Соопштение по одржаната 25. седница на Уставниот суд

На 26 ноември 2025 година Уставниот суд ја одржа 25. Седница на која се дискутираше по девет предмети во кои е оспорена уставност и законитост и го одлучи следното: 

1. Реферат У.бр.55/2023

Имајќи го предвид фактот дека иницијативата е повлечена, Судот оцени дека се исполнети условите од член 39 алинеја 2 од Актот за запирање на постапката за оценување на уставноста на член 28 став 1 точка 2 потточка 2.1 од Законот за акцизите  („Службен весник на Република Македонија“ бр.32/2001, 50/2001, 45/2002, 98/2002, 24/2003, 96/2004, 38/2005, 88/2005, 105/2009, 34/2010, 24/2011, 55/2011, 135/2011, 82/2013, 98/2013, 43/2014, 167/2014, 188/2014, 129/2015, 154/2015, 192/2015, 23/2016, 31/2016, 171/2017 и 120/2018) и член 92 став 3 точка 2 во делот „литар“ од  Законот за акцизите („Службен весник на Република Северна  Македонија“ бр.108/2019, 143/2019, 225/2019, 275/2019, 77/2021, 57/2022 и 209/2023).

Подносители: Стојаноски Дејан и Србиноски Филип

2.Реферат У.бр.155/2023

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 31 став 1 во делот „кој не може да биде пократок од 25 години“ од Законот за изменување и дополнување на Законот за служба во  Армијата на Република Северна Македонија („Службен весник на  Република Северна Македонија“ бр.171/2022)

Подносител на иницијативата: Зоран Димовски

3.Реферат У.бр.12/2025

Судот ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на Точка 1 од Одлуката за давање согласност за  присоединување на Друштвото за производство, трговија и услуги  увоз-извоз Боров Дол  ДООЕЛ Радовиш кон Друштвото за  производство, трговија и услуги БУЧИМ ДООЕЛ Радовиш бр.41- 12385/7 од 31.12.2024 година („Службен весник на Република Северна  Македонија“ бр.2/2025). 

Предлогот на судијата-известител во однос на членот членот 34 став 5 од Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Македонија“ бр.136/2012, 25/2013, 93/2013, 44/2014, 160/2014, 129/2015, 192/2015, 39/2016, 53/2016, 120/2016, 189/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.7/2019, 99/2022, 129/2023, 253/2023 и 147/2024) не го доби потребното мнозинство и ќе биде ставен на некоја од наредните седници. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

4. Реферат У.бр.24/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 22 став 1 во делот „обезбеди ликвидносна поддршка во  исклучителни околности за банката“ и став 4 од Законот за Народната  банка на Република Северна Македонија („Службен весник на  Република Македонија“ бр.158/2010, 64/2012, 123/2012, 42/2014, 153/2015, 6/2016 и 83/2018 и „Службен весник на Република  Северна Македонија“ бр.110/2021, 74/2024, 121/2024 и 16/2025) и член  2 точки 37 и 38 од Законот за банките („Службен весник на Република  Македонија“ бр.67/2007, 90/2009, 67/2010, 26/2013, 15/2015, 153/2015, 190/2016 и 7/2019 и „Службен весник на Република Северна  Македонија“ бр.101/2019, 122/2021 и 37/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

5. Реферат У.бр.27/2025, У.бр.50/2025 и У.бр.132/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 104-а од Законот за работните односи („Службен весник на  Република Македонија“ бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016 и 120/2018 и „Службен весник на  Република Северна Македонија“ бр.110/2019, 267/2020, 151/2021, 288/2021, 111/2023, 39/2025, 74/2025 и 124/2025).

Подносители на иницијативата(27/2025): Игорчо Точев, Љубица Стојковска-Перковска, Биљана Димовска, Рољанда Доко, Атеме Муамеди, Анета Стевановиќ, Мирјанка Тренчевска, Иљбере Нухиу (стручна служба при Управен суд Скопје)

Подносителка на иницијативата(50/2025): Јованка Тренчевска

Подносител на иницијативата (132/2025): Александра Илиева-Милчова

6. Реферат У.бр.44/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 36 став 1 точка 8) од Законот за вршење на сметководствени  работи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.173/2022 и 47/2025).

Подносител на иницијативата: Виктор Василевски

7. Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 86 ставови 1, 2 и 4 од Законот за нотаријатот („Службен весник  на Република Македонија“ бр.72/2016, 142/2016 и 233/2018).

Подносител на иницијативата: Матеј Алексовски

8. Реферат У.бр.259/2024

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 32 алинеи 1, 2, 3 и 4, член 34 точки 1, 2, 3 и 4, член 35 точки 1, 2, 3 и 4 и член 46 став 8 од Правилникот за распределбата на авторските надоместоци (Службен весник на Република Македонија”бр.141/14 и 36/15 и  Службен весник на Република Северна Македонија бр.147/2023, 263/2023, 286/2023, 135/2024, 218/2024, 275/2024 и 215/2025). 

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 46 став 7 од актот означен во точка 2 од овој предлог

Подносител на иницијативата:Филип Стефановски

9. Реферат УЗ.бр.33/2025

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Програмата за урбанистичко планирање за  2025 година („Службен гласник на општина Карпош“ бр.22/2024).

Подносител на иницијативата: Викторија Андоновска

10. Реферат УЗ.бр.15/2025

Предметот беше повлечен од Дневен ред поради утврдување на дополнителни околности. 

Оспорен акт: Член 7 став 2, член 8 став 3 точка 1 алинеи 1 и 2, точка 2 алинеи 1 и  2 од Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и  снабдувачот во краен случај од 17.11.2023 година и Прилогот 1 на  тарифниот систем каде се одределени коефициентите за определување на цените по пресметковни елементи („Службен  весник на Република Северна Македонија“ бр.246/2023).

Подносител на иницијативата: Борче Ѓузелов