Денеска Уставниот суд ја одржа 9. Седница на која го одлучи следното:
I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ
1.Реферат У.бр.155/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 43 став 1 во делот: „на стариот корисник на дивечот во ловиштето или“ и член 45 став 3 од Законот за дивечот и ловството („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 263/2023, 170/2024 и 132/2025).“
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
2. Реферат У.бр.169/2025
Судот ја запре постапката за овој предмет по повлекување на иницијативата од страна на подносителот.
Оспорен акт: член 21 став 24 од Законот за спорт („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/2002, 66/2004, 81/2008, 18/2011, 51/2011, 174/2011-автентично толкување, 64/2012, 148/2013, 187/13, 42/2014, 138/2014, 177/2014, 72/2015, 153/2015, 6/2016, 55/2016, 61/2016, 106/2016 и 190/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 52/2019-автентично толкување, 98/2019, 244/2019, 53/2024, 74/2024, 170/2024 и 59/2025).“
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
3. Реферат УЗ.бр.51/2025
Судот по сопствена иницијатива поведе постапка за оценување на уставноста на член 78-љ од Законот за култура („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/1998, 49/2003, 82/2005, 24/2007, 15/2008, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 265/24 и 132/2025).
Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 16/2020 и 21/2020) склучен на 30.12.2019 година, во целина.
Подносител на иницијативата: Томислав Стефков, адвокат
4. Реферат УЗ.бр.45/2024
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за утврдување на висината на цената за собирање и транспортирање на комуналниот и индустрискиот неопасен отпад на територијата на Општина Велес бр.25-2818/4 од 15.06.2023 година на Општина Велес; објавена во „Службен гласник на Општина Велес“ бр.10/2023 од 16.06.2023 година).
Судот ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на
Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за утврдување на висината на цената за собирање и транспортирање на комуналниот и индустрискиот неопасен отпад на територијата на Општина Велес бр.25-1145/5 од 24.02.2023 година на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.3 од 27.02.2023 година);
-Заклучокот за објавување на Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за утврдување на висината на цената за собирање и транспортирање на комуналниот и индустрискиот неопасен отпад на територијата на Општина Велес бр.08-1170/26 од 27.02.2023 година на Советот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.3 од 27.02.2023 година) и
-Заклучокот за објавување на Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за утврдување на висината на цената за собирање и транспортирање на комуналниот и индустрискиот неопасен отпад на територијата на Општина Велес бр.08-2840/3 од 16.06.2023 година на Советот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.10/2023).
Подносител на иницијативата: Друштво за шпедиција,транспорт,промет и услуги ДАЧО-КОМЕРЦ 95 Зафирова Елена ДООЕЛ експорт-импорт Велес и други преку полномошник Грозданчо Сутинов
5. Реферат УЗ.бр.50/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 4 ставови 2 и 4 од Правилникот со кој се утврдуваат стручните и научните називи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.125/2023 и 194/2023).“
Подносител на иницијативата : Адвокатско друштво Алексов, Мемиши и партнери Скопје
6. УЗ.бр.38/2025
Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Упатството за уредување на постапката при решавање на барање за одобрение за сеча во приватна шума број 02-958/1 од 23.10.2015 донесено од директорот на ЈП „Национални шуми“ – Скопје.“
Подносител на иницијативата: Здружение на граѓани „Засегнати сопственици на недвижен имот” Берово преку претседателот Бранко Скендероски
II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА
- Реферат БЗСП бр.21/2025
Судот го отфрли барањето на Амар Мециновиќ за заштита на слободите и правата во смисла на член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија.“
Според барањето доставено до Судот, подносителот наведува дека бил дискриминиран од страна на Државната изборна комисија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, бидејќи му било ускратено правото на фер третман во предизборната кампања. Според неговите наводи, не му бил обезбеден еднаков третман, што се манифестира преку нееднаков пристап до медиумите и повреда на уставното право на примање и пренесување информации. Со тоа, според подносителот, е извршена директна дискриминација, повреда на принципите на рамноправност и еднаквост, како и нанесување материјална штета на кандидатот.
Меѓутоа, во своите наводи подносителот не доставил информации ниту докази од кои може да се утврди дека ги исцрпил сите редовни и вонредни правни лекови, согласно член 53 став 3 од Актот на Судот.
Во претходната постапка, Судот се обрати до Основниот граѓански суд Скопје со барање за доставување податоци дали лицето Амар Мециновиќ има поднесено тужба за утврдување дискриминација. Од добиените информации, Уставниот суд беше известен дека за конкретното лице нема заведено тужба, ниту се води постапка по наведениот основ.
Тргнувајќи од наведеното, Судот оцени дека се исполнети условите од член 38 алинеја 3 од Актот на Уставниот суд за отфрлање на барањето.
2. БЗСП.бр.22/2025
Судот да го отфрли барањето на Кузман Цилков од Скопје, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот кои што се однесуваат на забраната на дискриминација по основ на социјална припадност.
Ваквото барање ги надминува надлежностите на Уставниот суд кој постапува по барање за заштита на слободи и права од член 110 алинеја 3 од Уставот, и заштита од дискриминација, но по претходно исполнети процесни претпоставки за таа цел, што во конкретниот случај, според нас, не се исполнети. Треба да се има предвид дека истакнувањето на барање за заштита на слободи и права и заштита од дискриминација, директно пред Уставниот суд, без претходно постапување на надлежни органи, се однесува на случаите кога за сторените повреди со поединечен акт или дејство на државни органи, органи на единиците на локалната самоуправа, или друг субјект што врши јавни овластувања, не се предвидени или кога не постојат други ефикасни правни средства за нивна заштита.
Кога станува збор за остварувањето на човековите права и слободи, со Законот за спречување и заштита од дискриминација е обезбедено ефикасно правно средство како што е тужба за заштита од дискриминација пред надлежен суд, пред кој секој може да добара заштита во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност.
Врз основа на наведеното сметаме дека во конкретниот случај се исполнети условите од член 38 алинеи 1 и 3 од Актот на Уставниот суд за отфрлање на барањето.
III. ПРЕДЛОГ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКА
У.бр.21/2025 и У.бр.52/2025
Судот го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.39/2026).