Во тек е 10. Конгрес на Асоцијацијата на франкофонски уставни судови(АCCF) во Букурешт на кој присуствува претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски

Во тек е 10. Конгрес на Асоцијацијата на франкофонски уставни судови(АCCF) во Букурешт, на кој присуствува Делегација на Уставниот суд.

Претседателот д-р Дарко Костадиновски, ќе се обрати на Првата работилница со говор на темата „Живиот конституционализам”.

На Когресот ќе се обратат и претседателот на Владата на Романија, претседателот на Уставниот суд на Романија, претседателите на Европскиот суд на правдата и на Европскиот суд за човекови права, претставници на Врховниот суд за касација и правда, претседателката на ACCF и други истакнати правници од европските судови и меѓународни организации.

Во работниот дел предвидено е членките на АCCF да дискутираат и да донесат одлуки за : тригодишниот извештај за етичките принципи, презентација на тригодишниот финансиски извештај, предлог за измени на Статутот и Деловникот за работа на ACCF, презентација на водичот „Етички принципи на уставниот судија“, предложен од ACCF -Гласање од страна на Генералното собрание, презентација на кандидатурите за членови на Бирото на ACCF за периодот 2025–2028, презентација на барањето за членство на Уставниот суд на Косово, презентација на тригодишната програма на ACCF за периодот 2025–2028 година.