Уставниот суд денеска(04.02.2026) ја одржа 3. седница на која дискутираше по десет предмети во кои е оспорена уставноста и законитоста и гласаше по една Нацрт-одлука.
1. Реферат У.бр.232/2024
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 16 , член 13 став 1 и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.194/2024).
Подносители на иницијативата: Даниела Бочварска, Кристијан Чушков, Весна Илиева Лубуриќ, Фидан Јусуфи, Јетмир Љика, Виктор Бубевски
2. Реферат У.бр.16/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за финансиските друштва („Службен весник на Република Македонија” бр.158/2010, 169/2010, 53/2011, 112/2023, 153/2015, 23/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.173/2022 и 154/2023) и Правилник за начинот на вршењето на надзорот над работењето на финансиските друштва („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.107/2024).
Подносител на инцијативата: Александра Илиева-Милчова, адвокатка
3. Реферат У.бр.32/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста во делот „фактичката состојба се утврдува врз основа на наод, оцена и мислење на Комисијата за оцена на работна способност“ од член 130 став 1 од Законот за пензинското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/2012, 166/2012, 15/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 27/2016, 120/2016, 132/2016, 35/2018, 220/2018, 245/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.180/2019, 275/2019, 31/2020, 267/2020, 67/2022, 79/2023, 193/2024, 75/2025 и 154/2025);
-Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и на законитоста на
делот „договор на дело“ од член 5 став 1 од Правилникот за организацијата, составот и начинот на работата на Комисијата за оцена на работната способност („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.142/2021 и 278/2023);
-Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на „гарантирана минимална помош“ од член 2 став 3, член 3 став 2,член 12 став 4, член 20 став 1, член 28 став 1, член 34 став 3 и член 39 од Правилникот за организацијата, составот и начинот на работата на Комисијата за оцена на работната способност („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.142/2021 и 278/2023).
– Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на „гарантирана минимална помош“ од насловот пред член 20 став 1, член 22 и член 28 од Правилникот за организацијата, составот и начинот на работата на Комисијата за оцена на работната способност („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.142/2021 и 278/2023).
-Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на делот „65 години” од член 23 точка 20, член 28 став 1 од од Правилникот за организацијата, составот и начинот на работата на Комисијата за оцена на работната способност („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.142/2021 и 278/2023).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
4. Реферат У.бр.53/2025
Поради недоволно мнозинство при гласањето, овој предмет останува отворен за некоја од наредните седници
Содржина на оспорената одредба:
Во именикот на адвокатите може да се запише лице кое ги исполнува општите услови за основање на работен однос во органите на државната управа, кое ужива углед и е достојно за вршење адвокатска дејност и ги исполнува следните услови:
- да не му престанала функцијата судија, јавен обвинител, државен правобранител или заменик, народен правобранител или заменик, избран или именуван функционер, односно да не му престанал работниот однос како државен службеник, нотар, заменик или помошник нотар, извршител или заменик извршител со конечна одлука во судска, дисциплинска или друга постапка со која е утврдена одговорност во вршење на функцијата односно службата додека не поминат пет години од конечноста на одлуката.
Подносител на иницијативата: Атанасов Таско
5. Реферат У.бр.56/2025
Судот не поведе постапка за оценување на член 71 став 1 точка б од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија” бр. 72/2016, 142/2016, 233/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 14/2020 и 154/2023).
Подносител на иницијативата: Славица Крстевска
6. Реферат У.бр.60/2025, У.бр.61/2025 и У.бр.62/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 став 2 во делот „врши прием и стручно усовршување на кандидатите”, член 50 став 1 во делот „до избор за судија или јавен обвинител”, став 3 во делот „правата и обврските” и став 4 во делот „се распоредуваат на работа” и член 60 став 2 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Северна Македонја” бр. 129/2023 и 53/2024).
Подносител на сите иницијативи: Игорчо Точев
7.Реферат У.бр.22/2026
Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 14 во делот „претседател на уставниот суд на Република Македонија и” и член 15 во делот „судија на уставниот суд на Република Македонија,” од законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија)” бр.36/1990 и „Службен весник на Република Македонија” бр.44/1990, 11/1991, 38/1991, 23/1997, 37/2005, 84/2005, 121/2007, 161/2008, 92/2009, 42/2010, 97/2010, 162/2010, 11/2012, 145/2012, 170/2013, 139/2014, 45/2013 и 233/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.51/2023, 65/2023, 51/2024 и 272/2024″.
Судот одлучи да испрати известување до Собранието и одреди 60 дена рок за да се извршат измени и дополнувања на оспорените одредби, во согласност со правните стојалишта во Решението за поведување на постапка.
Подносител на иницијативата: Уставен суд на Република Северна Македонија
8. Реферат УЗ.бр.29/2025
Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за усвојување на барање поднесено од ДПТТУ „НИКО-ЕМ компани 2002″ донесена од Совет на Општина Старо Нагоричане бр.08-9/89 од 25.03.2025 година („Службен гласник на Општина Старо Нагоричане” бр.5/2025).
Подносител на иницијативата:Друштво за сообраќај, туризам и услуги ЈОЦО-ТУРС МС ДОО увоз-извоз Куманово, застапувано од управител Славица Јанчиќ
9.Реферат УЗ.бр.31/2025
Судот поведе постапка за оценување на Програма за празници и одбележување на јубилејни настани и значајни датуми во Општина Кичево за 2025 година број 08-125/7 од 23.01.2025 година донесена од Советот на Општина Кичево
10.Реферат УЗ.бр.14/2025
Судот не поведе постапка за оценување на Член 15 во делот „или посебен акт на работодавачот” од Општиот колективен договор за јавниот сектор („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.154/2023).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО НАЦРТ-ОДЛУКА
11.У.бр.160/2024
Судот го укина член 9 во делот „толкување и“ од Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите („Службен весник на Република Македонија“ бр.23/1993, 20/2005, 22/2008, 153/2008, 147/2009, 164/2010, 35/2011, 122/2016, 126/2016 и 13/2017 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.189/2019, 262/2019, 27/2020, 75/2020 и 41/2023).