Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, на седницата одржана на 6 мај 1992 година, донесе
О Д Л У К А
1. СЕ УКИНУВА Одлуката за дополнување на дел од Деталниот урбанистички план на град Кочани помеѓу ул.”Мишо Арсов” и ул.”Македонска”, донесена од Собранието на Општината Кочани на 1 ноември 1990 година.
2. Оваа одлука ќе се објави во “Службен весник на Република Македонија” и во “Службен гласник на Општина Кочани”.
3. Уставниот суд на Република Македонија, со Решение У.бр.152/91 од 26 февруари 1992 година, поведе постапка за оценување законитоста на оваа одлука, затоа што се постави прашањето за нејзината согласност со закон.
4. Судот на седницата утврди дека Собранието на Општината Кочани не дало образложение за неприфатените забелешки од јавниот увид и јавната расправа по нацртот на планот.
5. Согласно член 33 од Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање (“Службен весник на СРМ” бр.35/85) собранието на општината ги разгледува мислењата и забелешките од јавниот увид и јавната расправа по нацртот на планот и за неприфатените забелешки дава образложение.
Согласно измената на член 33 од Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање (“Службен весник на СРМ” бр.38/90) мислењата и забелешките од јавниот увид и јавната расправа по нацртот на планот ги разледува органот на управата надлежен за урбаниза кој, со предлогот на планот, му доставува на Собранието образложение за неприфатените забелешки.
Со оглед на тоа дека Собранието на Општина Кочани не дало образложение за неприфатените забелешки од јавната расправа по нацртот на планот, на што го обврзува и измената на овој закон, Судот оцени дека оспорената одлука не била донесена во постапка пропишана со закон, поради што одлучи како во точката 1 од оваа одлука.