У.бр.193/1992

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 став 1 алинеја 3 и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 14 април 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА барањето за оценување законитоста на Статутот на Акционерското друштво во мешовита сопственост – Модна конфекција “Радовишанка” во Радовиш.

2. На Уставниот суд на Република Макдонија му е поднесена иницијатива од Благој Витанов од Радовиш за поведување постапка за оценување законитоста на статутот означен во точката 1 од ова решение, затоа што не бил донесен согласно постапката пропишана со закон.

3. На седницата Судот утврди дека оспорениот статут не е донесен, затоа што на спроведениот референдум од 28 август 1992 година не е усвоен, поради што Судот оцени дека не постојат процесни претпоставки за одлучување по барањето на иницијативата и одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ и д-р Фиданчо Стоев.