Делегација на Уставниот суд предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски ќе учествува на Втората годишна конференција на Форумот на балканските уставни судови која ќе се одржи од 23-25 октомври во Приштина, Косово.
Во фокус на Конференцијата ќе бидат темите за еволуцијата во современата уставна правда преку примери од Балканскиот регион.
Предвидено е претседателот Костадиновски да има свое обраќање на темата: „Уставните судови како чувари на демократските вредности и принципи: балансирање помеѓу извршна, законодавна и судска власт во современите држави“.
Со организирањето на Меѓународна конференција ќе се одбележи и 15 годишниот јубилеј од основањето на Уставниот суд на Косово.