Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.48/2024
Скопје, 02.10.2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав д-р Дарко Костадиновски, претседател на Судот и судиите м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, Добрила Кацарска, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Северна Македонија и членовите 37 став 4 и 72 алинеја 1 од Актот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.115/2024), на седницата одржана на 2 октомври 2024 година, донесе
О Д Л У К А
1. СЕ УКИНУВА член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Росоман („Службен гласник на Општина Росоман“ бр.7/2005).
2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Росоман („Службен гласник на Општина Росоман“ бр.7/2005).
3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Образложение
I
Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), оформи предмет и со Решението У.бр.48/2024 од 28 мај 2024 година, поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од Деловникот на Советот на Општина Росоман, означена во точката 1 од оваа одлука.
II
На седницата Судот утврди дека согласно член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Росоман, член на Советот има право на седниците на Советот да поднесува барање за давање на автентично толкување на прописите.
III
Владеењето на правото како уставен принцип утврден со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот е определен како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно член 51 од Уставот.
Согласно член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Според член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2002), советот на општината го донесува статутот на општината и други прописи. Согласно член 62 став 1 од истиот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.
Членот 43 од наведениот закон ги уредува правата и должностите на членовите на советот. Конкретно, според став 2 од наведениот член, членовите имаат право на седницата на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот, а според став 5 од истиот член, членовите на советот имаат и други права и должности утврдени со статутот и други прописи, во согласност со овој закон.
Имајќи ги предвид наведените законски одредби, со статут и други прописи може да се утврдат и други права и должности за членовите на советот, меѓутоа, како што произлегува од член 43 став 5 од Законот, уредувањето на други права и должности, треба да биде во согласност со Законот за локалната самоуправа.
Советот на Општина Росоман, врз основа на член 3 став 1 од Статутот на Општина Росоман („Службен гласник на Општина Росоман“ бр.7/2005), го донел Деловникот на Советот на Општина Росоман, објавен во „Службен гласник на Општина Росоман“ бр.7/2005. Притоа, од содржината на член 15 алинеја 3 од наведениот деловник, произлегува дека со истата се утврдува право на член на Советот, на седница, да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.
Неспорно е дека утврденото право за членовите на Советот на Општина Росоман се однесува на институтот „автентично толкување на прописите“ иако Законот за локалната самоуправа не содржи одредби од кои произлегува надлежност за совет на општина да може да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту пак, Законот упатува на можност во друг акт (статут или деловник на општина) да се уреди овој правен институт. Судот утврди дека Советот на Општина Росоман, уредувајќи го ова прашање со конкретната одредба од Деловникот, излегол надвор од своите законски утврдени надлежности.
Воедно, од уставната норма содржана во член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот произлегува дека автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт. Согласно оваа уставна норма, Собранието ги донесува законите и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.248/2023). Според Судот, наведеното упатува на заклучок дека институтот „автентично толкување“, треба да биде предвиден во закон за да можат органите на локалната власт да го применуваат, впрочем како што тоа е предвидено за законодавецот како орган на државната власт во цитираната одредба од член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот. Во конкретниот случај, законски основ за овој институт нема за органите на локалната власт, па оттука, не може во деловник или статут изворно да се уредува истиот.
Согласно наведеното, а имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот каде е утврдено дека во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, Судот утврди дека член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Росоман („Службен гласник на Општина Росоман“ бр.7/2005) е во спротивност со Законот за локалната самоуправа и со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото, утврдена во член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно која во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
V
Ова одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
д-р Дарко Костадиновски
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.48/2024
Shkup, 02.10.2024
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të dr. Darko Kostadinovski, kryetar i Gjykatës dhe gjykatësve mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, Dobrilla Kacarska, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 dhe 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe neneve 37 paragrafit 4 dhe 72 alineja 1 e Aktit të Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.115/2024), në seancën e mbajtur më 2 tetor 2024, miratoi
V E N D I M
1. SHFUQIZOHET neni 15 alineja 3 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Rosomanit (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Rosomanit“ nr.7/2005).
2. VIHET JASHTË FUQIE Aktvendimi për ndërprerjen e zbatimit të akteve individuale apo veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të nenit 15 alinesë 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Rosomanit (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Rosomanit“ nr.7/2005).
3. Ky vendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), formoi lëndë dhe me Aktvendimin U.nr.48/2024 të 27 majit 2024 inicioi procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së Rregullores së Këshillit të Komunës së Rosomanit, të përcaktuar në pikën 1 të këtij Vendimi.
II
Në seancë Gjykata përcaktoi se në pajtim me nenin 15 alinenë 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Rosomanit, anëtari i Këshillit ka të drejtë që në mbledhjen e Këshillit të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave.
III
Sundimi i së drejtës si parim kushtetues i përcaktuar me nenin 8 paragrafin 1 alinenë 3 të Kushtetutës është caktuar si vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet medoemos të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin, secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.
Neni 110 alineja 2 e Kushtetutës përcakton se Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Me nenin 36 paragrafin 1 pikën 1 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002) Këshilli i komunës e miraton statutin e komunës dhe rregullat e tjera. Ndërsa, sipas nenit 62 paragrafit 1 të Ligjit të njëjtë, këshilli në kryerjen e detyrave me kompetencë të tij miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulla të tjera të përcaktuara me ligj.
Me nenin 43 të Ligjit në fjalë rregullohen të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit. Më saktë, sipas paragrafit 2 të nenit në fjalë, anëtarët e këshillit kanë të drejtë në seancë të japin iniciativa dhe propozime dhe t’i parashtrojnë pyetje kryetarit të komunës, ndërsa sipas paragrafit 5 të të njëjtit nen, anëtarët e këshillit kanë të drejta dhe detyra të tjera të përcaktuara me statut dhe rregulla të tjera, në pajtim me këtë ligj.
Duke i marrë parasysh dispozitat e përmendura ligjore, me statut dhe rregulla të tjera mund të përcaktohen edhe të drejta dhe detyra të tjera për anëtarët e këshillit, megjithatë, siç del nga neni 43 paragrafi 5 i Ligjit, rregullimi i të drejtave dhe detyrave të tjera duhet të jetë në përputhje me Ligjin për Vetëqeverisje Lokale.
Këshilli i Komunës së Rosomanit, bazuar në nenin 3 paragrafin 1 të Statutit të Komunës së Rosomanit (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Rosomanit” nr. 7/2005), e ka miratuar Rregulloren e Punës së Këshillit të Komunës së Rosomanit, botuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Rosomanit” nr.7/2005. Për më tepër, nga përmbajtja e nenit 15 alineja 3 e rregullores së përmendur të punës, rezulton se e përcakton të drejtën e anëtarit të Këshillit që në seancë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave.
Është e pakontestueshme se e drejta e krijuar për anëtarët e Këshillit të Komunës së Rosomanit i referohet institutit “interpretim autentik i rregullave”, ndonëse Ligji për Vetëqeverisjen Lokale nuk përmban dispozita nga të cilat del autorizimi për këshillin e një komune të jetë në gjendje të japë interpretim autentik të rregullave që i miraton dhe as ligji nuk i referohet mundësisë së rregullimit të këtij instituti juridik në një akt tjetër (statut apo rregullore të komunës). Prandaj, Gjykata vlerëson se Këshilli i Komunës së Rosomanit, duke e rregulluar këtë çështje me dispozitë konkrete të Rregullores, ka shkuar përtej kompetencave të tij të përcaktuara me ligj.
Njëkohësisht, nga norma kushtetuese e nenit 68 paragrafit 1 alinesë 2 të Kushtetutës del se interpretimi autentik i ligjeve jepet nga ligjvënësi si organ i pushtetit legjislativ. Në përputhje me këtë normë kushtetuese, Kuvendi i miraton ligjet dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretimin autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.248/2023). Sipas Gjykatës, kjo që u tha më lart nxjerr në përfundimin se institucioni i “interpretimit autentik” duhet të parashihet në ligj në mënyrë që organet e qeverisjes lokale ta zbatojnë atë, në fakt, siç parashihet për ligjvënësin si organ i pushteti shtetëror në dispozitën e cituar të nenit 68 paragrafit 1 alinesë 2 të Kushtetutës. Në rastin konkret, ky institut nuk ka bazë ligjore për organet e qeverisjes lokale, prandaj nuk mund të rregullohet fillimisht në rregullore apo statut.
Në bazë të asaj që u tha më lart dhe duke i marrë parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës sipas të cilave në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën ndërsa të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe me ligjin dhe secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet, Gjykata përcaktoi se neni 15 alineja 3 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Rosomanit (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Rosomanit“ nr.7/2005) është në kundërshtim me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale dhe me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës.
IV
Në bazë të lartpërmendurës Gjykata, me shumicë votash, vendosi si në dispozitivin e këtij vendimi.
V
Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.
KRYETAR
i Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
dr. Darko Kostadinovski