Соопштение по одржаната 8. седница на Уставниот суд

Денеска Уставниот суд ја одржа 8. седница со Дневен ред на кој се дискутираше по пет предмети за оценување на уставност и на законитост и го одлучи следното:

I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ

1. Реферат У.бр.241/2024

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на членовите 1, 2, 4 и 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.208/2024).

Подносител на иницијативата: Тони Јакимовски

2.Реферат У.бр.83/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на членовите 4-а, 4-б, 5, 5-а, 6, 6-а, 7 и 8 од Законот за технолошки индустриски развојни зони („Службен весник на Република Македонија” бр.14/2007, 103/2008, 130/2008, 139/2009, 156/2010, 127/2012, 41/2014, 41/2014, 160/2014, 72/2015, 129/2015, 173/2015, 192/2015, 217/2015, 30/2016, 83/2018 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.13/2023, 59/2025 и 154/2025).

Подносител на иницијативата: Стопанска комора на Северо-Западна Македонија застапувана од Менди Ќура

3. Реферат У.бр.118/2025

Поради испитување на дополнителни околности предметот беше повлечен од Дневен ред за некоја од наредните седници. 

Оспорени одредби: Член 34 став 1 алинеја 1 од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија” бр. 58/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.96/2019) и член 3 став 1 точка 5, член 24 став 2 алинеја 3, како и член 69 точка 4 во делот „Жалбата не е дозволена против пресуда со која поединечниот управен акт е поништен или е прогласен за ништовен и предметот е вратен на повторно постапување на јавниот орган„ од Законот за управни спорови („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.96/2019).

Подносител на иницијативата:  Адвокат Бранко Радојчиќ

4. Реферат У.бр.156/2025

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на Член 18 став 5 во делот „во согласност со закон” од Законот за вештачење („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.154/2023).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

5. Реферат У.бр.107/2025

Поради испитување на дополнителни околности предметот беше повлечен од Дневен ред за некоја од наредните седници. 

Оспорени одредби: Член 64 став 7, член 96 став 2 алинеја 1, член 97 став 1 и член 120 став 1 од Законот за вработените во Министерството за одбрана („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 53/2024).

Подносител на иницијативата: Николче Мушаревски

6. Реферат У.бр.138/2025

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 17 ставови 1 и 2 во делот „на судија” од Законот за Академија за судии и јавни обвинители.(„Службен весник на Република Северна Македонија” бр.129/2023 и 53/2024).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

7. Реферат У.бр.159/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на делот „може да воведува и други финансиски инструменти доколку кај истите со подзаконски акт” од член 28 став 2 од Законот за иновациска дејност, научно-технолошки развој и претприемништво („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.154/2025 и 192/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

8. Реферат У.бр.162/2025

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 39 став 3 во делот „нема” од Законот за дивечот и ловството („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.263/2023, 170/2024 и 132/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев