Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.68/2024
Скопје, 25.09.2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав д-р Дарко Костадиновски, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, Добрила Кацарска, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Северна Македонија и член 72 од Актот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.115/2024), на седницата одржана на 25 септември 2024 година, донесе
О Д Л У К А
1. СЕ УКИНУВА член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Чешиново-Облешево („Службен гласник на Општина Чешиново-Облешево” бр.5/2006).
2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Чешиново-Облешево („Службен гласник на Општина Чешиново-Облешево” бр.5/2006).
3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Образложение
I
Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, по сопствена иницијатива со Решението У.бр.68/2024 од 9 април 2024 година поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од Деловникот на Општина Чешиново-Облешево, означена во точката 1 од оваа одлука.
II
На седницата Судот утврди дека според член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Чешиново-Облешево, „Членот на Советот има право на седниците на Советот да поднесува барање за давање на автентично толкување на прописите“.
III
Според член 8 став 1 алинеи 3 и 9 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото и локалната самоуправа се темелни вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Согласно со член 51 од Уставот, во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Согласно со член 115 став 2 од Уставот, општината е самостојна во вршењето на надлежностите утврдени со Уставот и со закон, а надзорот над законитота на нејзината работа го врши Републиката.
Според член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.
Согласно со уставната одредба, надлежностите на општината се уредени со закон – Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) кој го уредува непосредното учество на граѓаните во одлучувањето, организацијата и работата на органите на општината, општинската администрација и актите на органите на единиците на локалната самоуправа.
Со член 36 од Законот за локалната самоуправа се уредени надлежностите на советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи.
Според член 62 став 1 од наведениот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.
Со член 43 од Законот за локалната самоуправа се уредени правата и должности на членовите на советот, па така согласно став 2 на наведениот член, членовите имаат право на седницата на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот, а според став 5 од истиот член, членовите на советот имаат и други права и должности утврдени со статутот и други прописи, во согласност со овој закон.
Советот на Општина Чешиново-Облешево, повикувајќи се на член 21 став 1 точка 2 од Статутот на Општина Чешиново-Облешево („Службен гласник на Општина Чешиново-Облешево” бр.3/05), на 27 мај 2006 година го донел Деловникот на Советот на Општина Чешиново-Облешево, во кој поблиску уредил определени прашања поврзани со организацијата и начинот на работа на Советот, меѓу кои и прашањето за правата и должностите на членовите на Советот на Општината. Во рамките на правото на членот на Советот да покренува иницијативи и да поднесува предлози до Советот, со оспорената одредба од член 15 точка 3 е предвидено дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.
Меѓутоа, во Законот за локалната самоуправа, автентичното толкување на прописите на општината не е предвидено како надлежност на советот на општината кој, како претставнички орган на граѓаните на локално ниво, е единствен орган кој донесува прописи. Оттука, членовите на советот на општината можат да поднесуваат иницијативи и да даваат предлози за прашања од надлежност на советот, а не и за оние прашања за кои советот не е надлежен, ниту овластен да одлучува, како што е прашањето за давање на автентично толкување на прописите на советот. Според тоа, со статут и други прописи може да се утврдат и други права и должности за членовите на советот, меѓутоа, како што произлегува од член 43 став 5 од Законот, уредувањето на други права и должности, треба да биде во согласност со Законот за локалната самоуправа.
Во конкретниот случај, се утврди дека Советот на Општина Чешиново-Облешево, во свој пропис – Деловникот за работа на Советот на Општина Чешиново-Облешево предвидел право за член на Советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите, иако таква надлежност на советите на општините не е предвидена во Законот за локалната самоуправа. Со таквото уредување, Советот на Општина Чешиново-Облешево излегол надвор од своите законски надлежности и уредил прашање, односно овластување на членовите на советот, кое нема законска основа.
За да можат органите на општината, пред сѐ советот на општината, да дава автентично толкување на прописите што ги носи, тоа овластување мора да биде предвидено во законот, на сличен начин како што тоа за Собранието на Република Северна Македонија е уредено со Уставот во член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, при што, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013). Во конкретниот случај, не постои законска основа за да можат органите на локалната власт да даваат автентично толкување на прописите, така што не може со Статутот на Општината и со Деловникот на Советот тоа да биде уредено како надлежност на Советот, односно како право на членот на Советот.
Од овие причини Уставниот суд, согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, по сопствена иницијатива го покрена прашањето за согласноста на означената одредба од Деловникот со Уставот и Законот за локалната самоуправа. Со оглед на тоа дека нејзиното уредување во Деловникот на Општината е без уставен и законски основ, Судот цени дека одредбата не е во согласност со принципот на владеењето на правото од член 8 став 1 алинеја 3 и уставната обврска за усогласеност на прописите со Уставот и законите, определена во член 51 од Уставот, како и со одредбите од Законот за локалната самоуправа во кој се уредени овластувањата на единиците на локалната самопуправа.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
V
Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Д-р Дарко Костадиновски
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.68/2024
Shkup, 25.09.2024
Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të kryetarit të Gjykatës, dr. Darko Kostadinovski dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr.Jadranka Daboviq-Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, Dobrilla Kacarska, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të neneve 110 dhe 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 72 të Aktit të Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut“ nr.115/2024), në seancën e mbajtur më 25 shtator 2024, miratoi
V E N D I M
1. NDËRPTITET neni 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Çeshinovës-Obleshevës (“Gazeta Zyrtare e Komunës Çeshinovë-Obleshevë” nr.5/2006).
2. SHFUQIZOHET Aktendimi për ndalimin e zbatimit të akteve individuale dhe veprimeve të ndërmarra në bazë të nenit 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës Çeshinovë-Obleshevë (“Gazeta Zyrtare e Komunës Çeshinovë-Obleshevë” nr.5/2006).
3. Ky vendim do të publikohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut “.
Arsyetim
I
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, me vetëiniciativë me Vendimin U.nr. 68/2024 nga 9 prilli i vitit 2024 ka iniciuar procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së Rregullores së Komunës Çeshinovë-Obleshevë të cekur në pikën 1 të këtij vendimi.
II
Gjykata në seancë konstatoi se sipas nenit 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Çeshinovës-Obleshevës, “Anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave në mbledhjet e Këshillit“.
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Me nenin 51 të Kushtetutës është përcaktuar se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe ligj. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 110 paragrafi 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Në pajtim me nenin 115 paragrafi 2 të Kushtetutës, komuna është e pavarur në ushtrimin e kompetencave të përcaktuara me Kushtetutë dhe me ligj, ndërsa mbikëqyrjen mbi ligjshmërinë e punës së saj e kryen Republika.
Sipas nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.
Në përputhje me dispozitën kushtetuese, kompetencat e komunës janë të rregulluara me ligj – Ligji për vetëqeverisje lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002) me të cilin rregullohet pjesëmarrja e drejtpërdrejtë e qytetarëve në vendimmarrje, organizimin dhe punën e organeve të komunës, administratës komunale dhe akteve të organeve të njësive të vetëqeverisjes lokale.
Me nenin 36 të Ligjit për vetëqeverisje lokale rregullohen kompetencat e këshillit, ndërsa sipas paragrafit 1 pika 1 të këtij neni, këshilli është kompetent për miratimin e statutit të komunës dhe rregullave tjera.
Sipas nenit 62 paragrafi 1 i këtij ligji, në kryerjen e detyrave nga kompetenca e tij, këshilli miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulla tjera të përcaktuara me ligj.
Neni 43 i Ligjit për vetëqeverisje lokale rregullon të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit, kështu që sipas paragrafit 2 të këtij neni, anëtarët kanë të drejtë të japin iniciativa dhe propozime dhe t’i bëjnë pyetje kryetarit të komunës, dhe sipas paragrafit 5 të të njëjtit nen, anëtarët e këshillit kanë të drejta dhe detyra të tjera të përcaktuara me statut dhe rregulla të tjera, në pajtim me këtë ligj.
Këshilli i Komunës Çeshinovë-Obleshevë, duke iu referuar nenit 21 paragrafi 1 pika 2 të Statutit të Komunës Çeshinovë-Obleshevë (“Gazeta Zyrtare e Komunës Çeshinovë-Obleshevë” nr. 3/05), më 27 maj të vitit 2006 ka miratuar Rregulloren e Këshillit të Komunës së Çeshinovës-Obleshevës, me të cilën më për së afërmi ka rregulluar disa çështje që kanë të bëjnë me organizimin dhe mënyrën e punës së Këshillit, duke përfshirë çështjen e të drejtave dhe detyrave të anëtarëve të Këshillit të Komunës. Në kuadër të së drejtës së anëtarit të Këshillit për të iniciuar iniciativa dhe për të parashtruar propozime në Këshill, dispozita kontestuese e nenit 15 pika 3 parashikon se një anëtar i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave në mbledhjet e Këshillit.
Mirëpo, në Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale, interpretimi autentik i rregullave komunale nuk është paraparë si kompetencë e këshillit komunal, i cili si organ përfaqësues i qytetarëve në nivel lokal është i vetmi organ që miraton rregulla. Pra, anëtarët e këshillit të komunës mund të paraqesin iniciativa dhe të japin propozime për çështje nga kompetenca e këshillit, e jo për ato çështje për të cilat këshilli nuk është kompetent dhe as i autorizuar të vendosë, si p.sh. interpretimi autentik i rregullave të këshillit. Rrjedhimisht, statuti dhe rregullat e tjera mund të përcaktojnë të drejta dhe detyra të tjera për anëtarët e këshillit, mirëpo, siç del nga neni 43 paragrafi 5 i Ligjit, rregullimi i të drejtave dhe detyrave të tjera duhet të jetë në përputhje me Ligjin për sistemin vetëqeverisje lokale.
Në rastin konkret është konstatuar se Këshilli i Komunës Çeshinovë-Obleshevë në rregulloren e tij – Rregulloren e punës së Këshillit të Komunës Çeshinovë-Obleshevë ka paraparë të drejtën e një anëtari të Këshillit të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave, edhe pse kjo kompetencë e këshillave të komunave nuk është e paraparë në Ligjin për vetëqeverisje lokale. Me një rregullim të tillë, Këshilli i Komunës Çeshinovë-Obleshevë doli jashtë kompetencave të tij ligjore dhe rregulloi një çështje, përkatësisht autorizimin e anëtarëve të këshillit, që nuk ka bazë ligjore.
Në mënyrë që organet e komunës, mbi të gjitha këshilli i komunës, të japin një interpretim autentik të rregullave që i miraton, ai autorizim duhet të parashikohet në ligj, në mënyrë të ngjashme siç është rregulluar për Kuvendin e Republikës së Maqedonisë së Veriut me Kushtetutë në nenin 68 paragrafi 1 alineja 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, me çka procedura për interpretimin autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013). Në rastin konkret nuk ka asnjë bazë ligjore që organet e pushtetit lokal të japin interpretim autentik të rregullave, kështu që nuk mund me Statutin e Komunës dhe Rregulloren e Këshillit të rregullohet si kompetencë e Këshillit, respektivisht si e drejtë e anëtarit të Këshillit.
Për këto arsye, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, ngriti çështjen e përputhshmërisë së dispozitës së përmendur të Rregullores me Kushtetutën dhe Ligjin për vetëqeverisje lokale. Duke qenë se rregullimi i saj në Rregulloren e Komunës është pa bazë kushtetuese dhe ligjore, Gjykata vlerësoi se dispozita nuk është në përputhje me parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 dhe obligimin kushtetues për pajtueshmërinë e rregullave me Kushtetutën dhe ligjet, të përcaktuara në nenin 51 të Kushtetutës, si dhe me dispozitat e Ligjit për vetëqeverisje lokale, me të cilin rregullohen kompetencat e njësive të vetëqeverisjes lokale.
IV
Nisur nga sa më sipër, Gjykata, me shumicë votash vendosi si në dispozitivin e këtij vendimi.
V
Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e publikimit në Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.
KRYETAR
i Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
dr. Darko Kostadinovski