225/1991-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 и член 112 став 2 од Уставот на Република Македонија и член 70 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 3 март 1993 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ ПОНИШТУВА измената на Деталниот урбанистички план на станбената заедница бр. 5, во делот што се однесува на КП.бр.4751/3 и КП.бр.4751/4, извршена од Заводот за урбанизам и планирање во Битола, на 26 октомври 1990 година.
2. Оваа одлука ќе се објави во “Службен весник на Република Македонија” и во “Службен гласник на Општина Битола”.
3. Уставниот суд на Република Македонија по повод поднесена иницијатива од Пенка Матовска од Битола, со Решение У.бр.225/92 од 17 септември 1992 година, поведе постапка за оценување законитоста на измената во деталниот урбанистички план, означена во точка 1 од оваа одлука, затоа што се постави прашањето за нејзината согласност со Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање.
4. На седницата Судот утврди дека Собранието на Општина Битола на седницата одржана на 12 јуни 1990 година, донело детален урбанистички план за станбената заедница бр.5 во Битола, според кој працелите на КП.бр.4751/3 и КП.бр.4751/4 биле предвидени како дворни места на објектите на Булевар “1-ви Мај” бр.30 и 30-а во Битола. По донесувањето на деталниот урбанистички план Секретарот за комунални работи, урбанизам, сообраќај и екологија на Општина Битола го известил Засводот за урбанизам и сообраќај во Битола даке во деталниот план за станбената заедница бр. 5 не бил вграден заклучокот на Одборот за урбанизам, донесен при разгледувањерто на Нацрт-планот, оспорените парцели да останат како општествено земјиште, а Заводот за урбанизам, постапувајќи по заклучокот, извршил измена на означените детален план, така што место дворни места се предвидени градежни парцели.
5. Според член 31 од Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање (“Службен весник на СРМ” бр.38/85, 18/89 и 38/90), просторниот и урбанистичкиот план задолжително се ставаат во фазата на нацрт-план на јавна расправа. Според член 37 став 2 од Законот измените и дополнувањата на урбанистичкиот план се вршат на начин и постапка пропишани со овој закон, како за нивното донесување.
Од изнесените законски одредби произлегува дека формирањето на нови парцели претставува измена на планот од поголем обем и тие треба да се донесат од собранието на општината, по постапка пропишана за донесување на планот.
Со оглед на тоа што е извршена измена на деталниот урбанистички план од надлежен орган и без да се спроведе пропишаната постапка, Судот оцени дека извршената измена не е во согласност со означените законски одредби, поради што одлучи како во точката 1 од оваа одлука.
6. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.