По интерес на повеќе медиуми, во врска со предметите кои се водат во Уставниот суд, а во кои се оспорени одредби поврзани со платеното политичко рекламирање опфатени во Изборниот законик, Судот информира:
Предметите У.бр.144/2025 и У.бр.145/2025 ќе бидат разгледувани на седница закажана за 8 јули 2026 година.
Предметот У.бр.144/2025 е оформен по поднесена иницијатива од страна на Политичка партија „Левица” на 02.10.2025 година, додека предметот У.бр.145/2025 е оформен по поднесена иницијатива од политичка партија „Демократи”, на 03.10.2025 година.. Со оглед на фактот дека и во двете иницијативи се бара да се оцени уставноста на исти одредби од ист закон, согласно член 25 од Актот на Судот, се води единствена постапка и ќе биде донесена една одлука. Имено, оспорени се членовите 75-ѓ, 76-д, 78 и 78-а од Изборниот законик кои се однесуваат на платеното политичко рекламирање во медиумите.
