Соопштение по повод средбата на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски со претседателот на Турската Маариф Фондација, г.Махмут М.Оздил

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски на 24 април 2025 оствари средба со претседателот на Турската Маариф Фондација, г. Махмут М.Оздил што се одржа во Инстанбул.

На средбата, претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, им го честита неверојатниот успех на Фондацијата, особено што само за 9 години имаат основано вкупно 495 училишта во 55 држави.

Претседателот Костадиновски истакна дека Турската фондација Маариф успешно работи и во Република Северна Македонија и напомена дека неодамна има остварено средба со претставниците во Република Северна Македонија.