Соопштение по одржаната 27. седница

На 9 октомври Уставниот суд ја одржа 27. Седница, дискутираше по шест иницијативи и го одлучи следното:

1. Реферат У.бр.6/2024 

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 242 став 1 во делот „семејна“ од Законот за пензиско и инвалидско осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр.98/12, 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/14,188/14, 20/15, 61/15, 97/15, 129/15, 147/15, 154/15, 173/15, 217/15, 27/16, 120/16, 132/16, 35/18, 220/18, и 245/18, и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.180/19, 275/19, 31/20, 267/20, 67/22 и 79/23).

2. Реферат У.бр.102/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на делот: „Доколку не се приложат изјавите за согласност за исправка на грешка или постоењето на истата се утврди во постапка по службена должност, направената грешка не се отстранува, а постоењето на грешката се прибележува во имотниот лист, со потврда за запишување на промена.“ од член 209 став 6 од Законот за катастар на недвижности и („Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/2013, 41/2014, 115/2014, 116/2015, 153/2015, 192/2015, 61/2016, 172/2016 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.124/2019).

Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на делот: „ако кон пријавата за исправка на грешка се приложи изјава за согласност за исправка на грешката заверена кај нотар дадена од носителите на правата запишани во катастарот на недвижностите и субјектите во чија корист се запишани други стварни права, товари, ограничувања и прибележувања“ од член 209 став 6 и целината на член 209 од Законот означен во точката 1 од ова решение. 

3. Реферат У.бр.97/2022

Се отфрла иницијативата за  поведување постапка за оценување на уставноста на член 2 од Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надомест за приватизација на градежно земјиште („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.81/2022), донесена од Владата на Република Северна Македонија.

4. Реферат У.бр.88/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 2 став 1 алинеја 1 од Тарифата за надомест на трошоците за работа на здруженијата и правните клиники за давање на примарна правна помош, донесена од министерот за правда, број 01-4047/1 од 26.09.2019 година, („Службен весник на Република Северна Македонија” број 199/2019).

 5. Реферат У.бр.132/2022

Се отфрла иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и  законитоста на Тарифен систем за изменување на Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај  („Службен весник на Република Северна Македонија” број 211/2022).

6.  Реферат У.бр.185/2023

Се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 13 став 2 и член 14 став 1 од Статутот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија.

II-ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ

1. У.бр.90/2024

 Се укинуваат:

– член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“, од Законот за вработените во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 143/2019, 14/2020 и 302/2020);

– член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“ од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016, 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/2019, 14/2020, 215/2021 и 99/2022);

Член 2 став 1 алинеја 8 во делот „припадноста на заедницата/заедниците“, член 2 ставови 2 и 3,  член 3 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“ од Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и на пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор бр.12/1-42/4 од 27.02.2015 година („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/2015);

Член 3 став 1 алинеја 8 од Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавниот сектор, начинот на неговото водење, начинот на пристап, користење, обработка на податоците, како и начинот на обезбедување одговорност за веродостојноста и безбедноста на податоците бр.14/2-2766/3 од 29.08.2014 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.132/2014) и

Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување бр.0402-313/1 од 25.03.2016 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 63/2016).

2. У.бр.69/2023 и У.бр.70/2023

Се укинува член 2 став 2 алинеја 6 од Правилникот за постапката за доставување и регистрирање на колективните договори и нивните измени до надлежниот државен орган и начинот на водење на евиденцијата на доставените колективни договори и нивните измени („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.223/2022).

3. У.бр.206/2023

Се укинува член 88 ставови 8 и 9 од Законот за дивечот и ловството („Службен весник на Република Северна Македонија” број 263/ 2023). 

4. У.бр.151/2023

Се запира постапката за оценување на уставноста на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за почетна обука („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77 од 10 април 2023 година), донесен од Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. 

Напомена: Ова соопштение ги содржи информациите поврзани со она што е одлучено, аргументите и целосните одлуки и решенија Судот дополнително ги објавува.