Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.43/2024
Скопје, 25.09.2024
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав д-р Дарко Костадиновски, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, Добрила Кацарска, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Северна Македонија и член 72 алинеја 1 и член 82 од Актот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.115/2024), на седницата одржана на 25 септември 2024 година, донесе
О Д Л У К А
1. СЕ УКИНУВА насловот на точка 8 „Автентично толкување на општи акти” и членовите 101, 102, 103 и 104, содржани во поглавјето VIII „Постапка за донесување на општи акти” од Деловникот на Советот на Општина Богданци, број 07-433/2 од 29.07.2005 година, објавен во „Службен гласник на Општина Богданци” број 8/2005.
2. СЕ СТАВА ВОН сила Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од точка 8 „Автентично толкување на општи акти” и членовите 101, 102, 103 и 104, содржани во поглавјето VIII „Постапка за донесување на општи акти” од Деловникот на Советот на Општина Богданци, број 07-433/2 од 29.07.2005 година, објавен во „Службен гласник на Општина Богданци” број 8/2005.
3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Образложение
I
Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), по сопствена иницијатива со Решението У.бр.43/2024 од 27 март 2024 година, поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од актот, означен во точката 1 од Одлуката, затоа што пред Судот со основ се постави прашањето за нејзината согласност со Уставот и Законот за локалната самоуправа.
II
На седницата Судот утврди дека Деловникот на Советот на Општина Богданци содржи дел со наслов 8 „Автентично толкување на општи акти” во кој се уредени членовите 101, 102, 103 и 104.
Според член 101, барање за автентично толкување на општ акт може да поднесат членовите на Советот, 10% од избирачите во општината, јавно претпријатие кое извршува дејност на подрачјето на општината, и државните органи кога потребата од автентично толкување настанала во врска со примената на прописите во нивното работење.
Во член 102 е уредено дека барањето за давање на автентично толкување на општ акт се поднесува до претседателот на Советот, кој веднаш барањето го доставува до Комисијата за Статут и прописи.
Според член 103, Комисијата за Статут и прописи по барањето за автентично толкување има право да побара мислење од комисиите на Советот и општинската администрација.
Согласно со член 104, ако Комисијата за Статут и прописи оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до Советот на општината, а доколку оцени дека барањето за давање на автентично толкување не е оправдано, ќе поднесе Извештај до Советот кој одлучува по барањето и поднесениот извештај.
III
Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Со член 51 од Уставот, е утврдено дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.
Со член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) се уредени надлежностите на советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи.
Според член 62 став 1 од погоре наведениот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.
Со член 43 од Законот за локалната самоуправа се уредени правата и должностите на членовите на советот, а во таа смисла според став 2 на наведениот член, членовите имаат право на седницата на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот, а според став 5 од истиот член, членовите на советот имаат и други права и должности утврдени со статутот и други прописи, во согласност со овој закон.
Според тоа, со статут и други прописи може да се утврдат и други права и должности за членовите на советот, меѓутоа, како што произлегува од член 43 став 5 од Законот, уредувањето на други права и должности, треба да биде во согласност со Законот за локалната самоуправа.
Во конкретниот случај, Судот утврди дека Советот на Општина Богданци во свој пропис – Деловникот на Советот на Општина Богданци, во поглавјето VIII „Постапка за донесување на општи акти”, уредил точка 8 „Автентично толкување на општи акти”, во која ги пропишал членовите 101, 102, 103 и 104, со кои се уредува постапката за давање на автентично толкување на општ акт.
Согласно со погоре цитираните законски одредби, неспорно е дека совет на општина е надлежен да донесува статут и други прописи. Меѓутоа, Законот со ниту една одредба не предвидува надлежност на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат, во своите прописи (деловник или статут) да уредат одредби за автентично толкување на општи акти, со што одредбите коишто Советот на Општина Богданци ги пропишал во Деловникот на Советот на Општина Богданци, се без законски основ, а со тоа Советот ги надминал и своите надлежности предвидени во Законот за локалната самоуправа.
Институтот автентично толкување, мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го употребуваат, како што тоа е уредено за законодавецот како орган на државната власт и тоа изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, при што, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија. Во конкретниот случај, законска основа за овој институт нема за органите на локалната власт, па оттука, не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот.
Имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот според кои во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, Судот одлучи дека точка 8 „Автентично толкување на општи акти” и членовите 101, 102, 103 и 104, содржани во поглавјето VIII „Постапка за донесување на општи акти” од Деловникот на Советот на Општина Богданци не се во согласност со Законот за локалната самоуправа, а со тоа, со основ се постави прашањето и за неговата согласност со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
V
Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
д-р Дарко Костадиновски
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.43/2024
Shkup, 25.09.2024
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të dr. Darko Kostadinovski, kryetar i Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të neneve 110 dhe 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 72 alineja 1 dhe nenit 82 të Aktit të Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 115/2024), në seancën e mbajtur më 25 shtator 2024, miratoi
V E N D I M
1. SHFUQIZOHET titulli i pikës 8 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe nenet 101, 102, 103 dhe 104 të kapitullit VIII “Procedura e miratimit të akteve të përgjithshme” të Rregullores së Këshillit të Komunës së Bogdancit, numër 07-433/2 të publikuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Bogdancit” numër 8/2005.
2. VIHET JASHTË FUQIE Aktvendimi për ndërprerjen e zbatimit të akteve individuale apo veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të dispozitave të pikës 8 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe nenet 101, 102, 103 dhe 104 të kapitullit VIII “Procedura e miratimit të akteve të përgjithshme” të Rregullores së Këshillit të Komunës së Bogdancit, numër 07-433/2 të 29.07.2005 të publikuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Bogdancit” numër 8/2005.
3. Ky vendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), me vetiniciativë me Aktvendimin U.nr.43/2024 të 27 marsit 2024, inicioi procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së aktit, të shënuar në pikën 1 të këtij Vendimi, pasi para Gjykatës me bazë u shtrua pyetja e harmonizimit të saj me Kushtetutën dhe Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale.
II
Në seancë Gjykata përcaktoi se Rregullorja e Këshillit të Komunës së Bogdancit e përmban një pjesë me titull 8 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” në të cilin rregullohen nenet 101, 102, 103 dhe 104.
Sipas nenit 101, kërkesë për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm mund të paraqesin anëtarët e Këshillit, 10% e votuesve në Komunë, një ndërmarrje publike që kryen veprimtari në territorin e komunës dhe organet shtetërore kur lind nevoja për interpretimin autentik në lidhje me zbatimin e akteve në funksionimin e tyre.
Sipas nenit 102 është rregulluar se kërkesa për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm i paraqitet kryetarit të Këshillit, i cili menjëherë ia paraqet kërkesën Komisionit për Statut dhe Rregulla.
Me nenin 103, Komisioni për Statut dhe Rregulla pas kërkesës për interpretim autentik ka të drejtë të kërkojë mendim nga administrata komunale.
Në pajtim me nenin 104, nëse Komisioni për Statut dhe Rregulla vlerëson se kërkesa për interpretim autentik është e arsyetuar, do të përgatisë propozim për interpretim autentik dhe do t’ia dorëzojë atë Këshillit për miratim dhe nëse vlerëson se kërkesa për dhënien e interpretimit autentik nuk është e arsyetuar, Komisioni për Statut dhe rregulla do t’i dorëzojë raport Këshillit i cili merr vendim për raportin e dorëzuar dhe kërkesën
III
Sipas nenit 8 paragrafit 1 alinesë 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Sipas nenit 51 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën ndërsa të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutë dhe me ligj. Secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 110 alinesë 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.
Me nenin 36 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002) janë rregulluar kompetencat e Këshillit, ndërsa sipas paragrafit 1 pikës 1 të nenit në fjalë, Këshilli është kompetent ta miratojë statutin e komunës dhe rregullat e tjera.
Sipas nenit 62 paragrafit 1 të Ligjit, këshilli në kryerjen e detyrave me kompetencë të tij miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulla të tjera të përcaktuara me ligj.
Me nenin 43 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale rregullohen të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit, ndërsa në këtë kuptim, sipas paragrafit 2 të nenit në fjalë, anëtarët e këshillit kanë të drejtë të japin iniciativa dhe propozime dhe t’i parashtrojnë pyetje kryetarit të komunës ndërsa sipas paragrafit 5 të të njëjtit nen, anëtarët e këshillit kanë të drejta dhe detyra të tjera të përcaktuara me statut dhe rregulla të tjera, në pajtim me këtë ligj.
Rrjedhimisht, me statut dhe rregulla të tjera mund të përcaktohen edhe të drejta dhe detyra të tjera për anëtarët e këshillit, megjithatë, siç del nga neni 43 paragrafi 5 i Ligjit, rregullimi i të drejtave dhe detyrave të tjera duhet të jetë në përputhje me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale.
Në rastin konkret, Gjykata ka konstatuar se Këshilli i Komunës së Bogdancit në rregullin e tij – Rregulloren e Këshillit të Komunës së Bogdancit në kapitullin VIII “Procedura e miratimit të akteve të përgjithshme”, e ka përcaktuar pikën 8 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” në të cilat i ka rregulluar nenet 101, 102, 103 dhe 104, me të cilat rregullohet procedura për dhënien e interpretimit autentik të aktit të përgjithshëm.
Sipas dispozitave ligjore të cituara më sipër, është e padiskutueshme që këshilli i komunës është kompetent për miratimin e statuteve dhe rregulloreve të tjera. Megjithatë, ligji me asnjë dispozitë nuk e parasheh autoritetin e këshillit të një komune për të dhënë një interpretim autentik të rregullave që i miraton dhe as ligji nuk u jep komunave autoritetin që të jenë në gjendje, në rregullat (rregullore apo statut) të rregullojnë dispozita për interpretimin autentik të akteve të përgjithshme, me ç’rast dispozitat që Këshilli i Komunës së Bogdancit i ka përcaktuar në Rregulloren e Punës së Këshillit të Komunës së Bogdancit, janë pa bazë ligjore dhe kështu Këshilli i ka tejkaluar kompetencat e parapara në Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale.
Që organet e pushtetit lokal të kenë mundësi ta përdorin institutin e interpretimit autentik, e njëjta gjë duhet të parashikohet edhe në ligj, siç parashikohet për ligjvënësin si organ i qeverisjes shtetërore edhe atë shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretimin autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut. Në rastin konkret, ky institut nuk ka bazë ligjore për organet e qeverisjes vendore, prandaj nuk është e mundur të rregullohet ky institut dhe procedura për të në rregullore apo statut.
Duke i pasur parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës, sipas të cilave në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutë dhe me ligj dhe secili e ka për detyrë t’i respektojë Kushtetutën dhe ligjet, Gjykata vendosi se pika 8 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe nenet 101, 102, 103 dhe 104 të cilat ndodhen në kapitullin VIII “Procedura e miratimit të akteve të përgjithshme” nga Rregullorja e Komunës së Bogdancit nuk janë në pajtim me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale, ndërsa me atë, me bazë u shtrua çështja edhe për harmonizimin e tij me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës, sipas së cilës në rendin kushtetues duhet të ekzistojnë rregulla të harmonizuara juridikisht me Kushtetutën dhe ligjet.
IV
Në bazë të lartpërmendurës Gjykata, me shumicë votash, vendosi si në dispozitivin e këtij vendimi.
V
Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.
KRYETAR
i Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
dr. Darko Kostadinovski