Соопштение по одржаната 11. седница на Уставниот суд

На 28 мај 2025 година Уставниот суд ја одржа 11. седница со Дневен ред на којшто се дискутираше по седум иницијативи за оценување на уставност и законитост и одлучи: 

I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ

1. Реферат У.бр.146/2024

Оспорен: Член 13 став 2 во делот „и заклучок“ од Законот за извршување(Службен  Весник на Република Северна Македонија“ број  72/2016, 142/2016, 178/2017, 26/2018, 233/2018, 14/2020, 86/2020, 136/2020 и 154/2023).

Судот не донесе одлука во овој предмет поради недоволното мнозинство гласови во фазата на гласање. 

Подносител: Оливер Давидовски од Скопје

2. Реферат У.бр.196/2024

Се отфрли иницијативата за оценување на Член 115, 116 и 117 од Законот за пензиското и инвалидско осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/2012, 166/2012, 15/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 27/2016, 120/2016, 132/2016, 35/18, 220/18 и 245/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.180/19, 275/19, 31,20 267/20, 67/22, 79/23 и 193/23).

Подносител на иницијативата: Здравко Тумбовски

3. Реферат У.бр.250/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 1 од Законот за дополнување на Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.215/2021) и се отфрла иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на:

           – член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2023) и

           – член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2023).

Подносител на иницијативата: Ѓорѓи Андов

4. Реферат У.бр.8/2025

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на член 39 став 3 во делот: „членот 38 став 3 од“ од Закон за градежните производи („Службен весник на Република Македонија“ бр.104/2015, 192/2015, 53/2016 и 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.150/2021 и 16/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

5. Реферат У.бр.262/2024

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на член 47 став 2 во делот „спогодба“ од Општиот колективен договор за јавниот сектор („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 154/2023).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

6. Реферат У.бр.158/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на ДУП за Градска четврт С3 16 Општина Ѓорче Петров, Скопје од 17.02.2024 година

Подносител: Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје

7. Реферат У.бр.236/2024

Не се поведува постапка за оценување на Листа на стоматолошки услуги со минимални(референтни цени) на Извршен одбор на Стоматолошката комора на Македонија од 24.04.2024

Подносител на иницијативата: Филип Стојковски