47/1992-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 20 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 13 мај 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на член 32 став 1 од Правилникот за станбени односи на Општественото претпријатие “Фустеларко-Борец” во Битола, донесен на 23 јуни 1987 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на член 32 став 1 од правилникот означен во точката 1 од ова решение, затоа што при утврдувањето на основите и мерилата за учество на работниците во распределбата на средствата за лични доходи придонесот на работникот се вреднувал во зависност од процентот на остварениот личен доход над просечното ниво на организацијата во претходната година, што не било во согласност со закон.
3. Судот на седницата утврди дека според став 1 на член 32 од Правилникот придонесот на работникот како основ за учество во распределбата на средствата за заедничка потрошувачка се вреднува во зависност од придонесот на остварениот личен доход над или под просечното ниво на претпријатието во претходната година.
4. Согласно член 52 од Законот за основните права од работниот однос (“Службен лист на СФРЈ” бр.60/80 и 42/90) работниците ги користат средствата за заедничка потрошувачка по основ на распределба според трудот и солидарноста според основите и мерилата утврдени со општ акт односно со колективен договор.
Според член 42 од Законот за станбените односи (“Службен весник на СРМ” бр.36/73, 14/75, 27/86, 21/89 и 1/90) давателот на стан на користење, во согласност со општиот акт за давање стан на користење, ги утврдува условите и начинот за давање станови на користење.
Со оглед на тоа што со оспорената одредба од Правилникот давателот на станот на користење предвиделе учество на работниците во распределбата на средствата за заедничка потрошувачка по критериумот работен придонес, во зависност од процентот на остварениот личен доход над или под просечното ниво на претпријатието од претходната година, Судот утврди дека со општиот акт се разработени критериумите за учество на работниците во распределбата на средствата за заедничка потрошувачка по основ на трудот и начинот на вреднувањето на тие критериуми, поради што оцени дека оспорената одредба од Правилникот не е во несогласност со закон.
Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.