По повод одбележувањето на значајната 62 годишна традиција на Уставниот суд, кој 15 февруари 1964 година прв пат почна со работа,Судот ги повикува сите заинтересирани граѓани на редовни средби со претседателот д-р Дарко Костадиновски. Средбите, ќе се одржуваат секој прв четврток во месецот.
Целта на овие средби е да се приближи работењето на Уставниот суд до граѓаните, да се подигне свеста за уставно загарантираните права, како и да се објасни начинот на правилно поднесување на поднесоци до Судот. Ова е уникатна можност секој граѓанин одблизу да се запознае со надлежностите, постапките и значењето на одлуките на Уставниот суд во заштита на правата и слободите на сите граѓани.
Сите заинтересирани можат да се пријават за учество на следните електронски адреси: gragani@ustavensud.mk и на телефонскиот број +389 2 322 3626.
Приклучете се и искористете ја оваа прилика за директен контакт со претседателот на Уставниот суд и подобро разбирање на улогата на Судот во заштита на вашите права!