У. бр.4/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У. бр.4/2024
Скопје, 19.02.2025 година

 

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав д-р Дарко Костадиновски, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, Добрила Кацарска и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 39 алинеја 6 и член 73 алинеја 2 од од Актот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.115/2024), на седницата одржана на 19 февруари 2025 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на член 36 став 1 во делот „прво и второ дете“, став 2 и став 3 во деловите „прво и второ“ и „доколку мајката нема новородено дете во смисла на ставот (2) на овој член“ од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2013, 12/2014, 44/2014, 144/2014, 10/2015, 25/2015, 150/2015, 192/2015, 27/2016, 163/2017, 21/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/2019, 146/2019, 275/2019, 311/2020, 294/2021, 150/2022, 236/2022 и 236/2022).

Образложение

I

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по повод поднесената иницијатива од Клементина Ангелеска од Скопје, со Решението У.бр.4/2024 од 10 јули 2024 година, поведе постапка за оценување на уставноста на член 36 став 1 во делот „прво и второ дете“, став 2 и став 3 во деловите „прво и второ“ и „доколку мајката нема новородено дете во смисла на ставот (2) на овој член“ од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2013, 12/2014, 44/2014, 144/2014, 10/2015, 25/2015, 150/2015, 192/2015, 27/2016, 163/2017, 21/2018, 198/2018  и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/2019, 146/2019, 275/2019, 311/2020, 294/2021, 150/2022, 236/2022 и 236/2022), затоа што пред Судот со основ се постави прашањето за нивната согласност со Уставот.

II

На седницата на Судот одржана на 19 февруари 2025 година, предлогот да се укине член 36 став 1 во делот „прво и второ“, став 2 и став 3 во деловите „прво и второ“ и „доколку мајката нема новородено дете во смисла на ставот (2) на овој член“ од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2013, 12/2014, 44/2014, 144/2014, 10/2015, 25/2015, 150/2015, 192/2015, 27/2016, 163/2017, 21/2018, 198/2018  и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/2019, 146/2019, 275/2019, 311/2020, 294/2021, 150/2022, 236/2022 и 236/2022), не го доби потребното мнозинство гласови, поради што се исполнија условите за запирање на постапката врз основа на член 39 алинеја  6 од Актот на Судот.

III

Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Дарко Костадиновски