59/1992-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 20 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 15 април 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето Уставниот суд да заземе и објави правно стојалиште за примена на Уставот на Република Македонија.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива во која се бара Судот да заземе и објави правно стојалиште за примена на Уставот на Република Македонија, во преодниот период.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека, согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд не е надлежен да постапува по наводите во иницијативата, односно да утврдува начелни правни стојалишта за примена на Уставот на Република Македонија, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.