Говор на претседателот д-р Дарко Костадиновски на Втората годишна конференција на Балканскиот форум на уставни судови

Тема: „Уставните судови како чувари на демократските вредности и принципи: рамнотежа помеѓу извршната, законодавната и судската власт во современите општества”

Добар ден на сите и благодарам за можноста денес во вакво еминентно друштво, на значаен јубилеј за Уставниот суд на Косово, со вас да ги споделам моите размислувања и констатации од досегашното 7- годишно искуство како уставен судија. Темите се апсолутно релевантни, и соодветни за она што јас сакам со вас да го споделам антиципирајќи ја нашата македонска уставна реалност. Релевантноста на темите се потврдува и во фактот дека најголемиот дел од државите на Балканот, поминаа или сè уште поминуваат низ слични или идентични предизвици.

Во мојата последна научна книга „Лојалност кон Уставот – Теоријата на живиот конституционализам“, јас веќе имам ја адресирано оваа тема во поглавјето „Тензија меѓу очекувањата и реалноста – неисполнети очекувања“. Дозволете ми во најкуси можни црти да ја истакнам мојата поента со што ќе ја потврдам и релевантноста на поставените теми.

Судската ревизија на законодавството, на општите прописи и заштитата на слободите и правата на човекот и граѓанинот, на глобално ниво е воспоставена како незаменлива карактеристика на современиот конституционализам, на современите демократии. Уставните судови и уставното судство деновиве се помоќни од кога било. Многумина го поздравуваат ваквиот развој, додека пак, други тврдат дека тој би можел да претставува прикриен обид за ограничување на демократски избраните власти, или она што се нарекува влез во „судократија“. 

Доминантниот модел на либералната демократија, конституционализмот го дефинира со способноста на уставните судови да ја ограничат политиката (власта), ставајќи акцент на заштитата на човековите права и приматот на правото над политиката. Не случајно се прераскажува една анегдота за рибарската мрежа во која се заробуваат само ситните и слаби риби, додека оние поголемите успеваат да ја искинат. Таа мрежа е симболика на хендикепиран правен систем којшто нема цврсти механизми да ги ограничи неправата
произведени од апстиненцијата на начелото „поделба на власта”. Концептот на „неоконституционализмот“ Уставот го разбира како „закон над законите” како „закон создаден од народот за регулирање и ограничување на владата“. Оттука, овој доминантен модел, привилегијата на толкување на Уставот, неговите вредности, принципи и норми, разбирливо ја доделува на уставните судови, кои се врховни и авторитативни толкувачи, додека сите други органи на државната власт имаат обврска да се усогласат со Уставот и одлуките на Уставниот суд.

Денес веројатно повеќе од кога било, во околности на пресилни и предоминантни политички власти со често популистички, некогаш и националистички премиси, нужно се  бара од уставните судови тие да бидат добри бранители на демократијата и човековите слободи и права, да ја обезбедуваат поделбата на власта како неопходен елемент за функционална демократија, да бидат независни од политичките актери и да избегнуваат судски активизам преку самоограничување или судска воздржаност. Ова се суштинските цели и вредности кои се очекуваат од уставните судови, но нивното обезбедување претставува предизвик за секој уставен суд вклучително и за Уставниот суд на Македонија. Предизвикот е во дилемата дали е можно целосно максимизирање на сите четири вредности истовремено. Од таа причина, ние мора да ги гледаме уставните судови како предмет на континуирана конститутивна тензија, нивниот институционален уставен дизајн вклучува неизбежни компромиси бидејќи, за да се максимизираат одредени вредности, другите вредности мора – барем делумно да попуштат. Но, не компромиси со кого било, особено не со политиката. Зборувам за компромиси меѓу посочените четири суштински цели бидејќи директна последица од оваа тензија е тоа што логично е невозможно да се дизајнира совршен уставен суд. Таквата неможност, и евентуалните лоши компромиси природно резултираат со фактот дека уставните судови создаваат неисполнети општествени и политички очекувања. Таков е и случајот со Македонија. Донесувањето на Уставот од 1991 година, создаде огромни очекувања. Историскиот контекст беше таков што постоеше ентузијазам, огромна енергија која природно продуцираше очекување транзицијата кон демократија да го стабилизира и подобри севкупниот општествено-политички живот, или едноставно да донесе подобар живот. Темелот на кој требаше да се изгради новиот уставно правен, новиот општествен поредок, да се обезбеди преминот кон демократија, изградбата на демократски институции чија есенцијална цел требаше да биде да ги штити човековите слободи и права – беше  Уставот од 1991 година. Околу новиот Устав, неговите темелни вредности, принципи и норми се градеа и очекувањата на граѓаните за подобра блиска иднина. За жал, објективна оцена е дека таквите очекувања беа изневерени. Неспорно е дека транзитиравме во демократија, неспорно е дека имавме периоди на стабилност, но сè уште не го направивме нужниот исчекор кон зрела демократија. 

Кои беа причините за изневерените очекувања, и што е она што е нужно денес и што е она што се очекува од уставните судови?

Да почнам со причините. Во услови на 32-годишна транзиција, недостатокот на демократски традиции продуцираше уставна, правна и политичка некултура. Ако е тоа неспорен факт, последиците од истото се мултиплицираат на начин што без исклучок една од властите, а тоа е секогаш извршната власт, станува предоминантна во однос на останатите, односно ги узурпира законодавната и судската. Тие стануваат на некој начин заложници на извршната власт. Таквата реалност која во Македонија ја сведочевме предолго, има свои последици. Таа реалност води кон  партизација на севкупниот систем, ослабнати институции кои не се раководени од словото на Уставот и законите, туку од политички центри на моќ, институции кои не се лојални на Уставот, туку лојални на партиските моќници, доведе до напуштање на императивниот принцип на поделба на власата со сериозен дисбаланс и отсуство на принципот на cheks and balance. Крајниот резултат е несомнен, владеењето на правото беше жртвувано. Изминативе десетина години објективните извештаи го квалификуваа нашиот поредок како „заробена држава”, „хибриден режим”! Тоа доведе до состојба довербата на граѓаните во правната држава, во владеењето на правото, во институциите на системот денес во Македонија да биде на историски најниско ниво. А требаше да биде поинаку!

Ако веќе знаеме каде погрешивме, тогаш и одговорот на прашањето што треба и што може да направиме е едноставен.

Неопходни се радикални чекори. По мое длабоко убедување, соочени со ваква уставна реалност, уставните судови се најповиканите кои можат да ја вратат довербата и да го воспостават поредокот кој ќе продуцира правна сигурност, да го вратат владеењето на правото и довербата во правната држава, да ја ресетираат поделбата на власта и политиката да ја стават во правни, уставни рамки, онака како што класичната доктрина на Монтескје налага, трите власти да бидат одвоени и да делуваат независно една од друга. Поделбата на власта значи дека власта не е монопол и привилегија на еден орган или на едно лице, туку е поделена помеѓу повеќе самостојни и независни органи со што се спречува можноста за нејзина злоупотреба и узурпација. Поделбата на власта е во суштината на конституционализмот, бидејќи задира во самата структура на државата и нејзината организација и меѓусебните односи на државните органи, а преку ограничувањето на дискрецијата во вршењето на власта, принципот на поделба на власта го овозможува остварувањето и заштитата на слободите и правата на граѓаните. 

Во соочувањето со таа аномалија во нашата уставна реалност ние како Уставен суд сме подготвени бескомпромисно да ја штитиме од честите повреди темелната вредност – поделбата на власта. Без дилема едноставно мораме со наши одлуки, со судски активизам, да го возобновиме изместениот систем на контрола и рамнотежа, да ја ограничиме предоминацијата и узурпацијата на извршната над законодавната и судската власт. Мораме најоптимално можно да ја спречиме доминацијата на политиката над правото, да ја ставиме во уставна рамка, бидејќи таа создава амбиент на несигурност и неможност граѓаните да ги уживаат слободите и правата! Доколку опстоиме во таа наша бескомпромисност, без дилема резултатот во пристоен временски период ќе биде зголемување на уставната и правната култура од чие отсуство ги видовме последиците. Уставните судови мораат да ја понесат таа одговорност!

Ако Уставниот суд не ја врши својата основна функција на начин на кој Уставот налага и не продуцира стабилност на правниот поредок, правна сигурност, усогласеност и хармонија, ако не биде кочница на „дивеењето” на „уставно недисципираните” власти, било тоа да е извршната, законодавната, локалната, и не ги запира во нивното самоволие, тогаш тој е директен соучесник за состојбите кои ги сведочиме. Оправдување нема и не може да има! Но, ваквите констатации нема да ги сменат работите. А работите мора да се менуваат. Со дела! Ние како уставни судии мора да дадеме клучен придонес во исчекорот кон зрелата демократија! Зрелата демократија подразбира високо ниво на уставна и политичка култура, реална, а не лажна посветеност на владеењето на правото, стабилни независни институции, институции кои го издржале тестот на времето и можат ефикасно да се справат со предизвици како политички кризи, економски, здравствени, какви било падови, длабоко вкоренети демократски норми кои ги почитуваат основните слободи и права на граѓаните, бескомпромисни уставни судови кои ќе бидат гаранти на владеењето на правото. Дали ќе биде лесно? Не, воопшто, но и најдолгиот пат почнува со првиот чекор. Кој би бил првиот чекор? По мене правилно разбирање на политиката и правото. За правилно разбирање на политиката, нејзините носители, неопходно е да се потсетат на она што Макс Вебер го посочи како особини коишто треба да ги поседува политичарот – страста, одговорноста и одмереноста. За правилно разбирање на владеењето на правото, судската власт особено уставните судии, треба да ги поседуваат следните клучни особини – совест, независност и бескомпромисност. Отсуството на лојалност кон овие особини не само што е „смртен грев”, како што смета Вебер за политичарот, според мене, за судиите уште повеќе, ќе не држи во вртлогот на неизвесноста, несигурноста, перманентните кризи ќе продолжат, искривените вредности ќе бидат прифаќани како животен стил, ерозијата на правниот поредок и атрофијата на кредибилитетот на институциите ќе продолжи. Успехот и брзината на овој процес кој ќе наидува на препреки од различен тип (политизација, етнизација на постапките на судовите, национализам, популизам, итн.) сепак ќе зависи од првиот чекор којшто ќе го менува менталитетот и свеста кај граѓаните, полека ќе се поставуваат нови стандарди под кои секој нареден нема да може да оди. Никој не вели дека ќе биде ни лесно ни брзо. Но мора да започне! 

 Верувам дека голем дел од државите поминале или сè уште се соочуваат со идентични или слични предизвици, и од тој аспект за мене лично темата е исклучително релевантна, би бил среќен ако слушнам како се надминале или како се надминуваат ваквите предизвици.

Нема да го оптоварувам овој собир со конкретни примери на постапување на нашиот Уставен суд, иако е бројна и богата нашата уставно-судска практика (имам мал дел од неа во овој говор, се надевам ќе ви биде поделен), но, ќе повторам, очигледно недоволна. И тоа е нешто што јас како претседател го имам поставено како приоритет над сите приоритети, нештата драматично да се менуваат!

Ви благодарам.

Најчести случаи во кои Уставниот суд утврдува повреда на уставното начело на поделба на власта се оние во кои пред Уставниот суд се оспоруваат подзаконски акти со кои Владата или министерствата, односно министрите како носители на извршната власт излегуваат од законски утврдените граници на нивните овластувања за правно регулирање на односите при разработка на законите. Во судската практика на Уставниот суд на нашата земја е прифатен ставот дека правата на граѓаните и условите за нивното остварување можат да бидат уредени само со закон, а не и со подзаконски акт. Со подзаконските акти што ги донесува Владата, министерствата и другите органи на управата, како и самостојните регулаторни тела, можат само да се разработуваат законските одредби во функција на нивна примена, но не и да се утврдуваат права и обврски, ниту пак да се пропишуваат нови услови и критериуми за нивно остварување што се надвор од законските услови и критериуми. Ова води кон повреда не само на принципот на владеењето на правото, туку и на принципот на поделба на власта. 

Во последните неколку години, особено во периодот на ковид кризата, Уставниот суд во повеќе предмети поништи уредби со законска сила што ги донесе Владата заради справување со новонастанатата ситуација на пандемијата бидејќи утврди дека со нив таа ги пречекорила уставните надлежности уредувајќи прашања и пропишувајќи ограничување на правата на граѓаните кои немаат никаква врска со санитарната и здравствената криза. 

Постојат и такви ситуации во кои и Собранието на Републиката излегува надвор од уставните рамки при законското уредување на надлежностите на органите основани врз основа на Уставот, како што е на пример Уставниот суд. Во практиката овие случаи се ретки бидејќи во нашата земја не постои Закон за Уставниот суд, туку работењето на Уставниот суд е уредено со Актот на Судот, така што законодавецот нема многу можности со интервенции во законите да влијае врз положбата и надлежностите на Уставниот суд. Но, секогаш кога тоа се случува, Уставниот суд реагира и по сопствена иницијатива покренува постапка за оценување на уставноста.

Како еден облик на вмешување на законодавната власт во судската беше оценето и пропишувањето во Законот за кривичната постапка, на задолжителен притвор во случај кога постои основано сомнение дека е сторено кривично дело за кое е пропишана казна доживотен затвор (Одлука У.бр.34/2005 од 31 мај 2006).

Од поновата судска практика како пример за вмешување на законодавната власт во судската власт може да се наведе и одредбата од Законот за Судскиот совет која предвидуваше дека претседателот на Судскиот совет и неговиот заменик се избираат од редот на членовите на Советот со право на глас, кои се избрани од страна на Собранието на Република Северна Македонија.

Ова се само мал број примери од уставно-судската практика на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Овие примери покажуваат дека уставните судови со својата работа даваат придонес за почитувањето на уставните вредности и принципи, меѓу кои и принципот на поделба на власта, ставајќи го постапувањето на другите државни органи во границите определени со Уставот и на тој начин придонесувајќи да се зајакне конституционализмот и владеењето на правото. Судот, во својата уставно-судска практика, до сега има дадено авторитетни правни толкувања на сите темелни вредности, принципи, начела, им има дадено содржинска смисла во нивните манифестации, доволно е останатите власти да ја следат, почитуваат и применуваат таквата практика и одлуките на Судот. Одлуките на Судот, во кои е оценувана материјалната, формалната уставност и ставовите на Судот по бројни предмети го легитимираат правото. Уставниот суд е на врвот на пирамидата која се вика владеење на правото, тој е најповиканиот да рефлектира правна сигурност, усогласеност во правниот поредок. За тоа постојат уставните судови, ништо повеќе ништо помалку.

Во мојата последна научна книга „Лојалност кон Уставот – Теоријата на живиот конституционализам”, јас веќе имам адресирано оваа тема, во поглавјето тензија меѓу очекувањата и реалноста – неисполнети очекувања. Дозволете ми во најкуси можни црти да ја истакнам мојата поента со што ќе ја потврдам и релевантноста на поставените теми.

Судската ревизија на законодавството, на општите прописи и заштитата на слободите и правата на човекот и граѓанинот, на глобално ниво е воспоставена како незаменлива карактеристика на современиот конституционализам, на современите демократии. Уставните судови и уставното судство деновиве се помоќни од кога било. Додека многумина го поздравуваат ваквиот развој, други тврдат дека тој би можел да претставува прикриен обид за ограничување на демократски избраните власти, или она што се нарекува влез во „судократија“. 

Доминантниот модел на либералната демократија, конституционализмот го дефинира со способноста на уставните судови да ја ограничат политиката (власта), ставајќи акцент на заштитата на човековите права и приматот на правото над политиката. Не случајно се прераскажува една анегдота за рибарската мрежа во која се заробуваат само ситните и слаби риби, додека оние поголемите успеваат да ја искинат. Таа мрежа е симболиката на хендикепиран правен систем кој нема цврсти механизми да ги ограничи неправата
произведени од апстиненцијата на начелото „поделба на власта”. Концептот на „неоконституционализмот“ Уставот го разбира како “закон над законите” како „закон создаден од народот за регулирање и ограничување на владата“. Оттука, овој доминантен модел, привилегијата на толкување на Уставот, неговите вредности, принципи и норми, разбирливо го доделува на уставните судови, кои се врховни и авторитативни толкувачи, додека обврската на сите други органи на државната власт е да се усогласуваат со Уставот и одлуките на Уставниот суд.

Денес веројатно повеќе од било кога, во околности на пресилни и предоминантни политички власти со често популистички, некогаш и националистички премиси, нужно бара од Уставните судови тие да бидат добри бранители на демократијата и човековите слободи и права, да ја обезбедуваат поделбата на власта како неопходен елемент за функционална демократија, да бидат независни од политичките актери и да избегнуваат судски активизам преку самоограничување или судска воздржаност. Ова се суштинските цели и вредности кои се очекуваат од уставните судови, но нивното обезбедување претставува предизвик за секој уставен суд вклучително и за Уставниот суд на Македонија.

Предизвикот е во дилемата дали е можно целосно максимизирање на сите четири вредности во исто време. Од таа причина, ние мора да ги гледаме уставните судови како предмет на континуирана конститутивна тензија, нивниот институционален уставен дизајн вклучува неизбежни компромиси бидејќи, за да се максимизираат одредени вредности, другите вредности мора – барем делумно да попуштат.

Но не компромиси со било кого, особено не со политиката. Зборувам за компромиси меѓу посочените 4 суштински цели, бидејќи директна последица од оваа тензија е тоа што логично е невозможно да се дизајнира совршен уставен суд. Таквата неможност, и евентуалните лоши компромиси природно резултираат со  фактот што уставните судови создаваат неисполнети општествени и политички очекувања. Таков е и случајот со Македонија. Донесувањето на Уставот од 1991 година, создаде огромни очекувања. Историскиот контекст беше таков што постоеше ентузијазам, оргомна енергија која природно продуцираше очекување транзицијата кон демократија да го стабилизира и подобри севкупниот општествено политички живот, или едноставно да донесе подобар живот.

Уставот од 1991-та година беше темелот на кој требаше да се изгради новиот уставно правен, новиот општествен поредок, да го обезбеди преминот кон демократија, изградбата на демократски институции чија есенцијална цел требаше да биде да ги штити човековите слободи и права. Околу новиот Устав, неговите темелни вредности, принципи и норми се градеа и очекувањата на граѓаните за подобра блиска иднина. За жал објективна оцена е дека таквите очекувања беа изневерени. Неспорно е дека транзитиравме во демократија, неспорно е дека имавме пероди на стабилност, но никако да го направиме нужниот исчекор кон зрела демократија. 

Кои беа причините за изневерените очекувања, и што е она што е нужно денес и што е она што се очекува од Уставниоте судови?

Да почнам со причините. Во услови на 32 годишна транзиција, недостатокот на демкоратски традиции продуцираа уставна, правна и политичка некултура. Ако е тоа неспорен факт, последиците од истото се мултиплицираат на начин што без исклучок една од властите а тоа е секогаш извршната власт станува предоминантна во однос на останатите, односно ги узурпира законодавната и судската. Тие стануваат на некој начин заложници на извршната власт. Таквата реалност која во Македонија ја сведочевме предолго, има свои последици. Таа доведува до партизација на севкупниот систем, ослабната институции кои не се раководени од словото на Уставот и законите туку од политички центри на моќ, институции кои не се лојални на Уставот, туку лојални на партиските моќници, напуштање на императивниот принцип на поделба на власата со сериозен дисбаланс и отсуство на принципот на cheks and balance. Крајниот резултат е несомнен, владеењето на правото беше жртвувано.

Објективните извештаи изминативе десетина години нашиот поредок го квалификуваа како “заробена држава”, “хибриден режим”! Тоа доведе до состојба довербата на граѓаните во правната држава, во владеењето на правото, во институциите на системот денес во Македонија да биде на историски најниско ниво. А требаше да биде поинаку!

Ако веќе знаеме каде погрешивме, тогаш и одговорот на прашањето што треба и што може да направиме е едноставен.

Неопхони се радикални чекори. По мое длабоко убедување соочени со ваква уставна реалност, Уставните судови се најповиканите кои можат да ја вратат довербата и да го воспостават поредокот кој ќе продуцира правна сигурност, да го вратат владеењето на правото и довербата во правната држава. Да ја ресетираат поделбата на власта и политиката да ја стават во правни, уставни рамки, онака како што класичната доктрина на Монтескје налага, трите власти да бидат одвоени и да делуваат независно една од друга. Поделбата на власта значи дека власта не е монопол и привилегија на еден орган или на едно лице, туку е поделена помеѓу повеќе самостојни и независни органи со што се спречува можноста за нејзина злоупотреба и узурпација. Поделбата на власта е во суштината на конституционализмот, бидејќи задира во самата структура на државата и нејзината организација и меѓусебните односи на државните органи, а преку ограничувањето на дискрецијата во вршењето на власта, принципот на поделба на власта го овозможува остварувањето и заштитата на слободите и правата на граѓаните. 

Во соочувањето со таа аномалија во нашата уставна реалност ние како Уставен суд сме подготвени безкомпромисно да ја штитиме од честите повреди темелната вредност – поделбата на власта. Без дилема едноставно мораме со наши одлуки, со судски активизам, да го возобновиме изместениот систем на контрола и рамнотежа, да ја ограничиме предоминацијата и узурпацијата на извршната над законодавната и судската власт. Мораме најоптимално можно да ја спречиме доминацијата на политиката над правото, да ја ставиме во уставната рамка, бидејќи таа создава амбиент на несигурност и неможност граѓаните да ги уживаат слободите и правата! Доколку опстоиме во таа наша безкомпромисност, без дилема резултатот во пристоен временски период ќе биде зголемувањето на уставната и правната култура од чие отсуство ги видовме последиците. Уставните судови мораат да ја понесат таа одговорност!

Ако Уставниот суд не ја обавува својата основна функција на начин на кој Уставот налага и не продуцира стабилност на правниот поредок, правна сигурност, усогласеност и хармонија, не биде кочница на “дивеењето” на “уставно недисципираните” власти, било тоа да е извршната, законодавната, локалната, и не ги запира во нивното самоволие, тогаш тој е директен соучесник за состојбите кои ги сведочиме. Оправдување нема и не може да има! Но, ваквите констатации нема да ги сменат работите. А работите мора да се менуваат. Со дела! Мораме ние како уставни судии и како Уставни судии да дадеме клучен придонес во исчекорот кон зрелата демократија! Зрелата демократија подразбира високо ниво на уставна и политичка култура, реална а не лажна посветеност на владеењето на правото, стабилни независни институции, институции кои го издржале тестот на времето и можат ефикасно да се справат со предизвици како политички кризи, економски, здравствени, какви било падови, длабоко вкоренети демократски норми кои ги почитуваат основните слободи и права на граѓаните, безкомпромисни Уставни судови кои ќе бидат гаранти на владеењето на правото. Дали ќе биде лесно? Не воопшто, но и најдолгиот пат почнува со првиот чекор. Кој би бил првиот чекор?

По мене правилно разбирање на политиката и правото. За правилно разбирање на политиката, нејзините носители, неопходно е да се потсетат на она што Макс Вебер го посочи како особини коишто треба да ги поседува политичарот – страста, одговорноста и одмереноста. За правилно разбирање на владеењето на правото, судската власт особено уставните судии, треба да ги поседуваат следните клучни особини – совест, независност и бескомпромисност. Отсуството на лојалност кон овие особини не само што е „смртен грев”, како што смета Вебер за политичарот, јас за судиите, уште повеќе, ќе не држи во вртлогот на неизвесноста, несигурноста, перманентните кризи ќе продолжат, искривените вредности ќе бидат прифаќани како животен стил, ерозијата на правниот поредок и атрофијата на кредибилитетот на институциите ќе продолжи. Успехот и брзината на овој процес кој ќе наидува на препреки од различен тип (политизација, етнизација на постапките на судовите, национализам, популизам, итн) сепак ќе зависи од првиот чекор којшто ќе го менува менталитетот и свеста кај граѓаните, полека ќе се поставуваат нови стандарди под кои секој нареден нема да може да оди. Никој не вели дека ќе биде ни лесно ни брзо. Но мора да започне! 

Верувам дека голем дел од државите поминале или се уште се соочуваат со идентични или слични предизвици, и од тој аспект за мене лично темата е исклучително релевантна, би бил среќен ако слушнам како се надминале или како се надминуваат ваквите предизвици.

Нема да го оптеретувам овој собир со конкретни примери на постапување на нашиот Уставен суд, бројна и богата е нашата уставно судска практика (имам мал дел од неа во овој говор се надевам ќе ви биде поделен), но ќе повторам очигледно недеоволна. И тоа е нешто што јас како претседател го имам поставено како приоритет над сите приоритети, нештата драматично да се менуваат!

Ви благодарам.

Најчести случаи во кои Уставниот суд утврдува повреда на уставното начело на поделба на власта се оние во кои пред Уставниот суд се оспоруваат подзаконски акти со кои Владата или министерствата односно министрите како носители на извршната власт излегуваат од законски утврдените граници на нивните овластувања за правно регулирање на односите при разработката на законите. Во судската практика на Уставниот суд на нашата земја е прифатен ставот дека правата на граѓаните и условите за нивното остварување можат да бидат уредени само со закон, а не и со подзаконски акт. Со подзаконските акти што ги донесува Владата, министерствата и другите органи на управата, како и самостојните регулаторни тела, можат само да се разработуваат законските одредби во функција на нивна примена, но не и да се утврдуваат права и обврски, ниту пак да се пропишуваат нови услови и критериуми за нивно остварување што се надвор од законските услови и критериуми. Ова води кон повреда не само на принципот на владеењето на правото, туку и на принципот на поделба на власта. 

Во последните неколку години, особено во периодот на ковид кризата, Уставниот суд во повеќе предмети поништи уредби со законска сила што ги донесе Владата заради справување со новонастанатата ситуација на пандемијата бидејќи утврди дека со нив таа ги пречекорила уставните и надлежности уредувајќи прашања и пропишувајќи ограничување на правата на граѓаните кои немаат никаква врска со санитарната и здравствената криза. 

Постојат и такви ситуации во кои и Собранието на Републиката излегува надвор од уставните рамки при законското уредување на надлежностите на органите основани врз основа на Уставот како што е на пример Уставниот суд. Во практиката овие случаи се ретки бидејќи во нашата земја не постои Закон за Уставниот суд туку работењето на Уставниот суд е уредено со акт на Судот така што законодавецот нема многу можности со интервенции во законите да влијае врз положбата и надлежностите на Уставниот суд. Но секогаш кога тоа се случува, Уставниот суд реагира и по сопствена иницијатива покренува постапка за оценување на уставноста.

Како еден облик на вмешување на законодавната власт во судската беше оценето и пропишувањето во Законот за кривичната постапка, на задолжителен притвор  во случај кога постои основано сомнение дека е сторено кривично дело за кое е пропишана казна доживотен затвор (Одлука У.бр.34/2005 од 31 мај 2006).

Од поновата судска практика како пример за вмешување на законодавната власт во судската власт може да се наведе и одредбата од Законот за Судскиот совет која предвидуваше дека претседателот на Судскиот совет и неговиот заменик се избираат од редот на членовите на Советот со право на глас, кои се избрани од страна на Собранието на Република Северна Македонија.

Ова се само мал број примери од уставно-судската практика на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Овие примери покажуваат дека уставните судови со својата работа даваат придонес за почитувањето на уставните вредности и принципи, меѓу кои и принципот на поделба на власта, ставајќи го постапувањето на другите државни органи во границите определени со Уставот и на тој начин придонесувајќи да се зајакне конституционализмот и владеењето на правото. Судот во својата уставно-судска практика до сега има дадено авторитетни правни толкувања на сите темелни вредности, принципи начела, им има дадено содржинска смисла во нивните манифестации, доволно е останатите власти да ја следат почитуваат и применуваат таквата практика и одлуките на Судот. Одлуките на Судот, во кои е оценувана материјалната, формалната уставност, ставовите на Судот по бројни предмети го легитимираат правото. Уставниот суд е на врвот на пирамидата која се вика владеење на правото, тој е најповиканиот да рефлектира правна сигурност, усогласеност во правниот поредок. За тоа постојат уставните судови, ништо повеќе ништо помалку.