Делегација од Уставниот суд на Република Косово, предводена од претседателот Неџми Реџепи, ќе престојува во билатерална посета на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Посетата ќе се одржи на 9 и 10 октомври 2025 година во Скопје и согласно предвидената агенда ќе се одржи конференција на тема „Уставна контрола на законите и другите акти (материјални и процедурални аспекти)”, на која ќе се дискутира за современите предизвици и искуства во примената на уставната контрола.
За време на посетата, двата суда ќе потпишат Меморандум за соработка, со кој се поставуваат темелите за понатамошна институционална соработка, размена на искуства и организирање на идни заеднички активности.
Во рамки на посетата, претставниците на двете делегации ќе остварат средба со претседателката на Република Северна Македонија, Н.Е. Гордана Сиљановска-Давкова.