Писмена презентација на судијата проф. д-р Осман Кадриу на темата „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд”

Судијата на Уставниот суд про.д-р Осман Кадриу подготви писмено обраќање на темата „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд”, која беше во фокус на тркалезната маса организирана на 28.04.2025 година во Уставниот суд, со поддршка на ЕУ Делегацијата во Скопје.
                                                 

Почитувани,                          
Прашањето кое се однесува на потребата или непотребата да се донесе закон за Уставниот суд на Република Северна Македонија е и денес мошне актуелно. Актуелно стана последните години, посебно и сметано од 2014-2015 година. Во наредните години, по предлог на Владата, се пристапи кон изготвување на уставните амадмани на Уставот од 1991. По овие прашања имаше жива дискусија.Но, како што е познато чисто од “политички причини” , амадманите со статус на предлог не беа усвоени. Остана во фиоките на пратениците.
Анализирано од научна гледна точка, посебно она уставно правната, преовледува мислењето дека и во нашата држава е неминовно да се донесе закон за Уставниот суд. Мислењето се брани со силни аргументи. Од нив ги издвојуваме како што следува.
Прво, во поголемиот број на земји, во чиј правни и политички системи е воведно уставно судство, за законодавецот постоеше обврска да го донесе и законот за уставниот суд. Така и се постапи, и таквите закони беа донесени.
Второ, и во нашиот правен и политички систем од режимот на “социјалистичкото право” и поточно, со Уставите од 1963 ( година во која за прв пат  се воведува уставно судство во нашата земја ) и оној од 1974 година, уставната определба беше јасна. Да се донесе закон за уставниот суд. Закони за уставниот суд имаше и во тој период.
Важно е да се потенцира природата на прашањата кои треба да бидат законска материја- materia legis.Сегашниот Устав се определи дека за организационите прашања и самата постапка Уставниот суд да донесе свој акт. Уставниот суд така и постапи. После донесувањето на Уставот во 1991 година , во 1992 година го донесе Деловникот на Уставниот суд.
Од прашањата кои, според моето мислење треба да бидат законска материја ги издвојуваме следните прашања. Фактички станува збор за четири комплекси на прашања.
Првиот комплекс се однесува на финансиската независнот. За Уставниот суд да се обезбеди посебен буџет, а не прашањето на неговото финансирање да зависи од вољата на другите две власти.
Важни се решенијата за уредување на постапката за заштита на човековите права пред Уставниот суд. Уставната надележност е мошне значајна но и чуствителна – заштита на човековите слободи и права гаранитрана со Уставот на земјата, упатува на неминовност за овие прашања со законски норми поблиску да се уреди и самата постапка.Со законските норми фактички треба да се операционализира уставната одредба. Сегашната деловничка уредност на постапката за човекови права, според моето мислење, не е соодветна. Од таа причина не е случајност што Уставниот суд по прашањата на заштитата на човековите права пред овој орган се наоѓа уште во фазата на “својата младост “
.Со законски решенија треба да се уреди прашањето на можноста или неможноста да се поништуваат конкретни правни прописи, посебно законите кои престанале да важат пред да биде поведена постапка за нивната уставна контрола.
Последниот сет на прашања се однесуваат на статусните прашања на судиите на устанвиот суд во времето и мандатот на вршењето на функцијата. Со исклучок на платата која се утврдува и уредува со одделни одлуки, поточно, решенија донесени од Комисијата за прашањата на изборите и именивуањата, како посојано работно тело при собранието на републиката, од другите права од работен однос судиите на судот се лишени. Станува збор за правата како што се правото на додаток на плата, патните трошоци, правото на закупнина, правото на одвоен живот. Станува збор за правото на работен однос а следуват со исполнување на конкретните услови за тоа.
Има и други прашања за кои , од јавната расправа ќе произлегуваат како потребни да бидат уредени со закон, додека наведените прашања во оваа кратка презентација, според моето мислење заслужуваат внимаие.