Судијата проф. д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, заедно со претставници од неколку македонски институции и организации учествуваа на Регионална конференција за човекови права и животна средина во Југоисточна Европа.
Во фокусот на Регионална конференција беа предизвиците, актуелните прашања и трендови за здрава животна средина, беа разменети мислења за механизмите и пристапите на остварување на правата поврзани со ова прашање. Се обработуваа теми од пристапот до еколошка правда, суштински човекови права (фокусирајќи се, меѓу другото, на урбаниот развој, заштитени подрачја, загадување, рударство и тешка индустрија, хидроенергија.
Посебен осврт беше ставен на највисоките механизми со кои располагаат државите за заштита на овие човекови права како и пристапот до информации со кои располагаат институциите, со прашања поврзани со оваа област.
На Конференцијата учествуваа претставници од Европскиот суд за човекови права, Советот на Европа, Врховниот суд на Албанија, професори, адвокати и експерти од европскиот регион. Регионалната конференција се одржа во периодот од 17-18 октомври 2024 година во Будва, Црна Гора.