159/1991-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 20 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Република Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 1 април 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето за оценување уставноста и законитоста на Одлуката на Адвокатската комора на Македонија за утврдување висината на членарината на адвокатите членови на Комората и на уписниот влог за запушување во Именикот на адвокатите, донесена од Собранието на Комората на 23 февруари1991 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонја му е поднесена иницијатива со барање за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што предвидувањето на уписницата како услов за запишување во именикот на адвокатите и квалификувањето на неплаќањето на членарината како дисциплински престап, кој повлекувал со себе забрана на обавување на адвокатската дејност, не било во согласност со Устав и со закон.
3. Судот на седницата утврди дека со оспорената одлука се утврдува висината на членарината и висината на уписниот влог, и начинот на нивната распределба меѓу Адвокатската комора на Македонија и соодветната основна адвокатска комора во извршувањето на соодветните одредби од статутот на Комората.
Со оглед на тоа дека оспорената одлука не содржи општи норми на донесување односно не ги уредува односите на општ начин, Судот смета дека таа нема карактер на општ правен акт во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, поради што оцени дека не е надлежен да одлучува за нејзината уставност и законитост.
Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.