У.бр.176/1991

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, на седницата одржана на 3 декември 1992 година, донесе

О Д Л У К А

1.СЕ ПОНИШТУВА Одлуката за употреба на имињата (топонимите) на населените места на територијата на Општина Дебар, донесена од Собранието на Општината Дебар на 18 септември 1991 година.

2. Оваа одлука ќе се објави во “Службен весник на Република Македонија” и во “Службен гласник на Општина Дебар”.

3. Уставниот суд на Република Македонија на седницата одржана на 11 септември 1992 година, со решение У.бр.176/91 поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на одлуката означена во точката 1 од оваа одлука, затоа што се постави прашањето за нејзината согласност со Уставот и со закон.

4. На седницата Судот утврди дека во Одлуката е предвидено називите на населените места на подрачјето на Општината Дебар да се употребуваат и на јазиците на народностите.

Согласно член 7 став 1 од Уставот на Република Македонија, во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Според ставот 2 на овој член во единиците на локалната самоуправа, во кои како мнозинство живеат припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирилското писмо, се и јазикот и писмото на националностите на начин утврден со закон. Во ставот 3 од овој член, е утврдено дека во единиците на локалната самоуправа во кои како значителен број живеат припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирилското писмо, се и јазикот и писмото на националностите, под услови и на начин утврдени со закон.

Според член 114 став 5 од Уставот локалната самоуправа се уредува со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, а според член 116 од Уставот територијалната поделба на Републиката и подрачјата на општините се утврдуваат со закон.

Од наведените уставни одредби произлегува дека во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и дека во единиците на локалната самоуправа, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, во службена употреба е и јазикот и писмото на националностите на начин, односно под услови и на начин утврдени со закон. Според тоа, начинот односно условите и начинот на службената употреба на јазикот и писмото на националностите е прашање кое се уредува со закон во согласност со Уставот, што значи дека општината нема уставно овластување да го уредува ова прашање.
Од изнесените уставни одредби, исто така, произлегува дека и подрачјата на општините, а во тие рамки и нивните називи, како и називите на населените места што влегуваат во постапка пропишана со закон и дека општината не е овластена да ги уредува со свои општи акти ниту овие прашања. Судот утврди дека законите предвидени во наведените уставни одредби не се донесени и дека во примена е Законот за подрачјата на општините во Социјалистичка Република Македонија (“Службен весник на СРМ” бр.2/65, 18/65 и 16/77), во кој се определени подрачјата на општините, седиштата на собранијата на општините и називите на населените места во состав на секоја општина.

Со член 5 став 1 од овој закон е пропишано дека називите на општините и седиштата на општинските собранија можат да се менуваат само со закон, а со ставот 2 на овој член, дека називите на населените места може да ги менува Извршниот совет на Собранието, односно Владата по предлог на собирите на избирачите од соодветното населено место и согласен заклучок на собранието на општината на чие подрачје се наоѓа населеното место.

Согласно член 7 став 1 од Уставот на Република Македонија, во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Според ставот 2 на овој член во единиците на локалната самоуправа, во кои како мнозинство живеат припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирилското писмо, се и јазикот и писмото на националностите на начин утврден со закон. Во ставот 3 од овој член, е утврдено дека во единиците на локалната самоуправа во кои како значителен број живеат припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирислкото писмо, се и јазикот и писмото на националностите, под услови и на начин утврдени со закон.

Според член 114 став 5 од Уставот локалната самоуправа се уредува со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, а според член 116 од Уставот територијалната поделба на Републиката и подрачјата на општините се утврдуваат со закон.

Од наведените уставни одредби произлегува дека во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и дека во единиците на локалната самоуправа, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, во службена употреба е и јазикот и писмото на националностите на начин, односно под услови и на начин утврдени со закон. Според тоа, начинот односно условите и начинот на службената употреба на јазикот и писмото на националностите е прашање кое се уредува со закон во согласност со Уставот, што значи дека општината нема уставно овластување да го уредува ова прашање.

Од изнесените уставни одредби, исто така, произлегува дека и подрачјата на општините, а во тие рамки и нивните називи, како и називите на населените места што влегуваат во состав на секоја општина се определуваат со закон, односно во постапка пропишана со закон и дека општината не е овластена да ги уредува со свои општи акти ниту овие прашања. Судот утврди дека законите предвидени во наведените уставни одредби не се донесени и дека во примена е Законот за подрачјата на општините во Социјалистичка Република Македонија (“Службен весник на СРМ” бр.2/65, 18/65 и 16/77), во кој се определени подрачјата на општините, седиштата на собранијата на општините и називите на населените места во состав на секоја општина.

Со член 5 став 1 од овој закон е пропишано дека називите на општините и седиштата на општинските собранија можат да се менуваат само со закон, а со ставот 2 на овој член, дека називите на населените места може да ги менува Извршниот совет на Собранието, односно Владата по предлог на собирите на избирачите од соодветното населено место и согласно закоучокот на собранието на општината на чие подрачје се наоѓа населеното место.

Од изнесените законски одредби произлегува дека називите на населените места утврдени во изворен облик во законот можат да се менуваат само по постапка пропишана со закон, во која собранието на општината е само еден од учесниците, поради што Судот оцени дека Собранието на Општината Дебар немало ни законско овластување за донесување на оспорената одлука.

Со оглед на изнесеното, Судот оцени дека оспорената одлука не е во согласност со означените уставни и законски одредби, поради што одлучи како во точката 1 од оваа одлука.