258/1992-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 3 март 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување законитоста на Одлуката за продажба на становите во општествена сопственост, донесена од Советот на Основното училиште “Никола Карев” во Радовиш, на 17 ноември 1992 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Амди Асан од Радовиш му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што со неа било овозможено стан во општествена сопственост да купи лице кое во сопственост имало куќа, што не било во согласност со закон.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека не е надлежен да одлучува, затоа што оспорената одлука не претставува пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.