У.бр.267/1992

Уставниот суд на Република Македонија,врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 2 јуни 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА барањето за оценување согласноста на членовите 37 и39 од Правилникот за решавање на станбените односи на ООЗТ “Хераклеа” во Битола, донесен на 15 октомври 1991 година, со Општествениот договор за заеднички критериуми и мерила за решавање на станбените потреби на работниците (“Службен весник на СРМ” бр.11/86).

2. На Уставниот суд на Република Мкедонија, Снежана Милошевска од Битола му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување согласноста на оспорените членови од правилникот означен во точката 1 од ова решение со соответниот општествен договор.

3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека не е надлежен да одлучува по неа, затоа што, согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд не одлучува за меѓусебна согласност на општи акти.

Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точка 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.