У.бр.98/2024 и У.бр.139/2024

Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.98/2024 и 139/2024
Скопје, 25.09.2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав д-р Дарко Костадиновски, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска,  д-р Осман Кадриу, Добрила Кацарска, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 и член 112 од Уставот на Република Северна Македонија, член 72 и член 82 од Актот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” број 115/2024), на седницата одржана на 25 септември 2024 година, донесе

О Д Л У К А

1. СЕ УКИНУВААТ член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Северна Македонија” број 154/2023).

2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Северна Македонија” број 154/2023).

2. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Образложение

I

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по повод поднесените иницијативи од Петар Баришиќ од Скопје и Љупчо Кузмановски, адвокат од Скопје, со Решението У.бр.98/2024 и 139/2024 од 20 јуни 2024 година, поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Северна Македонија” број 154/2023), затоа што пред Судот со основ се постави прашањето за нивната согласност со Уставот.

II

На седницата Судот утврди дека член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Северна Македонија” број 154/2023), уредува

„Член 2

Членот 368 се менува и гласи:
„(1) Сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, застаруваат за пет години, од моментот на нивната извршност, како и побарувањата за кои во согласност со законот се предвидува пократок рок за застареност.
(2) Сите повремени побарувања, коишто произлегуваат од одлуки или порамнувања предвидени во ставот (1) на овој член и достасуваат во иднина, застаруваат во рокот предвиден за застареност на повремените побарувања.
(3) Застареноста на правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган прекинува со поднесување барање за извршување пред надлежен извршител, при што почнува да тече одново застареноста, која во извршната постапка трае десет години од моментот на поднесеното барање за извршување.“

Судот, утврди и дека член 4 од Законот, којшто е засебна норма, уредува дека започнатите постапки за наплата на побарувања предвидени во членот 2 од овој закон ќе завршат во согласност со овој закон.

III

Според член 8 став 1 алинеи 3 и 6 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото и правната заштита на сопственоста, се темелни вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Член 9 став 2 од Уставот, ја гарантира еднаквоста на граѓаните пред Уставот и законите.

Со член 30 став 1 од Уставот, се гарантира правото на сопственост и правото на наследување, а според член 30 став 3 од истиот член, никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон.

Според член 51 од Уставот, во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и законот. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Согласно со член 52 став 4 од Уставот, законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните.

Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи е објавен на 20 јули 2023 година во „Службен весник на Република Северна Македонија” број 154/2023, и влезен е во сила со денот на неговото објавување. Со оспорениот член 2 од наведениот закон, се менува член 368 од Законот за облигационите односи, и гласи:

(1) Сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, застаруваат за пет години, од моментот на нивната извршност, како и побарувањата за кои во согласност со законот се предвидува пократок рок за застареност.
(2) Сите повремени побарувања, коишто произлегуваат од одлуки или порамнувања предвидени во ставот (1) на овој член и достасуваат во иднина, застаруваат во рокот предвиден за застареност на повремените побарувања.
(3) Застареноста на правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган прекинува со поднесување барање за извршување пред надлежен извршител, при што почнува да тече одново застареноста, која во извршната постапка трае десет години од моментот на поднесеното барање за извршување.

Според оспорениот член 4 од Законот „Започнатите постапки за наплата на побарувања предвидени во членот 2 од овој закон ќе завршат во согласност со овој закон“.

Пред влегувањето во сила на измените и дополнувањата на Законот, член 368 став 1 од Законот за облигационите односи уредуваше дека побарувањата утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, застаруваат за десет години. Ова законско решение му дава право на доверителот во утврдениот рок од десет години, да може присилно да го наплати своето побарување. Според ново конципираното законско решение уредено со оспорениот член 2 од измените и дополнувањата на Законот, претходно утврдениот рок од десет години се скратува на пет години, а застарувањето започнува да тече од моментот на извршноста на погоре наведените акти.

Застареноста како правен институт, е еден вид санкција за несовесниот доверител кој ја пропуштил можноста да поднесе барање за извршување во рамките на законски пропишаниот рок, со што го губи правото на присилна наплата на побарувањето. Доверителот може и по истекот на рокот на застареност да поднесе барање за извршување (на застареноста не се внимава по службена должност од страна на суд/извршител, на застареност може да се повика само должникот), но доколку должникот истакне приговор на застареност, побарувањето не може присилно да се наплати. Приговорот на застареност е во диспозиција на должникот и со правото на негова примена должникот слободно располага, па оттука, во зависност од неговата волја, тој може да го употреби, но и не мора. Со настапување на застареноста, побарувањето се претвора во т.н. натурална облигација којашто не може присилно да се наплати, но која сè уште постои и која должникот може да ја плати доброволно, доколку не се повика на застареност. Дали доверителот ќе поднесе барање за извршување пред истекот на рокот на застарување на побарувањето, исклучиво зависи од волјата на доверителот, кој е свесен за околноста дека нема да може присилно да го наплати своето побарување доколку барањето за извршување не го поднесе во предвидениот рок, туку потоа, како и свесен за ризикот од можноста должникот да истакне приговор на застарување на побарувањето во ваков случај. Но, одлуката на доверителот да поднесе барање за извршување е детерминирана со рокот за поднесување на такво барање којшто е утврден со закон. Конкретно, неговото право да побара присилна наплата е врзано со законски утврдениот рок од кој всушност зависи и извесноста на реализацијата на присилната наплата.

Неспорно е дека ризикот и последиците од пропуштање на законскиот рок ги сноси исклучиво доверителот бидејќи станува збор за извесна состојба за која тој бил свесен и којашто самиот ја предизвикал и не можел да има легитимно очекување дека неговото побарување ќе може присилно да се наплати по истекот на рокот. Но, вака дефинираните право и обврска, според Судот, се применливи само доколку на доверителот му се познати роковите на застарување на побарувањето, утврдени со закон. Во спротивно, доколку законодавецот пропише нов, пократок рок за реализација на правото на присилна наплата, којшто не бил извесен, ниту предвидлив за доверителот, тој бива соочен со правна неизвесност, која пак има за последица одземање на уставно загарантираното право на граѓаните – правото на сопственост.

Доверителот како и секој граѓанин на државата, според Судот, не може да биде одговорен и да трпи последици од настанатата правна состојба (во случајов застареност) којашто самиот не ја предизвикал. Во контекст на ова, се наметнува прашањето од какво влијание е скратувањето на рокот од десет на пет години на застарување на побарувањата, односно со какви последици може да се соочат доверителите со законското скратување на рокот на застареност од десет на пет години, а кои до влегувањето во сила на законските измени, не поднеле барање за извршување, ниту пак, со измените им била дадена правна можност тоа да го сторат во одреден временски период за прилагодување кон новото законско решение.

Според Судот, рокот од десет години за сето време на неговото важење (до влегувањето во сила на законските измени) претставувал законски утврдена и предвидлива рамка врз основа на која субјектите во правото можеле со сигурност да очекуваат дека ќе дојде до фактичка реализација на нивното побарување по присилен пат со поднесување барање за извршување во рамки на пропишаниот рок од десет години. Меѓутоа, со законското скратување на рокот на застареност, застаруваат сите побарувања, доколку со влегувањето во сила на новото законско решение, изминале пет години од извршноста на правосилниот акт во кој било утврдено побарувањето, што за последица има доверителите да не можат по присилен пат да го намират своето побарување, иако претходната уреденост на рокот од десет години им давала легитимно право да очекуваат остварување на своето право во тој рок. Доверителите во никој случај не можеле да предвидат, ниту пак знаеле или биле должни да знаат дека законодавецот ќе утврди нов, пократок рок за поднесување на нивните барања за присилна наплата и дека таквата одредба ќе се примени и врз нивните постојни, тековни правни односи од сферата на приватното право.

Суштината на извршувањето по присилен пат, е да се реализира конкретно право утврдено со правосилна судска или друга одлука на надлежен орган, меѓутоа, законодавецот, користејќи го своето право со закон да ги уредува односите во правото, не само што го скратува рокот на пет години, туку се впушта и во уредување на односи коишто претходно веќе ги уредил (десет години), и ја дерогира правната сигурност на граѓаните дека постоечките, позитивни правни норми навистина ќе се применат на нивниот случај, без да понуди преодно решение, со кое субјектите во правото би можеле да се прилагодат на новонастанатата ситуација.

Од сето наведено, произлегува дека законодавецот не го почитувал тоа што првично го гарантирал и утврдил нови услови и рокови под кои ќе се одвиваат и претходно воспоставени правни односи.

Постоењето на несомненото повратното дејство на нормата утврдена со измените и дополнувањата на Законот за облигациони односи се поткрепува и со анализа на одредбата од истите измени со која не се утврдува преодно законско решение во функција на заштита на правната сигурност на граѓаните и нивните легитимни очекувања коишто ги имале пред влегувањето во сила на новите законски решенија.

Така, засебна норма во законските измени претставува и оспорениот член 4, според кој „Започнатите постапки за наплата на побарувања предвидени во член 2 од овој закон ќе завршат во согласност со овој закон.”

Од содржината на оспорениот член 4 од измените и дополнувањата на Законот за облигационите односи, неспорно произлегува дека оваа засебна норма се однесува токму на извршувањата започнати пред влегување во сила на измените и дополнувањата на Законот, а кои треба да се завршат на начин пропишан со оспорениот член 2 од предметниот закон, односно во рок којшто воопшто не постоел и не бил законски пропишан кога тие започнале. Законодавецот, не водејќи сметка за стекнатите права на доверителите, пропишал нивно одземање, односно на доверителите кои не започнале извршување, а се стекнале со извршна исправа пред повеќе од 5, 6, 7, 8 или 9 години од влегувањето во сила на предметниот закон, им застаруваат побарувањата, со што практично го губат правото на присилно извршување на своите побарувања.

Од ова, според Судот, јасно произлегува дека оспорениот член 4 од предметниот закон, создава повратно важење на новото законско решение од член 368 од Законот, врз претходно засновани правни односи со неповолно дејство, спротивно на уставната забрана од член 52 став 4 од Уставот дека законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните. Непотребно е дополнително да се експлицира дека во овој случај не може да се примени исклучокот утврден во член 52 став 4 од Уставот бидејќи доверителите се еднакво граѓани на државата на Република Северна Македонија, како што се и должниците, па оттука, според Судот, поволното дејство за едните, автоматски предизвикува неповолно, односно дискриминаторско дејство за другите граѓани како две страни на правниот однос. Тоа пак, доведува до нееднаков третман на граѓаните пред Уставот и законите. При ова, за последиците и ризиците од ваквата состојба, неспорно, доверителите не придонеле, бидејќи се раководеле и сметале на рокот од десет години којшто со закон бил утврден како рок во кој застаруваат побарувањата утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган.

Уставот со член 30 став 1, го гарантира правото на сопственост коешто се остварува, помеѓу другото, и со правото на граѓаните да покренуваат судски и други постапки во кои ќе можат да го докажат и заштитат своето право на сопственост. Меѓутоа, сето тоа останува во сферата на декларативна заштита доколку побарувањето утврдено со правосилен и извршен акт, застари, што е пречка за фактичка реализација на побарувањето, а тоа доведува до намалување на имотот, не по вина на доверителот кој има легитимно право да очекува дека побарувањето ќе му застари во оној рок којшто му го определил законодавецот. Побарувањето утврдено со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, претставува имот на доверителот, па со фактот дека тоа побарување застарува, со што се намалува имотот на доверителите во корист на должникот, според Судот, тоа неспорно значи загрозување на уставно загарантираното право на сопственост од член 30 став 1 на Уставот.

Во однос на ваквиот нормативен потег, законодавецот согласно неговите уставни овластувања има право да донесува закони, да ги менува и дополнува, да го утврдува почетокот на нивната примена, да констатира престанување на нивното важење и сл., а во таа насока и да утврдува рокови според кои треба да се раководат граѓаните во остварувањето на своите права, вклучително и да ги менува, меѓутоа, според Судот, законодавецот има и обврска да го уреди преминот од стариот во нов режим (преоден режим) на начин што ќе овозможи за одреден период, граѓаните да го прилагодат своето однесување кон новиот режим, со цел да не биде доведено во прашање остварувањето на нивните права и нивните легитимни очекувања коишто ги имале согласно претходните норми од истиот закон, што во конкретнот случај, не е сторено.

Имено, Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Северна Македонија” број 154/2023) во член 5 утврдува „Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, што значи неговата примена започнува веднаш со неговото објавување, без vacatio legis, чијашто смисла се состои од потребата на граѓаните да бидат запознати со содржината на законот пред неговото влегување во сила. Воедно, иако станува збор за суштински законски измени, очигледно, од страна на законодавецот немало интенција ниту за одложна примена на спорните одредби од предметниот закон, во функција на давање можност на граѓаните да го прилагодат своето однесување на новиот правен режим.

Од друга страна, Уставот во член 52 став 3 пропишува „Законите влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето.“ Од содржината на оваа уставна одредба произлегува дека законодавецот може да го користи исклучокот, но секако, за тоа е потребно објаснување и излагање на причините за таквата итност со коишто ќе ја аргументира потребата да се користи исклучокот наместо општото правило. Во конкретниот случај, Собранието во образложението на законските измени и потребата од нивно донесување, ниту со еден збор не се осврнува на причините за скратување на уставно утврдениот vacatio legis, со што, според Судот, се доведува во прашање и почитувањето на член 52 став 3 од Уставот, иако тоа не е наведено во иницијативата.

Понатаму, со оспорениот член 2 од законските измени, член 368 од Законот, добива нов став 3 со следната содржина „Застареноста на правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган прекинува со поднесување барање за извршување пред надлежен извршител, при што почнува да тече одново застареноста, која во извршната постапка трае десет години од моментот на поднесеното барање за извршување.“

Употребениот термин „застареноста на правосилна судска одлука”, веројатно е грешка, бидејќи не може да се зборува за застарување на прависилен акт, туку за застарување на побарување утврдено со правосилен акт. Воедно, во погоре наведената одредба се употребува терминологијата „извршна постапка”. Меѓутоа, извршителот, согласно позитивното право, не води извршна постапка, туку спроведува извршување и презема извршни дејствија.

Од содржината на член 368 став 3 од Законот, произлегува дека со него се воведува нов вид на застареност на побарувањата поради проток на време од десет години од моментот на поднесеното барање за извршување.

Имајќи го предвид уредувањето со оспорениот член 4 од предметниот закон според кој започнатите постапки за наплата на побарувања предвидени во член 2 од овој закон ќе завршат во согласност со него, произлегува дека овој оспорен член од Законот го регулира прашањето на веќе започнатите извршувања коишто се во тек и не се извршени. Анализата на оваа одредба неминовно води кон заклучок дека извршувањето коешто доверителите совесно и уредно го започнале пред влегувањето во сила на законската измена, а сè уште не го намириле побарувањето утврдено со извршната исправа, нема да може да го намират по истекот на десет години од моментот на поднесеното барање за извршување – рок кој никогаш претходно не бил пропишан во македонското законодавство.

Според Судот, ваквата правна ситуација, доведува до нееднаков третман на доверителите кои се во иста правна положба, бидејќи и едните и другите уредно започнале извршување на нивното побарување и имале исти легитимни очекувања дека со тоа ќе успеат да го намират своето побарување по присилен пат, но поради ново утврдениот рок од десет години на застарување на побарувањата од моментот на поднесеното барање за извршување, на едните ќе им застари побарувањето, а на другите не, што не е во согласност со уставниот принцип на еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите, утврден во член 9 став 2 од Уставот. Важно е да се нагласи и дека со воведувањето на институтот „застареност на побарување во рок од десет години од моментот на поднесеното барање за извршување”, всушност се воведува временско ограничување на траењето на извршувањето, досега непостоечко законско решение во нашиот правен поредок, непознато и во земјите од регионот. Воедно, ако се има предвид фактот дека еден должник може да има повеќе доверители, согласно со пропишаните правила за првенствено право на намирување на побарувањата, односно правилата на редоследот на нивно намирување, станува неспорно дека ваквото законско решение може да предизвика реална неможност за спроведување на извршувањето во оној обем којшто е потребен за намирување на побарувањето.

Според Судот, ваквото законско решение не ја гарантира правната сигурност на доверителите дека започнатото извршување, нема да биде залудно. Со тоа се доведува во прашање и целисходноста на самото поведување на судска постапка, како и правната сигурност на граѓаните дека правосилните и извршни судски пресуди, некогаш воопшто ќе бидат извршени. Уште поконкретно објаснето, ваквата законска норма, за прв пат во нашиот правен систем, воведува т.н. „застареност на правосилна судска пресуда“, што е правен апсурд сам по себе. Суштината на извршувањето по присилен пат, е да се реализира конкретното право утврдено со правосилна судска или друга одлука на надлежен орган, односно да се оствари целосна реализација на побарувањето, а со новововеденото временско ограничување на извршувањето, тоа се спречува.

Според Судот, неможноста да се реализира побарувањето во целост, поради временското ограничување на извршувањето, значи намалување на имотот на доверителот, во корист на должникот, иако совесно поднел барање за извршување и со ништо не манифестирал дека се откажал од побарувањето утврдено со извршната исправа, што имплицира повреда на уставно загарантираното право на сопственост. Воедно, временското ограничување на извршувањето, според Судот, предизвикува и нееднаков третман на доверителите во поглед на можноста од целосна реализација на побарувањето, спротивно на уставниот принцип на еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите, утврден во член 9 став 2 од Уставот.

Имајќи предвид дека станува збор за новина во нашиот правен поредок, според Судот, законското решение од став 3 на член 368 од Законот, не само што имплицира негативни последици за доверителите, туку создава нејаснотии и низа дилеми и отворени прашања во неговото спроведување за кои не може да се најде одговор во постојните прописи од оваа област. Имено, нејасно е пред кој орган должникот ќе се повика на овој вид на застареност, односно кој ќе ја констатира застареноста, дали судот или извршителот и со каков акт, кој ќе ги сноси сите трошоци коишто биле предизвикани по повод и во текот на извршувањето кое според новото законско решение ќе треба да запре, без доверителот да го намири побарувањето, едноставно, нејасно е како ќе се постапува согласно новото законско решение од член 368 став 3 од Законот. Ваквите недоречености предизвикани со дополнително уредениот став 3 на член 368 од Законот, неспорно создаваат подлога за арбитрарност во постапувањето и спроведувањето на новото законско решение од страна на надлежните органи, што дополнително го доведува во прашање уставниот принцип на владеење на правото.

Тргнувајќи од погоре изнесеното, Судот оцени дека член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Северна Македонија” број 154/2023), не се согласни со одредбите на член 8 став 1 алинеи 3 и 6, член 9 став 2, член 30 став 1 и член 52 став 4 од Уставот.

IV

Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

V

Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
д-р Дарко Костадиновски

* * *

Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr. 98/2024 и 139/2024
Shkup, 25.09.2024

 

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të kryetarit të Gjykatës, dr. Darko Kostadinovski dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr.Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr.Jadranka Daboviq-Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, Dobrilla Kacarska,  dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 dhe nenit 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 72 dhe nenit 82 të Aktit të Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut“ nr.115/2024), në seancën e mbajtur më 25 shtator 2024, miratoi

V E N D I M

1. NDËRPTITET Neni 2 dhe neni 4 i Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për marrëdhëniet obligative (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.154/2023).

2. SHFUQIZOHET Vendimi për ndalimin e zbatimit të akteve individuale ose veprimeve të ndërmarra në bazë të nenit 2 dhe nenit 4 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për marrëdhëniet pbligative (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.154/2023).

2. Ky vendim do të publikohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim

I

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, me rastin e iniciativave të parashtruar nga Petar Barishiq nga Shkupi dhe Ljupço Kuzmanovski, avokat nga Shkupi, me Aktvendimin U. nr. 98/2024 dhe 139/2024 nga 20 qershori i vitit 2024, ka iniciuar procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 2 dhe nenit 4 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për marrëdhëniet obligative (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 154/2023), për shkak se çështja e përputhshmërisë së tyre me Kushtetutën u ngrit para Gjykatës.

II

Në seancë, Gjykata konstatoi se neni 2 i Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për marrëdhëniet obligative (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.154/2023), rregullon

„Neni 2

Neni 368 ndryshon si vijon:

„(1) Të gjitha kërkesat e përcaktuara me vendim gjyqësor të formës së prerë ose me vendim të një organi tjetër kompetent ose me barazim para gjykatës ose para një autoriteti tjetër kompetent vjetërsohen për pesë vjet, nga momenti i përmbarimit të tyre, si dhe kërkesat për të cilat në pajtim me ligjin parashhet një periudhë më e shkurtër për vjetërsim.

(2) Të gjitha kërkesat e përkohshme, të cilat rrjedhin nga vendimet ose zgjidhjet e parapara në paragrafin (1) të këtij neni dhe janë të afatizuara në të ardhmen, vjetërsohen në afatin e paraparë për vjetërsimin e kërkesave të përkohshme.

(3) Vjetësimi i vendimit të formës së prerë ose me aktvendim të organit tjetër kompetent ose me marrëveshje para gjykatës ose organit tjetër kompetent ndërpritet me parashtrimin e kërkesës për përmbarim para përmbaruesit kompetent, me ç’rast fillon të ecin përsëri vjetërsimi, i cili në procedurën përmbarimore zgjat dhjetë vjet nga momenti i paraqitjes së kërkesës për përmbarim.”

Gjykata gjithashtu konstatoi se neni 4 i ligjit, i cili është normë më vete, rregullon se procedurat e nisura për mbledhjen e kërkesave të parashikuara në nenin 2 të këtij ligji do të përfundojnë në përputhje me këtë ligj.

III

Sipas nenit 8 paragrafi 1, alinetë 3 dhe 6 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës dhe mbrojtja juridike e pronësisë janë vlera themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Neni 9 paragrafi 2 i Kushtetutës garanton barazinë e qytetarëve para Kushtetutës dhe ligjeve.

Neni 30 paragrafi 1 i Kushtetutës garanton të drejtën e pronësisë dhe të drejtën e trashëgimisë, dhe sipas nenit 30 paragrafi 3 i të njëjtit nen, askujt nuk mund t’i hiqet apo kufizohet pronësia dhe të drejtat që rrjedhin prej saj, përveç kur bëhet fjalë për interesin publik të përcaktuar me ligj.

Sipas nenit 51 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe ligj. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 52 paragrafi 4 të Kushtetutës, ligjet dhe aktet nënligjore nuk mund të kenë fuqi prapavepruese, përveç përjashtimit, në rastet kur është më e favorshme për qytetarët.

Ligji për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për marrëdhëniet obligative është publikuar më 20 korrik 2023 në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” me numër 154/2023 dhe ka hyrë në fuqi ditën e publikimit. Me nenin 2 të kontestuar të këtij ligji, ndryshohet neni 368 i Ligjit për marrëdhëniet obligative, si vijon:

(1) Të gjitha kërkesat që janë përcaktuar me vendim gjyqësor të formës së prerë ose me vendim të organit tjetër kompetent ose me barazim para gjykatës ose organit tjetër kompetent, vjetërsohen për pesë vjet, nga momenti i përmbarimit të tyre, si dhe kërkesat për të cilat në përputhje me ligjin parashikohet parashkrimi më i shkurtër.

(2) Të gjitha kërkesat e përgohshme, të cilat rrjedhin nga vendimet ose barazimet e parapara në paragrafin (1) të këtij neni dhe janë të afatizuara në të ardhmen, vjetërsohen në afatin e paraparë për vjetërsimin e kërkesave të rastit.

(3) Vjetërsimi i vendimit të formës së prerë ose me aktvendim të organit tjetër kompetent ose me marrëveshje para gjykatës ose organit tjetër kompetent ndërpritet me paraqitjen e kërkesës për përmbarim para përmbaruesit kompetent, me ç’rast fillon të rrjedhi nga fillimi vjetërsimi, i cili në procedurën përmbarimore zgjat dhjetë vjet nga momenti i parashtrimit të kërkesës për përmbarim.

Sipas nenit 4 kontestues të Ligjit “Procedurat e filluara për pagesën e kërkesave të parapara në nenin 2 të këtij ligji do të përfundojnë në pajtim me këtë ligj“.

Para hyrjes në fuqi të ndryshimeve dhe plotësimeve në ligj, neni 368 paragrafi 1 i Ligjit për marrëdhëniet obligative ka parashikuar se kërkesat e përcaktuara me vendim të formës së prerë të gjykatës ose me vendim të organit tjetër kompetent ose me zgjidhje para gjykatës ose para një tjetër autoriteti kompetent, vjetërsohen për dhjetë vjet. Kjo zgjidhje ligjore i jep të drejtën kreditorit që brenda afatit të caktuar dhjetëvjeçar të mund të arkëtojë me forcë kërkesën e tij. Sipas zgjidhjes ligjore të sapokonceptuar të rregulluar me nenin 2 kontestues të ndryshimt dhe plotësimit të ligjit, afati i paracaktuar prej dhjetë vjetësh shkurtohet në pesë vjet, ndërsa vjetërsimi fillon të rrjedhë nga momenti i përmbarimit të akteve të përmendura më lartë.

Vjetërsimi, si institucion juridik, është një lloj sanksioni për kreditorin e pakujdesshëm, i cili ka humbur mundësinë për të paraqitur kërkesë për përmbarim brenda afatit të përcaktuar me ligj, duke humbur kështu të drejtën e arkëtimit të detyrueshëm të kërkesës. Kreditori mund të paraqesë kërkesë për përmbarim pas kalimit të afatit të vjetërsimit (vjetërsimi nuk merret parasysh sipas detyrës zyrtare nga gjykata/përmbaruesi, parashkrimi mund të thirret vetëm nga debitori), por nëse debitori kundërshton vjetërsimin, kërkesa nuk mund të paguhet me forcë. Kundërshtimi i vjetërsimit është në dispozicion të debitorit dhe e drejta e përdorimit të tij është lirisht e disponueshme për debitorin, prandaj, në varësi të vullnetit të tij, ai mund ta përdorë atë, por nuk është e nevojshme. Me fillimin e vjetërsimit, kërkesa kthehet në të ashtuquajturat një detyrim në natyrë që nuk mund të arkëtohet me forcë, por që ende ekziston dhe që debitori mund ta paguajë vullnetarisht, nëse nuk thirret për vjetërsim. Nëse kreditori do të paraqesë kërkesë për përmbarim para skadimit të afatit të vjetërsimit të kërkesës, varet kryesisht nga vullneti i kreditorit, i cili është i vetëdijshëm për faktin se nuk do të jetë në gjendje të arkëtojë me forcë kërkesën e tij nëse nuk paraqet kërkesën për përmbarim brenda afatit të caktuar, por më pas, si dhe duke qenë i vetëdijshëm për rrezikun e mundësisë që debitori të kundërshtojë kufizimin e kërkesës në një rast të tillë. Mirëpo, vendimi i kreditorit për paraqitjen e kërkesës për përmbarim përcaktohet në afatin për paraqitjen e një kërkese të tillë, i cili përcaktohet me ligj. Në veçanti, e drejta e tij për të kërkuar pagesën e detyruar është e kufizuar me afatin e përcaktuar ligjor, nga i cili në fakt varet siguria e realizimit të pagresës së detyruar.

Është e padiskutueshme se rreziku dhe pasojat e mospërmbushjes së afatit ligjor përballohen kryesisht nga kreditori, pasi bëhet fjalë për një situatë të caktuar për të cilën ai ka qenë në dijeni dhe që ai vetë e ka shkaktuar dhe nuk mund të ketë një pritje legjitime që kërkesa do të mund të paguhet me forcë pas skadimit të afatit. Megjithatë, e drejta dhe detyrimi i përcaktuar në këtë mënyrë, sipas Gjykatës, janë të zbatueshme vetëm nëse kreditori ka dijeni për afatet e vjetërsimit të kërkesës, të përcaktuara me ligj. Në të kundërt, nëse ligjvënësi parashikon një afat të ri, më të shkurtër për realizimin e së drejtës së arkëtimit të detyruar, i cili nuk ka qenë i sigurt dhe as i parashikueshëm për kreditorin, ai përballet me pasiguri juridike, e cila ka si pasojë heqjen kushtetuese të së drejtës së garantuar të qytetarëve – e drejta e pronësisë.

Kreditori, si çdo qytetar i shtetit, sipas Gjykatës, nuk mund të jetë përgjegjës dhe të vuajë pasojat e situatës juridike të krijuar (në këtë rast vjetërsimit) të cilën nuk e ka shkaktuar. Në kuadër të kësaj, shtrohet pyetja se çfarë ndikimi ka shkurtimi i afatit të vjetërsimit të kërkesës nga dhjetë në pesë vjet, pra me çfarë pasojash mund të përballen kreditorët me shkurtimin ligjor të afatit të vjetërsimit nga dhjetë në pesë vjet dhe tëcilat deri në hyrjen në fuqi të ndryshimeve ligjore, nuk kanë paraqitur kërkesë për përmbarim, as që me ndryshimet nuk u është dhënë mundësia ligjore për ta bërë këtë brenda një periudhe të caktuar kohore për t’iu përshtatur zgjidhjes së re ligjore.

Sipas Gjykatës, periudha dhjetëvjeçare për të gjithë periudhën e vlefshmërisë së saj (deri në hyrjen në fuqi të ndryshimeve ligjore) ka përfaqësuar një kornizë ligjore të përcaktuar dhe të parashikueshme, mbi bazën e të cilit subjektet juridike mund të prisnin me siguri që pretendimi i tyre realisht do të realizohej në mënyrë të detyruar duke parashtruar kërkesë për përmbarim brenda afatit të caktuar prej dhjetë vjetësh. Mirëpo, me shkurtimin ligjor të afatit të vjetërsimit, të gjitha kërkesat vjetërsohen nëse me hyrjen në fuqi të zgjidhjes së re ligjore kanë kaluar pesë vjet nga ekzekutimi i aktit përfundimtar në të cilin është vendosur kërkesa, e cila ka si pasojë që kreditorët të mos mund të paraqesin me forcë kërkesën e tyre, ndonëse rregullimi i mëparshëm i periudhës dhjetëvjeçare u jepte atyre të drejtën legjitime për të pritur realizimin e së drejtës së tyre brenda kësaj periudhe. Kreditorët në asnjë mënyrë nuk mund të parashikonin, as që kanë ditur ose duhej ta dinin, se ligjvënësi do të vendoste një afat të ri, më të shkurtër për paraqitjen e kërkesave të tyre për pagesën e detyruar dhe se një dispozitë e tillë do të zbatohet edhe për marrëdhëniet e tyre juridike ekzistuese dhe në vazhdim në sferën e së drejtës private.

Thelbi i përmbarimit të detyruar është realizimi i një të drejte konkrete të përcaktuar me vendim të formës së prerë ose me vendim tjetër të një organi kompetent, megjithatë, ligjvënësi, duke shfrytëzuar të drejtën e tij për të rregulluar me ligj marrëdhëniet në drejtësi, jo vetëm që e shkurton afatin në pesë vjet, por angazhohet edhe në rregullimin e marrëdhënieve që i kishte rregulluar më parë (për dhjetë vjet), dhe shmang sigurinë juridike të qytetarëve se në rastin e tyre do të zbatohen realisht normat juridike ekzistuese pozitive, pa ofruar një zgjidhje kalimtare, me të cilën subjektet në drejtësi do të mund të përshtateshin me situatën e re.

Nga të gjitha sa më sipër, rezulton se ligjvënësi nuk ka respektuar atë që fillimisht ka garantuar dhe ka vendosur kushte dhe afate të reja në të cilat do të zhvillohen marrëdhëniet juridike të krijuara më parë.

Ekzistenca e efektit të padyshimtë prapaveprues të normës së përcaktuar me ndryshimet dhe plotësimet në Ligjin për marrëdhëniet obligative mbështetet edhe me analizën e dispozitës së të njëjtave ndryshime, me çka nuk përcaktohet një zgjidhje ligjore kalimtare në funksion të mbrojtjes së sigurisë juridike të qytetarëve dhe pritshmërive të tyre legjitime që i kanë pasur përpara hyrjes në fuqi të zgjidhjeve të reja ligjore.

Pra, neni 4 i kontestuar paraqet një normë më vete në ndryshimet ligjore, sipas së cilës “Procedurat e nisura për pagesën e kërkesave të parashikuara në nenin 2 të këtij ligji do të përfundojnë në përputhje me këtë ligj”.

Nga përmbajtja e nenit 4 kontestues të ndryshimeve dhe plotësimeve në Ligjin për marrëdhënie obligative, padiskutim rezulton se kjo normë e veçantë i referohet pikërisht përmbarimeve të filluara para hyrjes në fuqi të ndryshimeve dhe plotësimeve të ligjit dhe të cilat duhet të plotësohen në mënyrën e përcaktuar me nenin 2 të kontestuar të ligjit në fjalë, pra brenda një periudhe që nuk ka ekzistuar fare dhe nuk është përcaktuar me ligj kur ata kanë filluar. Ligjvënësi, duke mos marrë parasysh të drejtat e fituara të kreditorëve, ka përcaktuar konfiskimin e tyre, d.m.th për kreditorët që nuk e kanë filluar përmbarimin dhe kanë marrë një dokument përmbarimi më shumë se 5, 6, 7, 8 ose 9 vjet më parë nga hyrja në në fuqi e ligjit në fjalë, kërkesat e tyre vjetërsohen, që do të thotë se ata praktikisht humbasin të drejtën për të zbatuar kërkesat e tyre.

Nga kjo, sipas Gjykatës, del qartë se neni 4 i kontestuar i ligjit në fjalë krijon vlefshmëri prapavepruese të zgjidhjes së re ligjore nga neni 368 i Ligjit, për marrëdhëniet juridike të krijuara më parë me efekt të pafavorshëm, në kundërshtim me ndalimin kushtetues nga neni 52 paragrafi 4 i Kushtetutës se ligjet dhe dispozitat tjera nuk mund të kenë fuqi prapavepruese, përveç përjashtimit, në rastet kur është më e favorshme për qytetarët. Është e panevojshme të sqarohet më tej se në këtë rast përjashtimi i përcaktuar në nenin 52 paragrafi 4 i Kushtetutës nuk mund të zbatohet sepse kreditorët janë njësoj shtetas të shtetit të Republikës së Maqedonisë së Veriut, sikurse janë edhe debitorët, prandaj sipas Gjykatës, efekti favorizues për disa, shkakton automatikisht efekt të pafavorshëm, pra diskriminues për shtetasit e tjerë si dy palë në marrëdhënien juridike. Kjo, nga ana tjetër, çon në trajtim të pabarabartë të qytetarëve para Kushtetutës dhe ligjeve. Gjatë kësaj, kreditorët padyshim që nuk kanë kontribuar në pasojat dhe rreziqet e kësaj situate, sepse ata janë udhëhequr dhe kanë llogaritur afatin dhjetëvjeçar i cili është përcaktuar me ligj si afat në të cilin vjetërsohen kërkesat e përcaktuara me vendim gjyqësor të formës së prerë, ose me vendim të një organi tjetër kompetent skadon ose me barazim para gjykatës ose para një organi tjetër kompetent.

Kushtetuta, me nenin 30 paragrafi 1, garanton të drejtën e pronësisë, e cila realizohet, ndër të tjera, me të drejtën e qytetarëve për të nisur procedura gjyqësore dhe procedura të tjera në të cilat ata mund të dëshmojnë dhe mbrojnë të drejtën e tyre të pronësisë. Mirëpo, e gjithë kjo mbetet në sferën e mbrojtjes deklarative nëse kërkesa e përcaktuar me akt të vlefshëm dhe të detyrueshëm vjetërohet, e cila është pengesë për realizimin e vërtetë të kërkesës dhe kjo sjell zvogëlimin e pronës pa faj të kreditori i cili ka të drejtë legjitime të presë që kërkesa të vjetrohet brenda afatit të caktuar nga ligjvënësi. Kërkesa e përcaktuar me vendim të formës së prerë të gjykatës ose me vendim të një organi tjetër kompetent ose me zgjidhje para gjykatës ose para një organi tjetër kompetent është pronë e kreditorit, pra me faktin se kjo kërkesë vjetërsohet, gjë që zvogëlon pasurinë e kreditorit në favor të debitorit, sipas Gjykatës, padiskutim nënkupton rrezikim të së drejtës së garantuar me Kushtetutë për pronën nga neni 30 paragrafi 1 i Kushtetutës.

Në lidhje me një lëvizje të tillë normative, ligjvënësi, në përputhje me kompetencat e tij kushtetuese, ka të drejtë të miratojë ligje, t’i ndryshojë dhe plotësojë ato, të përcaktojë fillimin e zbatimit të tyre, të konstatojë pushimin e vlefshmërisë së tyre etj. dhe në atë drejtim të përcaktohen afatet sipas të cilave qytetarët duhet të orientohen në ushtrimin e të drejtave të tyre, duke përfshirë edhe ndryshimin e tyre, megjithatë, sipas Gjykatës, ligjvënësi ka edhe detyrimin për të rregulluar kalimin nga regjimi i vjetër në atë të ri (regjimi kalimtar) në mënyrë që do t’u mundësojë qytetarëve për një periudhë të caktuar të përshtatin sjelljen e tyre me regjimin e ri, për të mos vënë në dyshim realizimin e të drejtave të tyre dhe pritshmëritë e tyre legjitime që ata kanë patur sipas normave të mëparshme të të njëjtit ligj, që në rastin konkret, nuk është bërë.

Konkretisht, Ligji për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për marrëdhëniet obligative (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 154/2023) në nenin 5 përcakton “Ky ligj hyn në fuqi me ditën e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”, që do të thotë se zbatimi i tij fillon menjëherë me botimin e tij, pa vacatio legis, kuptimi i të cilit konsiston në nevojën që qytetarët të jenë të njoftuar me përmbajtjen e ligjit para hyrjes së tij në fuqi. Njëkohësisht, edhe pse bëhet fjalë për ndryshime thelbësore ligjore, me sa duket, ligjvënësi nuk ka pasur ndërmend të vonojë zbatimin e dispozitave të diskutueshme të ligjit në fjalë, për t’u dhënë mundësi qytetarëve të përshtatin sjelljen e tyre me ligjin e ri juridik.

Nga ana tjetër, Kushtetuta në nenin 52 paragrafi 3 përcakton se “Ligjet hyjnë në fuqi jo më herët se në ditën e tetë nga dita e publikimit, dhe me përjashtim të përcaktuar nga Kuvendi, me ditën e publikimit”. Nga kjo dispozitë kushtetuese, rezulton se ligjvënësi mund të përdorë përjashtimin, por sigurisht që për këtë nevijitet shpjegim dhe prononcime për shkaqet e kësaj urgjence, me të cilat do të argumentojë nevojën e përdorimit të përjashtimit në vend të rregullit të përgjithshëm. Në rastin konkret, Kuvendi, në arsyetimin e ndryshimeve ligjore dhe nevojës së miratimit të tyre, nuk i referohet arsyeve të shkurtimit të vacatio legis të përcaktuar me kushtetutë, gjë që, sipas Gjykatës, vë në pikëpyetje respektimin e nenit 52 paragrafi 3 të Kushtetutës, edhe pse kjo nuk është theksuar në iniciativë.

Më tej, me nenin 2 të kontestuar të ndryshimeve ligjore, neni 368 i Ligjit, fiton paragraf të ri 3 me këtë përmbajtje: “Vjetërsimi i vendimit gjyqësor i formës së prerë ose me vendim të një organi tjetër kompetent, ose me marrëveshje para një gjykate ose para një organi tjetër kompetent përfundon me paraqitjen e kërkesës për përmbarim para përmbaruesit kompetent, me ç’rast fillon nga fillimi të rrjedhi vjetërsimi i cili në procedurën përmbarimore zgjat dhjetë vjet nga momenti i paraqitjes së kërkesës për përmbarim.

Termi i përdorur “vjetërsimi i një vendimi gjyqësor të formës së prerë” është ndoshta gabim, sepse nuk mund të flitet për vjetërsimin e një akti juridik, por për vjetërsimin e një kërkese të përcaktuar me akt juridik. Në të njëjtën kohë, dispozita e sipërpërmendur përdor terminologjinë “procedurë përmbaruese”. Mirëpo, përmbaruesi, sipas drejtësisë pozitive, nuk zhvillon procedurë përmbarimore, por e kryen përmbarim dhe ndërmerr veprime përmbarimore.

Nga përmbajtja e nenit 368 paragrafi 3 i Ligjit, rezulton se me këtë futet një lloj të ri vjetërsimit të kërkesave për shkak të kalimit të kohës prej dhjetë vjetësh nga momenti i parashtrimit të kërkesës për përmbarim.

Duke marrë parasysh rregullimin me nenin 4 të kontestuar të ligjit në fjalë, sipas të cilit procedurat e nisura për mbledhjen e kërkesave të parashikuara në nenin 2 të këtij ligji do të përfundojnë në përputhje me të, rezulton se ky nen kontestues i Ligjit rregullon çështjen e përmbarimeve të filluara të cilat janë aktuale dhe nuk janë përmbaruar. Nga analiza e kësaj dispozite rezulton në mënyrë të pashmangshme në përfundimin se përmbarimi të cilin kreditorët me vetëdije dhe në mënyrë të drejtë e kanë filluar përpara hyrjes në fuqi të ndryshimit të ligjit dhe ende nuk e kanë shlyer kërkesën e përcaktuar në aktin e përmbarimit, nuk do të mund ta gjejnë atë pas kalimit të dhjetë viteve nga momenti i paraqitjes së kërkesës për përmbarim – afat i cili asnjëherë nuk është përcaktuar më parë në legjislacionin maqedonas.

Sipas Gjykatës, kjo situatë juridike çon në trajtim të pabarabartë të kreditorëve që janë në të njëjtën pozitë juridike, sepse edhe njëra palë edhe tjetra e kanë nisur siç duhet përmbarimin e kërkesës së tyre dhe kanë pasur të njëjtat pritshmëri legjitime se do të mund ta paguajnë kërkesën e tyre nëpërmjet mjeteve të detyruara, por për shkak të parashkrimit të ri dhjetëvjeçar të kërkesave nga momenti i paraqitjes së kërkesës për përmbarim, njërës palë do t’i vjetërsohet kërkesa, ndërsa të tjerëve jo, gjë që nuk është në përputhje me parimin kushtetues të barazisë së qytetarëve para Kushtetutës dhe ligjeve, të përcaktuara në nenin 9 paragrafi 2 të Kushtetutës. Është gjithashtu e rëndësishme të theksohet se me futjen e institutit “vjetërsimi i kërkesës brenda dhjetë viteve nga momenti i paraqitjes së kërkesës për përmbarim”, në fakt vendoset një afat kohor i kufizuar i përmbarimit, një zgjidhje ligjore jo ekzituese deri më tani në sistemin tonë juridik, të panjohur dhe në vendet e rajonit. Në të njëjtën kohë, nëse merret parasysh fakti se një debitor mund të ketë disa kreditorë, në përputhje me rregullat e përcaktuara për të drejtën e përparësisë për shlyerjen e kërkesave, pra rregullat e rendit të zgjidhjes së tyre, bëhet e padiskutueshme që një zgjidhje e tillë ligjore mund të shkaktojë pamundësi reale për zbatimin e përmbarimit në masën e nevojshme për pagesën e kërkesës.

Sipas Gjykatës, kjo zgjidhje ligjore nuk garanton sigurinë juridike të kreditorëve se përmbarimi i nisur nuk do të jetë i kotë. Kjo vë në pikëpyetje përshtatshmërinë e vetë fillimit të procedurave gjyqësore, si dhe sigurinë juridike të qytetarëve që vendimet gjyqësore të formës së prerë dhe të detyrueshme do të zbatohen ndonjëherë. E shpjeguar edhe më konkretisht, kjo normë juridike, për herë të parë në sistemin tonë juridik, prezanton të ashtuquajturën “vjetërsim”, që është një absurditet ligjor në vetvete. Thelbi i përmbarimit të detyrueshëm është realizimi i së drejtës specifike të përcaktuar me vendim gjyqësor të formës së prerë ose me vendim tjetër të organit kompetent, respektivisht plotësimin e realizimit të plotë të kërkesës dhe me kufizimin e ri të përmbarimit, kjo pengohet.

Sipas Gjykatës, pamundësia e realizimit të kërkesës në tërësi, për shkak të kufizimit kohor të përmbarimit, nënkupton zvogëlimin e pronës së kreditorit, në favor të debitorit edhe pse me detyrim ka paraqitur kërkesë për përmbarim dhe nuk ka bërë manifestim se ka hequr dorë nga kërkesa e përcaktuar në dokumentin e përmbarimit, duke nënkuptuar shkelje të së drejtës së pronës të garantuar me Kushtetutë. Në të njëjtën kohë, kufizimi kohor i përmbarimit, sipas Gjykatës, shkakton trajtim të pabarabartë të kreditorëve përsa i përket mundësisë së realizimit të plotë të kërkesës, në kundërshtim me parimin kushtetues të barazisë së qytetarëve para Kushtetutës dhe ligjeve, të përcaktuara në nenin 9 paragrafi 2 të Kushtetutës.

Duke qenë se është një risi në rendin tonë juridik, sipas Gjykatës, zgjidhja ligjore nga paragrafi 3 i nenit 368 të Ligjit, jo vetëm që nënkupton pasoja negative për kreditorët, por krijon paqartësi dhe një sërë dilemash dhe pyetjesh të hapura në zbatimi i tij për të cilin nuk mund të gjendet përgjigje në rregullat ekzistuese në këtë fushë. Gjegjësisht, është e paqartë para cilit organ debitori do t’i referohet këtij lloji të vjetërsimit, gjegjësisht kush do ta caktojë vjetërsimin, vallë gjykata apo përmbaruesi dhe me çfarë akti, kush do t’i bartë të gjitha shpenzimet që janë shkaktuar me rastin dhe gjatë përmbarimit i cili sipas zgjidhjes së re ligjore do të duhet të ndërpritet, pa e zgjidhur kërkesën nga ana e kreditorit, thjesht është e paqartë se si do të trajtohet sipas zgjidhjes së re ligjore nga neni 368 paragrafi 3 i Ligjit. Paqartësi të tilla të shkaktuara nga paragrafi 3 i nenit 368 të Ligjit, padiskutim shkaktojnë bazë arbitrare në mënyrën e veprimit dhe zbatimit  të zgjidhjes së re ligjore nga organet kompetente, gjë që më tej vë në pikëpyetje parimin kushtetues të sundimit të së drejtës.

Nisur nga sa më sipër, Gjykata vlerësoi se neni 2 dhe neni 4 i Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për marrëdhëniet obligative (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 154/2023), nuk pajtohen me dispozitat e nenit 8 paragrafi 1 alinetë 3 dhe 6, nenit 9 paragrafi 2, nenit 30 paragrafi 1 dhe nenit 52 paragrafi 4 të Kushtetutës.

IV

Nisur nga sa më sipër, Gjykata, me shumicë votash vendosi si në dispozitivin e këtij vendimi.

V

Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e publikimit në Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.

 

KRYETAR  
i Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
dr. Darko Kostadinovski

 

 

Gjykatëse referuese,
dr. Ana Pavllovska – Daneva