1. Реферат У.бр.41/2023
Се отфрла иницијативата за оценување на уставност на Член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за вештачење („Службен весник на Република Македонија“ бр.12/2014)
Подносител на иницијативата: Александра Илиева Милчова
Поради утврдување на дополнителни околности, предметот е повлечен од дневен ред и ќе биде ставен на некоја од наредните седници.
Подносител на иницијативата: Хелсиншки комитет за човекови права од Скопје
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на Член 1 и член 2 став 1 зборовите „како и за изградба на градби од стратешки интерес.“ од Законот за изменување и дополнување на Законот за екпропријација („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.111/2023)
Подносител на иницијативата: Уранија Пировска, Извршен директор на Хелсиншки комитет за човекови права
Поради интерес на јавноста, Судот повеќе детали објави во посебно соопштение.
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на Член 10 став 4 во делот „со исклучок на тоа дека на Стратешкиот партнер ќе му биде дозволено да започне со истражување и експлоатација на минерални суровини за целите на Проектот штом барањето за доделување на концесија за истражување и експлоатација е поднесено од страна на Инвеститорот” од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово-Гостивар-Букојчани и проектот за автопатот Требеништа-Струга-Ќафасан) и коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп-Битола) во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 163/2021 и 111/2023).
Подносител на иницијативата: Жарко Стеваноски, адвокат од Прилеп
5. Реферат У.бр.212/2024
Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на Член 5 став 3, член 6 став 1 и 2, член 8 став 2, член 23 став 2 и член 25 став 2 во делот „Социјалистичка“, член 5 став 3 во делот „Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ и член 5 став 3, член 8 став 2 и член 25 став 2 во делот „Извршниот совет“ од Законот за заштита на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ бр. 45/1977, 8/1980 и 51/1988 и „Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/1993)
Подносител на иницијативата:Игорчо Точев
6. Реферат У.бр.150/2024
Се отфрла иницијативата за оценување на Член 2 од Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.81/2022).
Подносител на иницијативата:Никола Темелковски
7. Реферат У.бр.166/2023
Се отфрла иницијативата за оценување на Одлука за времен прекин на дел од постапките со кои се спроведува Деталениот урбанистички план Градска четврт С303, Општина Ѓорче Петров, Скопје („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров“ бр.8/2023)
Подносител на иницијативата:Друштво за инвестиции и услуги СОЕН ИНВЕСТ ДООЕЛ Скопје
II. БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА
У.бр.108/2024
Се отфрла барањето на Глигорие Ќатоски, поднесено со наводи за дискриминација по основ на социјална и национална припадност, согласно членот 110 алинеја 3 од Уставот.
III-ПРЕДЛОЗИ ДОНЕСЕНИ ПО ОДЛУЧУВАЊЕ ОД НАЦРТ-ОДЛУКИ
1. У.бр. 121/2023
Се укинува параграф 4 алинеја 1 од Правилото за сместување и ред во Армијата на Република Македонија, заведено под бр. 02-295/1 од 16.07.2012 година донесено од началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.
2. У.бр. 22/2024
Се укинува член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Могила, број 07-113/3 од 14.03.2006 година („Службен гласник на Општина Могила“ број 1/2006).
4. У.бр. 170/2024
Се укинува Правилникот за начин и постапка за добивање на уверение за сметководител и овластен сметководител и упис во регистар, донесен од Управниот одбор на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија, У.О бр.0202/329 од 25.05.2023 година, У.О бр.0202/366 од 29.06.2023 година и У.О бр.0202/009 од 18.01.2024 година.