Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 24 март 1993 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ОТФРЛА барањето за оценување законитоста на заклучоците бр.09-3105/2, бр.09-2521/9, бр.08-835/10, бр.09-3105/2 и бр.09-2524, донесени од Извршниот совет на Собранието на Општина Радовиш.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Јавното правобранителство од Радовиш му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на актите означени во точката 1 од ова решение, затоа што поранешниот извршен совет неовластено извршил распределба на станови.
3. Разгледуваќи ја иницијативата, Судот утврди дека не е надлежен да одлучува по неа, затоа што оспорените заклучоци се поединечни акти, односно немаат карактер на пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, поради што одлучи како во точка 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.