У.бр.116/2024

СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста од табеларниот приказ во глава V. Висина на надоместоци за уредување на градежно земјиште и тоа во делот на табелите: V-а. Висина на уредување на градежно земјиште во градот Богданци  реден број 15 и 16 од  Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2024 година, донесена од Советот на Општина Богданци, V-б. Висина на уредување на градежно земјиште во населените места и урбанистички план за село реден број 15 и 16 од  Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2024 година, и V-в. Висина на уредување на градежно земјиште во Урбанистички план вон населено место, локална и државна урбанистичка планска документација, инфраструктурен проект и урбанистички  проект реден број 16 и 17 од  Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2024 година, и СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на законитоста во во останатиот дел на Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2024 година, донесена од Советот на Општина Богданци