161/1991-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 14 став 1 алинеја 1 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Република Македонија, и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 29 јануари 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување законитоста на Одлуката за придонесот за користење градежно земјиште, донесена од Собранието на Општината Радовиш на 21 февруари 1989 година, со измени и дополнувања од 13 април 1990 година и 3 јули 1991 година.
2. Уставниот суд на Република Македонија, со Решение У.бр.161/91 од 30 октомври 1991 година, поведе постапка за оценување законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што со неа се утврдени други намени од намените на средствата од надоместокот утврдени во Законот за градежното земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр.10/79, 17/79, 37/80, 18/89 и 21/91).
3. Во текот на постапката Собранието на Општината Радовиш достави Одлука за придонесот за користење на градежно земјиште, донесена на 30 декември 1991 година, според која престанува да важи оспорената одлука. Според член 3 од оваа одлука придонесот за користење на градежното земјиште се наменува за финансирање на изградбата на комунални објекти и инсталации на подрачјето на Општината и за учество во трошоците за оидржување на тие објекти според Програмата за уредување на градежното земјиште.
4. Со оглед на тоа што оспорената одлука престанала да важи, а со новодонесената одлука се утврдуваат намените за користење на надоместокот за употреба на градежно земјиште определени со закон, Судот смета дека на тој начин е извршено усогласување на оспорениот акт со законот.
Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.