Судиите на Уставниот суд, проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер учествуваа на годишната Конференција за човекови права и пристапот на заштита на животната средина и идните генерации, во организација на Европскиот форум на судии за животна средина.
Во фокусот на годинашната Конференција беа човековите права и животната средина и аспектите на остварување на овие права преку механизмите на заштита кои со кои располагаат државите. Беа дискутирани темите за последните случувања во политиката и правото на ЕУ за животна средина, пристапот за човекови права кон заштитата на животната средина и идните генерации на Европскиот суд за човекови права, улогата на Омбудсманот за идните генерации од аспект на заштита на правата за животна средина.
Судиите на Уставниот суд придонесоа со својата дискусија преку споделување на уставно-правните механизми на заштита на овие права во Република Северна Македонија како и размислувања за најдобрите можни решенија и практики имплементирани во земјите од Европа.
Помеѓу говорниците кои дадоа ценето мислење беа независни експерти од Обединети нации, членови на Судскиот совет на Франција, беа споделени искуствата од судската пракса на Холандија, Норвешка, се даде осврт за Право на безбедна животна средина во време на војна во Украина.
На маргините на Конференцијата судиите Павловска-Данева и Фатмир Скендер остварија средби со проф. д-р Лук Лаврисен, претседател на Уставниот суд на Белгија и проф. д-р Мартин Ајферт, судија на Сојузниот Уставен суд на Германија, со кои разменија мислења за унапредување на заштитата на правата за животна средина.
Конференцијата се одржа во периодот 18-19 октомври 2024 година во Будимпешта.