У.бр.5/2024

СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 54-а став 1 точки 1, 2 и 4 од Правилата за изменување и дополнување на Правилата за снабдување со топлинска енергија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 233/20) и СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на: член 9 став 2 од Правилата за снабдување со топлинска енергија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 65/19, 162/19, 233/20, 312/20 и 38/2022) и Табеларен норматив за корекција на варијабилниот дел од надоместокот за топлинска енергија во колективен станбен објект кога измерените внатрешни температури се пониски од 20* С од Правилникот за утврдување на квалитетот на испорачаната топлинска енергија од мај 2021 година.