1. Податоци за вкупниот број поднесени барања за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот, во периодот од 2003 година, заклучно со 2023 година, поделени по пол. 2. Дали некое од поднесените барања биле поради повреда на човековите права од аспект на коруптивно однесување на физичко или правно лице? 3. Дали Уставниот суд има протокол за судско одлучување во кој се интегрирани родови перспективи (со цел справување со аргументи засновани на родови стереотипи и со цел избегнување обиди за непочитување на правото на еднаквост)? 4. Дали, и ако одговорот е потврден, како Судот применува родово – сензитивен пристап во известување, водење на постапки и носење на пресуди за кривични дела поврзани со корупција?