227/1991-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 12 став 1 алинеја 1 и член 20 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Република Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 5 февруари 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето за преиспитување законитоста на Одлуката за утврдување на општ интерес за изградба и проширување на фудбалско игралиште во село Ботун, донесена од Собранието на Општина Охрид на 24 септември 1986 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива за преиспитување на одлуката означена во точка 1 од ова решение и за решавање на судир на наслежност помеѓу Уставниот суд на Република Македонија и Врховниот суд на Македонија.
3. На седницата Судот утврди дека, со Решение У.бр.55/90, ја оценувал оспорената одлука, а по повод на иницијативата не наоѓа основ за поинакво одлучување.
Исто така, Судот утврди дека Врховниот суд на Македонија по тужба на подносителот не се огласил за ненадлежен, туку, согласно член 9 од Законот за управните спорови (“Службен лист на СФРЈ” бр.7/77 и 36/77), ја отфрлил тужбата како недозволена.
Со оглед на тоа, Судот оцени дека во случајов не се работи за судир на надлежност, затоа што и овој Судо и Врховниот суд на Македонија одлучувале во рамките на својата надлежност, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.