98/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 2 јуни 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето за оценување законитоста на Одлуката за отстапување на локалитетот и споменикот во с. Белчишта на управување на месната заедница во с. Белчишта, донесена од Собрнаието на Општина Охрид на 14 февруари 1992 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Општественото претпријатие за стопанисување со шуми “Галичица” од Охрид му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на одлуката означена во точкат 1 од ова решение, затоа што општината не била овластена да отстапува шума на управување на месна заедница.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека не е надлежен да одлучува по неа, затоа што оспорената одлука не претставува пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковичќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.