Во текот на август 2025 година во Уставниот суд се оформени 33 нови предмети. 23 се формирани по поднесени иницијативи за оценување на уставност, во 9 се бара отворање на постапки за преиспитување на уставност и законитост и едно барање е поднесено за заштита на слободите и правата.
ПРЕДМЕТИ ВО КОИ Е ОСПОРЕНА УСТАВНОСТА
1. У.бр.96/2025
Оспорен акт: Член 2 од Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување
Подносител на иницијативата: Сузана Московска и група граѓани
Од наводите во иницијативата:
Подносителите на инцијативата наведуваат дека со оспорениот член се суспендира примената на член 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување во периодот од 1 септември 2025 година до 31 март 2026 година и дека пензиите се усогласуваат линеарно, со ист износ за сите пензионери, без оглед на уплатените придонеси, висината на пензијата или стажот. Подносителите тврдат дека со оспорениот член се предизвикува чувство на несигурност кај граѓаните и се нарушува правото на сопственост. Се тврди дека нарушен е принципот на еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите, бидејќи на сите пензионери им се покачува пензијата за иста сума, без оглед дали некој работел 15 години друг 40 и сл. Според наводите, со овој член се оштетени пензионерите со повисоки пензии бидејќи добиваат помало зголемување и покрај тоа што имале подолг стаж или повисоки плати а со тоа внесувале поголема сума во пензискиот фонд.
2. У.бр.97/2025
Оспорен акт: Член 2 од Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување
Подносител на иницијативата: Јадранка Мршиќ и Тито Беличанец
Од наводите во иницијативата:
Подносителите наведуваат дека оспорениот член дека не е во согласност со член 8 став 1 алинеи 1,3,6,8,11 член 9,член 30, член 34, член 54 и член 118. Се тврди дека правото на индивидуален пораст на плата и инфлацијата во висина која ги следи економските параметри е уредено со членот 37 во Законот, а од друга страна оспорениот член 2 ја суспендира примената на член 37. Подносителите наведуваат дека пензиите и платата не се подарок од државата туку стекнати права во согласност со начинот на вложување, должината на плаќање придонеси и износот на уплатите, односно основицата.
3. У.бр.98/2025
Оспорен акт: Член 2 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
Од наводите во иницијативата:
Според наведеното во иницијативата, нема доволно јасни причини во законските измени со кои се исклучува од примена една одредба, спротивно на уставното начело на владеењето на правото.
4. У.бр.99/2025
Оспорен акт: Делот „во рок од 30 дена” од членот 31 став 10 и делот „во рок од 30 дена” од членот 31 став 24
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
Од наводите во иницијативата:
Подносителот тврди дека со оспорените одредби се пропишуваат поинакви рокови за одлучување кои во Законот за управните спорови ги пропишува и според наводите, тоа е во спротивност со владеењето на правото уредено со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.
5. У.бр.100/2025
Оспорен акт: Делот „Надоместок за работа” и „45%” oд член 31 став 21 и делот „висината на надоместокот” од членот 31 став 22 од Законот за здравствено осигурување
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека оспорените делови не се во согласност со владеењето на правото уредено со член 8 став 1 алинеа 3 од Уставот, бидејќи се проблематизира нивната примена во правниот промет.
6. У,бр.101/2025
Оспорен акт: Член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
Од наводите во иницијативата:
Подносителот тврди дека оспорената измена на Законот не е конзистентно и примената на одредбата која се изменува или дополнува е беспредметно и доведува до забуна во примената.
7.У.бр.102/2025
Оспорен акт: делот „раководно” од член 105-а став 2 точка 4 од Законот за домување
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
Од наводите во иницијативата:
Во иницијативата се наведува дека оспорениот дел во иницијативата упатува дека не е во согласност со делот од членот 32 од Уставот кој уредува дека секому, под еднакви услови му е достапно секое работно место. Се тврди дека со пропишувањето на оспорениот дел се ограничува можноста на секој друг вработен кој ја немал привилегијата да биде на раководно место да не може да се пријави на евентуалниот оглас за претседател, односно член на Регулаторната комисија за домување.
8. У.бр.103/2025
Оспорен акт: Член 29 став 5 од Законот за рибарство и аквакултура
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
Од наводите во иницијативата:
Подносителот тврди дека оспорените одредби ја разнишуваат правната сигурност бидејќи, според него постои правна празнина која може да се користи на арбитререн начин, што не е во согласност со начелото на владеењето на правото и член 8 од Уставот.
9. У.бр.104/2025
Оспорен акт: Член 9, 10 и 25 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење, објавен во „Службен весник ” бр.87 од 29.04.2025 година.
Подносител на иницијативата: Химет Лимани
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека со членот 9 е избришан членот 62 во кој е регулирано дека надлежниот орган што го носи одобрението за градење е должен во рок од 3 дена од денот на донесувањето на одобрението за градење да ги извести непосредните соседи на градежната парцела со кои се донесува одобранието за градење дека во рок од 15 дена од денот на издавањето на одобрението можат да извршат увид во документацијата. Се тврди дека со оспорените одредби настануваат несогледливи последици за сите кои досега биле учесници во управната постапка, во управните спорови, бидејќи со даденото одобрение за градба, извршениот премер на лице место, габаритот на новиот објект навлегува во туѓа сопственост, но иако засегнат и оштетен како непосреден сосед, се губи правото на жалба и оспорување на градбата.
10. У.бр.105/2025
Оспорен акт: Член 18 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидско осигурување и член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување(„Службен весник на Република Северна Македонија” бр.193/2024).
Подносител на иницијативата: Народен правобранител на Република Северна Македонија
Од наводите во иницијативата:
Народниот правобранител поднесе иницијатива во име на граѓани кои сметаат дека со суспендирањето на членот 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, а со тоа и на пропорционалната пресметка на пензиите се повредува Уставот и гарантираните права на еднаквост и недискриминација. Се наведува дека Уставниот суд треба да прекине дискриминациската пракса од страна на Собранието, за носење на амандманските измени на законите, кои според него не само што се неуставни, туку влијаат негативно и врз довербата на граѓаните во целокупниот судски систем и правната држава.
11. У.бр.106/2025
Оспорен акт: Член 2 од Законот за изменување и дополнување на пензиското и инвалидското осгурување („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.154 од 29.07.2025)
Подносител на иницијативата: Темелко Ристески
Oд наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека со оспорениот член се воведува линеарно усогласување на пензиите, за сите пензионери, без оглед на висината на пензијата, стажот или уплатените придонеси. Се тврди дека со овој член се повредени повеќе одредби од Уставот меѓу кои и членот 8 став 1 алинеи 1,3,6 и 8, кои се однесуваат на владеењето на правото, правната заштита на сопственоста, социјалната правда, член 9 кој ја заштитува еднаквоста на граѓаните, членот 30, кој го уредува правото на сопственост итн. Подносителот наведува дека правото на социјално осигурување е загарантирано уставно право кое не значи само исплата на некој надомест, туку правично, достоинствено и редовно приспособливо пензиско примање во согласност со потребата од одржување на квалитетен животен стандард.
12.У.бр.107/2025
Оспорен акт: Став 7 од членот 64, алинеја 1 од став 2 на член 96, став 1 од член 97 и став 1 од член 120 од Законот за вработени во Министерството за одбрана („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.53/2024).
Подносител на иницијативата: Николче Мушаревски
Oд наводите во иницијативата:
Меѓу наводите има тврдења дека со оспорените одредби се пропишува оценувањето на вработените во Министерството, која укажува на квалитетот, посветеноста на вработенитеот при извршување на работните задачи, но се тврди дека не е дадена можност на вработениот да поднесе жалба или приговор против одлуката на овластениот одбор со што се ускратува можноста за заштита на евентуално повредените права.
13.У.бр.108/2025
Оспорен акт: Член 2 став 2 од Законот за измена на Законот за пензиското и инвалидското осигурувае
Подносител на иницијативата: Eмил Јанчевски
Од наводите во иницијативата:
Се тврди дека оспорената одредба го дерогрира начелото на владеење на правото како темелна вредност на уставниот поредок бидејќи е занемарена основната логика на пензискиот систем, секој да добие во зависност од тоа колку има придонесено. Според подносителот, наведената одредба е дискриминаторска, а линеарното усогласување ја нарушува пропорционалноста при утврдување на пензијата.
14.У.бр.109/2025
Оспорен акт: Закон за наследување
Подносител на иницијативата: Димитар Шулевски
Од наводите во иницијативата: Подносителот наведува дека терминот „брачен другар” е рестриктивно толкуван, при што во пракса се јавува нееднаквост меѓу брачен и вонбрачен другар и неуставно му се одзема уставното право на наследување на починат другар од вонбрачната заедница.
14. У.бр.110/2025
Оспорен акт: Член 4, член 6 и член 2 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување(„Службен весник на Република Северна Македонија ” бр.114/2025)
Подносител на иницијативата: Mентор Јакупи преку полномошник Тамара Велковска
Од наводите во иницијативата:
Подносителот, меѓу другото оспорува и дека Собранието при носењето на оспорениот Закон, го довел во прашање член 52 став 3 од Уставот. Се наведува дека без никакво образложение за причините за скратување на уставно утврдениот vacatio legis се донесени измените. Во иницијативата се тврди дека со донесувањето на законските измени повредена е забраната за ретроактивно/повратно важење на законите.
15. У.бр.111/2025
Оспорен акт: Член 186 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија
Подносител на иницијативата: Kире Батев
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека со оспорениот закон е направена дискриминација на пензионерите кои живеат во странство а не им се исплаќа линеарното усогласување на пензиите. Дополнително, тој тврди дека целиот работен век го остварил во Македонија и поради лични причини живее со децата во странство, за што наведува дека социјалното и пензиско осигурување редовно го уплаќал во матичната држава .
16. У.бр.112/2025
Оспорен акт: Член 37 став 1 во делот „родено на територијата на Република Северна Македонија” од Законот за заштита на децата
Подносител на иницијативата: Кирил Михајловски
Од наводите во иницијативата:
Подносителот тврди дека со оспорените одредби се прави дискриминација врз децата кои се родени надвор од Македонија, а има стекнато македонско државјанство, бидејќи не може да ги ужива истите права како децата кои се родени на територијата на Република Северна Македонија.
17. У.бр.113/2025
Оспорен акт: Член 176 став 2 од Законот за заштита на децата
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека одредбата се однесува на овозможување надоместок кој им следува на членови на комисија за издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценца за работа на лица кои се заинтересирани да се вклучат во системот за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст, на директори на уставнови за деца и на лица вклучени во системот за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. Тој тврди дека сите наведени функции кои се однесуваат на згрижување и на воспитување на деца се дел од управната функција на органот и членувањето на лицата во Комисијата, според него не е нешто што е надвор од редовните функции на органот, па затоа може да се доведе во сомнеж согласноста на оспорениот член со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.
18. У.бр114/2025
Оспорен акт: Член 31 од Правилата за снабдување со електрична енергија од и став 2, членот 185 и став 4 од член 185 во делот „особено во случај кога пресметката не е изготвена согласно реалната потрошувачка” од Законот за енергетика.
Подносител на иницијативата: Дениз Мустафаоглу
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека во пракса не се применува членот 185. СПоред него, Правилата за снабдување со електрична енергија овозможуваат фактурирање врз основа на „проценета состојба” , што според него е токму во спротивност со членот 185 кој наложува сметките да се базираат на реална, фактичка потрошувачка, утврдена со мерниот уред. Се тврди дека ЕВН Хоум во фактурите кои ги издава на потрошувачите продолжува со праксата на проценето фактурирање.
19. У.бр.115/2025
Оспорен акт: Член 2 од Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување
Подносител на иницијативата: Драги Ѓошевски
Од наводите во иницијативата:
Подносителот тврди дека со линеарното усогласување на пензиите се поткопува довербата во пензискиот систем и се нарушува принципот на партиципативно усогласување кој според него е основен за придонесениот пензиски систем и секое несоодветно усогласување е фактичко намалување на пензиите. Се тврди дека се создава префрлување на товарот врз повисоките пензии со што се нарушува правото на сопственост и дека се прави преседан за идни суспензии на правата на усогласување.
20. У.бр.116/2025
Оспорен акт: Член 2 од Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување
Подносител на иницијативата: Мирослав Петровски
Од наводите во иницијативата:
Подносителот, меѓу другото тврди дека оспорениот член предизвикува неповратна штета врз правата на над 300 000 пензионери(повеќе од 92% од вкупниот број на пензионери) како и неуставна дискриминација и повреда на правото на сопственост. Според наводите, се нарушува владеењето на правото како темелна вредност у се врши дискриминација врз одредена категорија.
21. У.бр.117/2025
Оспорен акт: Член 147, став 2 и став 4 од член 148 од Законот за служба на Армијата на Република Северна Македонија
Подносител на иницијативата: Мултиетнички синдикат Скопје
Од наводите во иницијативата:
Подносителот тврди дека се повредува принципот на правна сигурност преку оспореното изменување со кои се заменува минималната плата со систем на плата изразен преку бодови, а вредноста на бодот се утврдува со решение на министерот за одбрана. Дополнително, се наведува дека оспорените одредби даваат дискреционо право без контрола на министерот, за произволно да го одредува бодот, во отсуство на законски дефинирани критериуми.
22. У.бр.118/2025
Оспорен акт: Член 34 став 1 алинеја 1, член 3 став 1 точка 5, член 24 став 2 алинеја 3 и член 69 точка 4 во делот „Жалбата не е дозволена против пресуда со која поединечниот управен акт е поништен или е прогласен за ништовен и предметот е вратен на повторно постапување на јавниот орган” од Законот за судовите.
Подносител на иницијативата: Адвокат Бранко Радојчиќ
Од наводите во иницијативата:
Се тврди дека со оспорените одредби се создава системски ризик за уставнинот поредок пореди несоодветна и уставно неиздржана надлежност на Управниот суд да врши контрола врз акти на СОбранието кои по својата природа не се управни, туку политички коишто произлегуваат директно од неговата уставна функција како законодавен и политички орган. Се наведува дека оваа поставеност директно го нарушува темелното уставно начело на поделба на власта на законодавна, извршна и судска. Подносителот наведува дека Одлука на Собранието за избор на судија на Уставниот суд, член на судски совет, гувернер не претставува управен акт по својата природа и одлуката не се носи во управна постапка, туку во посебна собраниска процедура која е израз на политичка волја.
23. У.бр.119/2025
Оспорен акт: Член 2 став 1 и 2 од Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, објавен на 29.07.2025 година.
Подносител на иницијативата: Јаким Илиев
Од наводите во иницијативата:
Подносителот тврди дека со оспорените одредби е повредено уставното начело на еднаквост на граѓаните пред Уставот и пред законите, бидејќи секој пензионер во текот на целиот работен век уплаќал придонеси во Македонија, а е дискриминиран и неговата пензија не се усогласува линеарно како на сите останати само затоа што живее надвор од државата. Се тврди дека разликата мора да биде евидентна и различна за секого, бидејќи секој пензионер како осигуреник внесувал различен износ на средства во Фондот.
ИНИЦИЈАТИВИ СО КОИ Е ОСПОРЕНА И УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ
1. УЗ. 50/2025
Оспорен акт: Член 4 став 2 и 4 од Правилникот со кој се утврдуваат стручните и научните називи
Подносител на иницијативата : Адвокатско друштво Алексов, Мемиши и партнери Скопје
Од наводите во иницијативата:
Се тврди дека со оспорената одредба од Правилникот со кој е утврден стручнио и научниот назив, де-јуре се прави нееднаквост помеѓу студентите кои завршиле три годишни академски студии и студентите кои завршиле три годишни стручни студии. Преку пример се наведува дека доколку студентот заврши додипломска програма на стручни студии по софтверско инженерство, логично е да се стекне со диолома „софтверски инженер”, но според наведеното, тоа не е возможно бидејќи терминот „инженер” е резервиран само за академските студии.
2. УЗ.бр.51/2025
Оспорен акт: Колективниот договор за културата во целина и поединечно член 53 ставови 5, 6, 7, 8, 9, член 66, член 127 и член 128 склучен на 30.12.2020.
Подносител на иницијативата: Томислав Стефков
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека оспорените одредби од Колективниот договор не се во согласност со одредби од Законот на вработените во јавниот сектор. На пример, според наводите, вработен во орган на културата има право на отсуство подолго од три години кое е предвидено да биде платено, за разлика од Законот кој предвидува дека неплатено отсуство заради стручно усовршување кое не е финансирано од органот може да трае најмнногу две години. Се наведува дека овие одредби ги доведуваат во понеповолна положба останатите вработени од јавниот сектор.
3. УЗ.бр.52/2025
Оспорен акт: Одлука за поништување на одобрен урбанистички проект за село со намена А4.7-куќи за потребите на селскиот туризам, во урбанистички план за село Сопиште на КП 1526/8 и КП 1532/5 КО Сопиште-Вонград, општина Сопиште со бр.02-1509/1 од 29.05.2025 донесена од Општина Сопиште на 29.05.2025 година
Подносител на барањето: Државен инспекторат за локална самоуправа преку директорот Хаќим Рамадани
Од наводите во барањето:
Се наведува дека донесената Одлука не е во согласност со член 36 од Законот за локална самоуправа, односно Советот нема законска надлежност да поништува урбанистички проект.
4. УЗ.53/2025
Оспорен акт: Став 1 точка 3, 5, 6, 7 и став 2 од член 54-а од Правилата за снабдување со топлинска енергија
Подносител на иницијативата: Вера Георгиева
Oд наводите во иницијативата:
Подносителката наведува дека по нејзина претходна иницијатива Уставниот суд укина неколку одредби од Правилата кои се однесуваат на потребата од прибирање на целокупна документација и изработка на проект, ангажирање на инженер за проектирање на енергетска ефикасност. Иако Судот ги укинал тие обврски за барателите да се исклучат полесно од топлинска енергија, подносителката тврди дека РКЕ применува суштински исти правила, со што повторно се наметнува обврска за барање согласности и обемна документација за исклучување на парното.
5. УЗ.бр.55/2025
Оспорен акт: Oдредби од Роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на избори за членови на советите на општините и на Градот Скопје и за градоначалници на општините и градоначалникот на Градот Скопје, од 17.09.2025 година
Подносител на иницијативата: Светски македонски конгрес
Од наводите во иницијативата:
Се наведува дека Државната изборна комисија нема надлежност да ја суспендира Одлуката на Уставниот суд, ниту може да пропишува услови за остварување на избирачкото право и правото на граѓаните да учествуваат во вршењето на јавните функции, спротивно на Уставот и на Изборниот законик.
6. УЗ.бр.56/2025
Оспорен акт: Член 11 „и притоа за поддршка на листата на пропишан образец да бидат потпишани најмалку два избирачи”, член 12, 20 став 1 алинеја 1 и член 22 став 9 од Упатството за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за локалните избори 2025, од 17 август 2025 година.
Подносител на иницијативата: Светски македонски конгрес
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека Државната изборна комисија ја суспендира одлуката на Уставниот суд У.бр.186/2024 донесена на 20 мај 2025 година, бидејќи во тек на изборни рокови, пропишала услови спротивно на Уставот и Изборниот законик, независно колкав е бројот на потписите на избирачите кои имаат право да предлагаат кандидати за градоначалници и кандидатски листи за советници на општините и Градот Скопје.
7.УЗ.бр.57/2025
Оспорен акт: Правилник за регулирање на постапката за собирање на потписи за поддршка на кандидатски листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, за локалните избори поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за локалните избори 2025 од 17 август 2025 година.
Подносител на иницијативата: Светски македонски конгрес
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека оспорениот Правилник е во спротивност со темелната вредност на уставниот поредок-владеење на правото уредено со член 8 став 1 алинеите 3 и 5, потоа член 22, 23, 51 и 54 од Уставот. Се тврди дека граѓаните трпат штета бидејќи роковите за извршување на изборните дејствија за спроведување на изборите за членови на советите на општините и советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и на Градот Скопје, се во тек.
8. УЗ.бр.58/2025
Оспорен акт: Правилник за регулирање на постапката за собирање на потписи за поддршка на кандидатски листи поднесени од група избирачи и начинот на определувањето на нотарите, за локалните избори за 2025 година, бр.08-17708/1 од 17.08.2025 година.
Подносител на иницијативата: Стевче Стојанов
Од наводите во иницијативата:
Подносителот тврди дека со донесување на оспорениот Правилник, Државната изборна комисија се ставила во улога на Законодавач и спротивно на Уставот го толкувале Изборниот законик притоа носеќји спорни подзаконски одредби.
9. У.Збр.59/2025
Оспорен акт: Одлука за утврдување на членови на советите на општините во Република Северна Македонија, донесена од Владата на 22 септември 2024 година
Подносител на иницијативата: Блерим Беџети и Сали Мурати, пратеници на пратеничка група „Европски фронт”
Од наводите во иницијативата:
Подносителите наведуваат дека оспорената одлука на Владата се базира исклучиво на податоците од категоријата „резидентно население”, според Пописот од 2021 година, која според тврдењата на подносителите катгоризацијата е извршена без законско овластување. Имено, во иницијативата се прави паралела со одлука на Уставниот суд во врска со Методологијата за Пописот од 2021 година и се тврди дека намалувањето на бројот на советници во значителен број општини без валидна правна основа претставува директно извршување на демократската легитимност на локалната самоуправа.
БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА
БЗСП.бр.15/2025
Подносител на барањето: Сашко Петров
Предмет на барањето: Барање за заштита на слободите и правата по основ на дискриминација на национална, социјална и политичка основа
Од наводите во барањето:
Подносителот тврди дека дека повредата е сторена со дејствување, односно со незаконско задржување на возило на граничен премин и одземање на второ возило без судска одлука, туку единствено со усни наредби изречени на место на граничниот премин.