Интерен оглас број 1/2025

Врз основа на член 19 став 3 од Правилникот за вработување и унапредување во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија Су.бр.46/2021 од 20 јануари 2021 година, Су.бр.70/2022 од 24 јануари 2022 година и Су.бр.149/2023 од 26 јануари 2023 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија, објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС  бр.1/2025
за унапредување во Службата на Уставниот суд на Република Северна Македонија

1. Со цел овозможување на вработените во Службата на Уставниот суд на Република Северна Македонија, кариерно напредување преку преминување од пониско во повисоко звање врз основа на постигнатите резултати во работата, се објавува интерен оглас за унапредување во звање советник на Судот (еден извршител) и самостоен советник (два извршители).

2. Право да се пријават на интерниот оглас имаат вработените во Службата на Уставниот суд на Република Северна Македонија со звање самостоен советник и советник.

3. Пријавите на кандидатите може да се достават најдоцна до 7 август 2025 година до 15:30 часот во Писарницата на Судот.

4. Согласно член 5 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за вработување и унапредување во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија бр.70/2022 од 24 јануари 2022 година, во постапката за унапредување, Комисијата за организациони и кадровски прашања ќе ги оценува кандидатите за унапредување по следните критериуми: квалитет, ефективност и ефикасност на работењето; почитување на роковите и ниво на исполнување на утврдените работни цели и задачи; ниво на вклученост и посветеност на работата и однесувањето на вработениот.

 

                                                                                                                                                                            Кoмисија
                                                                                                                                                                     за организациони и кадровски прашања