Претседателот д-р Дарко Костадиновски ќе го претставува Уставниот суд на 10. Конгрес на Асоцијацијата на франкофонски уставни судови(АCCF), кој оваа година ќе се одржи од 6-8 мај во Букурешт, Романија.
Претседателот Костадиновски ќе има свое обраќање на темата „Конституционална рамка на толкување на Уставот- Живиот конституционализам”.
Во рамки на Когресот е предвидено присуството на претседателот на Владата, претседателот на Уставниот суд на Романија, претседателите на Европскиот суд на правдата на ЕУ и на Европскиот суд за човекови права, претставници на Врховниот суд за касација и правда, претседателката на ACCF и други истакнати правници од европските судови и меѓународни организации.
Во фокусот на работните сесии се предвидени темите кои ги опфаќаат толкувањето и ревизијата на Уставот и улогата на уставните судии, инструментите за примена и толкување на Уставот, контрола на ревизиите на Уставот и слично.
Дел од делегацијата на Уставниот суд на Република Северна Македонија е и советникот на Судот, Татјана Јањиќ-Тодорова.