или не се придржува кон одлуките донесени во организацијата односно кон одлуката што ја донел работодавецот, прави повреда на работната обврска, а според став 3 на член 54 од Законот, повредите на работните обврски се утврдуваат со овој закон, со закон, со општ акт, односно со колективен договор.

Со член 58 став 1 од Законот се пропишани потешките повреди на должностите и работните обврски за кои се изрекува мерката престанување на работниот однос, а според ставот 2 на овој член оваа мерка се изрекува и за други потешки повреди на работните обврски утврдени со закон и со општиот акт односно со колективен договор. Согласно став 3 на овој член со општиот акт односно со колективниот договор поблиску се утврдуваат околностите и условите под кои повредите предвидени во ставот 1 од овој член ќе се сметаат како потешка повреда на работната обврска, за која се изрекува мерката престанок на работниот однос во согласност со природата на дејноста односно со природата на работата што ја врши одделен работник.

Од изнесените законски одредби произлегува дека законот ги утврдил потешките повреди на работните должности и на работните обврски за кои може да се изрече мерката престанување на работниот однос и дал можност на организациите со општ акт да утврдат и други потешки повреди на работните обврски за кои може да се изрече оваа мерка. Притоа, законот ги задолжува организациите поблиску да ги утврдат околностите и условите под кои повредите на работните обврски ќе се сметаат како потешки повреди, а кои мораат да бидат во согласност со природата на дејноста односно со природата на работата што ја врши одделен работник.

Во конкретниот случај, со оглед на воопштениот начин на кој се дефинирани дејствијата – изнесување неточни информации за претпријатието, пренесување на неповолни изјави за друг работник преземање или пропуштање на дејствие со кое се намалува или омаловажува угледот на претпријатието или на работник, тие, според мислењето на Судот, не претставуваат повреди на работните обврски кои непосредно произлегуваат од природата на дејноста или работата што ја врши работникот, особено кога за нив не се поблиску утврдени околностите и условите од кои одделни повреди на работните обврски и должности ќе се сметаат за потешки повреди, за кои може да се изрече мерката престанок на работниот однос.

Со оглед на изнесеното, Судот оцени дека оспорените одредби од Правилникот не се во согласност со член 24 од Уставот, со член 2 од Законот за постапување по претставките и поплаките и со членовите 54 и 58 од Законот за основните права од работниот однос, поради што одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

7. Оваа одлука Судот ја донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Гилип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.