Соопштение по одржаната 8. седница на Уставниот суд

На 16 април 2025 година Уставниот суд ја одржа 8. седница со Дневен ред на кој се дискутираше за десет предмети и го одлучи следното: 

1.  У.бр.223/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 355 став 2 во делот „од член 353 став 2 на овој закон“, член 361 став 3 во делот „а на бранителот односно полномошникот ќе му се нареди да ги плати трошоците што настанале од прекинот или одложувањето“ член 362  став 1 и 2, став 3 во делот „Овој записник ќе го потпише испитаниот сведок, односно вештак“ и став 4 од Законот за кривичната постапка.

Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на член 345 став 3, 350 став 3 во делот „кога странките и оштетениот присуствуваат на испитување ги имаат правата од член 219 став 7 на овој закон“, член 357 став 1 во делот „од членот 26 на овој закон“, член 364 став 1 во делот „кој е уредно повикан, а не го извести судот за причините за својата спреченост, ќе се казни со парична казна предвидена во член 89 од овој закон а “, член 364 став 1 во делот „кој е уредно повикан, а не го извести судот за причините за својата спреченост, ќе се казни со парична казна предвидена во член 89 од овој закон а“ и член 364 во целост од Законот за кривичната постапка.

2. У.бр.226/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на на член 508 став 2 во делот „за задржување на лица, за гаранција и одземање на патна исправа; за притвор;”, член 517 став 1 во делот „забрана за вршење на определена дејност или на сите дејности на правното лице до завршување на постапката и” член 539 во делот „ако со одредбите на овој закон поинаку не е определено” од Законот за кривичната постапка.

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 502 став 1 во делот „486 став (2)”, член 506 став 6 во делот „членот 58-а став (3) на”, член 509 став 2 во делот „врз основа на членот 45 од овој закон”, член 535 став 1 во делот „утврдени со членот 194 од овој закон”, член 551 став 2 во делот „членот 551 став (1) од” и член 556 во делот „(член 123)” од Законот за кривичната постапка.

3. У.бр.256/2024

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 65 алинеја 8 во делот „Монополската“ од Законот за организација и работа на органите на државната управа. 

5. У.бр.20/2025 и У.бр.22/2025

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 29 став 1 во целина, став 1 алинеја 3 и став 2 од Законот за трговија („Службен весник на Република Северна Македонија“

6. У.бр.175/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на:

-член 2 од Правилникот за користење и одржување на нафтовод и продуктовод („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 99/2024) и

-останатите одредби од Правилникот за користење и одржување на нафтовод и продуктовод („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 99/2024).

7. УЗ.бр.11/2025 и УЗ.бр.13/2025

Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен   редослед бр.50-1909/4 од 18 февруари 2025 година.

8. У.бр.238/2024

Се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 3 во кој е предвидена ретроактивна примена, од Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за усвојување на ценовник за собирање и транспорт на отпад на територија на   Општина Тетово,  („Службен гласник на Општина Тетово“ бр.5/2024).

Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за усвојување на Ценовник за собирање и транспорт на отпад на територија на Општина Тетово („Службен гласник на Општина Тетово“ бр.1/2024 година) и Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за усвојување на ценовник за собирање и транспорт на отпад на територија на Општина Тетово.

9. У.бр.51/2023

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 1 став 2, член 4 став 2, член 27 став 2, член 29 став 1, член 34 став 3 и член 36 од Статутот на Сојузот на здруженијата на  пензионерите на   Македонија, донесен на 21.12.2015 година

10. У.бр.255/2024

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 5 став 1 точка 4 потточка а алинеја 3 од Условите за осигурување од автоодговорност на Друштвото за осигурување ГРАВЕ Неживот АД Скопје.

У.бр.120/2024

Се запира постапката за оценување на уставноста на член 93 став 2 од Законот за урбанистичко планирање.