Советникот на Судот, Александар Лазов, учествуваше на Регионална конференција посветена на промоцијата на Упатствата за надомест на нематеријална штета во случаи на дискриминација. Настанот беше организиран на 19 ноември во Балград, под покровителство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со мисиите на ОБСЕ во Босна и Херцеговина и Србија.
Упатствата, кои беа презентирани пред учесниците, се резултат на регионална иницијатива спроведена во 2023 и 2024 година. Во рамки на проектот беше изработена национална анализа и развиени заеднички регионални упатства што ќе претставуваат практична алатка за судовите при определување нематеријална штета во случаи на дискриминација.

Во текот на 2025 година, упатствата ќе бидат промовирани преку посебни настани во Северна Македонија и Босна и Херцеговина, со цел унапредување на регионалната соработка и зајакнување на правните практики во оваа област.
