На покана на претседателот на Уставниот суд на Република Турција г-дин Зухту Арслан, делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Судот г-ѓа Елена Гошева, од 27 до 30 април 2015 година, престојуваше на одбележувањето на 53-та Годишнина од постоењето на Уставниот суд на Турција. По тој повод беше одржан Меѓународен симпозиум на тема „Оценување на одлуките по уставната жалба – предизвици и правни лекови“.
За време на посетата учесниците беа примени и од претседателот на Република Турција г-дин Реџеп Таип Ердоган кој во претседателска палата приреди свечен ручек за гостите и судиите на Уставниот суд на Турција.