228/1991-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 20 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Република Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 19 февруари 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето за оценување уставноста и законитоста на Одлуката бр.19, донесена од Претседателството на Општинскиот сојуз на фозачите во Радовиш на 11 декември 1991 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива за поведување постапка за оценувањеуставноста и законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што со неа било предвидено за користење на полигонот за обука и полагање на возачки испити од кандидатите да се наплатува надоместок, што било во несогласност со закон, затоа што полигонот бил изграден од средства на самопридонес.
3. На седницата Судот утврди дека полигонот претставува средство за работа на Сојузот на возачите, поради што одлуката има карактер на акт на работење на Сојузот, за чија законитост, согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија не е надлежен да одлучува.
Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.