У.бр.32/2024

Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.32/2024
Скопје, 25.09.2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав д-р Дарко Костадиновски, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска,  д-р Осман Кадриу, Добрила Кацарска, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Северна Македонија и член 72 од Актот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.115/2024), на седницата одржана на 25 септември 2024 година, донесе

О Д Л У К А

1. СЕ УКИНУВА член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Делчево („Службен гласник на Општина Делчево“ бр.16/2006).

2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на оспорената одредба, означена во точката 1 од оваа одлука.

3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Образложение

I

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, по сопствена иницијатива со Решението У.бр.32/2024 од 2 мај 2024 година поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на членот од актот, означен во точката 1 од Одлуката, затоа што пред Судот со основ се постави прашањето за неговата согласност со Уставот на Република Северна Македонија и Законот за локалната самоуправа.

II

На седницата Судот утврди дека според член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Делчево член на Советот, меѓу другото, има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање автентично толкување на прописите.

III

Владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија, согласно член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно член 51 од Уставот.

Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Во член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд е определено дека Судот може и сам да поведе постапка за оценување на уставноста на закон, односно уставноста и законитоста на пропис или друг општ акт.

Во конкретниот случај, Советот на Општина Делчево, врз основа на член 3 став 3 од Статутот на Општина Делчево („Службен гласник на Општина Делчево” број 12/2006), на седницата одржана на 22.11.2006 година го донел Деловникот на Советот на Општина Делчево кој е објавен во „Службен гласник на Општина Делчево” бр.16/2006.

Деловникот на Советот на Општина Охрид содржи дел со наслов 3 „Покренување иницијативи и поднесување предлози” во кој е содржан член 15 алинеја 3 каде се уредува дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.

Автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт, односно Собранието согласно со член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот ги донесува законите и дава автентично толкување на законите. Постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013).

Според правната теорија, автентично толкување на законите значи утврдување на содржината и на вистинската смисла на веќе донесен закон, кој во примената покажува нејасност, двосмисленост или содржи празнини. Автентичното толкување е составен дел на објавениот закон.

Во конкретниот случај, со оспорената одредба е дадено право на член на Советот на Општината да поднесе барање за автентично толкување на прописите, и покрај тоа што станува збор за Совет на Општина кој претставува орган на локалната власт.

Законот за локалната самоуправа не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат. Имено, согласно со член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа, советот на општината го донесува статутот на општината и други прописи, а согласно со член 62 став 1 од истиот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.

Правото на давање автентично толкување на прописи е прашање коешто мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го применуваат, како што тоа е уредено за законодавецот како орган на државната власт, изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите.

Врз основа на направената анализа произлегува дека предмет на уредување е определено право за член на Советот да бара автентично толкување на донесените акти, иако од Уставот и Законот за локалната самоуправа не произлегува овластување за совет на општина или негов член да дава или бара автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту наведениот закон упатува на можност во друг акт (статут или деловник на општина) да се уреди постапка за автентично толкување на општите акти.

Од овие причини Уставниот суд согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, го покрена прашањето за согласноста на означената одредба од Деловникот на Општина Делчево со Уставот и Законот за локалната самоуправа. Со оглед дека нејзиното уредување во Деловникот на Општината е без уставен и законски основ, Судот оцени дека одредбата не е во согласност со принципот на владеењето на правото од член 8 став 1 алинеја 3 и уставната обврска за усогласеност на прописите со Уставот и законите, определена во член 51 од Уставот, како и со одредбите од Законот за локалната самоуправа во кој се уредени овластувањата на единиците на локалната самопуправа.

IV

Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

V

Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавување во во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
д-р Дарко Костадиновски

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.32/2024
Shkup, 25.09.2024
Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të kryetarit të Gjykatës, dr. Darko Kostadinovski dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr.Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr.Jadranka Daboviq-Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, Dobrilla Kacarska,  dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të neneve 110 dhe 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 72 të Aktit të Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut“ nr.115/2024), në seancën e mbajtur më 25 shtator 2024, miratoi

V E N D I M

1. NDËRPTITET neni 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Dellçevës (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Dellçevës” nr.16/2006).

2. SHFUQIZOHET Vendimi për ndalimin e zbatimit të akteve individuale dhe veprimeve të ndërmarra në bazë të dispozitës së kontestuar, të shënuar në pikën 1 të këtij vendimi.

3. Ky vendim do të publikohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.

Arsyetim

I

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, me vetiniciativë me Vendimin U. nr. 32/2024 nga 2 maji ka iniciuar procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit nga akti i cekur në pikën 1 të Vendimit, për shkak se në Gjykatë me bazë u ngrit çështja e pajtueshmërisë së tij me Kushtetutën e Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe Ligjin për vetëqeverisje lokale.

II

Gjykata në seancë konstatoi se sipas nenit 15 alineja 3 të Rregullores së Komunës së Dellçevës, anëtari i Këshillit, ndër të tjera, ka të drejtë të paraqesë kërkesë për dhënien e interpretimit autentik të rregullave në mbledhjen e Këshillit.

III

Sundimi i së drejtës është një nga vlerat themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut, sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës.

Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutën dhe ligjin, dhe secili është i obliguar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.

Sipas nenit 110 paragrafi 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Në nenin 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, përcaktohet se Gjykata mund të iniciojë vetë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.

Në rastin konkret, Këshilli i Komunës së Dellçevës, në bazë të nenit 3 paragrafi 3 të Statutit të Komunës së Dellçevës (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Dellçevës” numër 12/2006), në mbledhjen e mbajtur më 22.11.2006 miratoi Rregulloren e Këshillit të Komunës së Dellçevës e cila është publikuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Dellçevës” nr. 16/2006.

Rregullorja e punës së Këshillit të Komunës së Ohrit përmban një pjesë të titulluar 3 “Inicimi i iniciativave dhe parashtrimi i propozimeve” i cili përmban nenin 15 alineja 3, ku rregullohet se anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretimi autentik i rregullave në mbledhjet e Këshillit.

Interpretim autentik të ligjeve jep ligjvënësi si organ i pushtetit legjislativ, gjegjësisht Kuvendi, në pajtim me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2 të Kushtetutës, miraton ligjet dhe jep interpretim autentik të ligjeve. Procedura e interpretimit autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e punës së Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.91/2008, 119/2010 dhe 23/2013).

Sipas teorisë juridike, interpretimi autentik i ligjeve nënkupton përcaktimin e përmbajtjes dhe kuptimit të vërtetë të një ligji tashmë të miratuar, i cili në zbatimin e tij tregon paqartësi, mëdyshje ose përmban zbrazëtira. Interpretimi autentik është pjesë përbërëse e ligjit të publikuar.

Në rastin konkret, me dispozitën e kontestuar i jepet të drejtë një anëtari të Këshillit të Komunës që të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave, pavarësisht se bëhet fjalë për Këshill të Komunës që përfaqëson organ të pushtetit lokal.

Ligji për vetëqeverisje lokale nuk përmban dispozitë të shprehur se këshillat e komunave mund të japin interpretim autentik të rregullave që miratojnë. Konkretisht, në pajtim me nenin 36 paragrafi 1 pika 1 të Ligjit për vetëqeverisje lokale, këshilli i komunës miraton statutin komunal dhe rregullat tjera, dhe në pajtim me nenin 62 paragrafi 1 të të njëjtit ligj, në kryerjen e detyrave nga kompetenca e tij, këshilli miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulla tjera të përcaktuara me ligj.

E drejta për të dhënë një interpretim autentik të rregulloreve është një çështje që duhet të parashikohet në ligj në mënyrë që organet e pushtetit lokal ta zbatojnë atë, siç parashikohet për ligjvënësit si organ i qeverisjes shtetërore, shprehimisht në Kushtetutë me neni 68 paragrafi 1 alineja 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve.

Nga analiza rezulton se objekt i rregullimit është e drejta e caktuar e anëtarit të Këshillit që të kërkojë interpretim autentik të akteve të miratuara, edhe pse nga Kushtetuta dhe Ligji për vetëqeverisje lokale nuk del autorizim për këshillin e komunës, ose për anëtarin e tij që të japë ose të kërkojë interpretim autentik të rregullave që miraton, as ligji në fjalë nuk i referohet mundësisë së rregullimit të procedurës për interpretimin autentik të akteve të përgjithshme në një akt tjetër (statut ose rregullore të komunës).

Për këto arsye, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, ngriti çështjen e përputhshmërisë së dispozitës së përmendur të Rregullores së Komunës së Dellçevës me Kushtetutën dhe Ligjin për vetëqeverisje lokale. Duke qenë se rregullimi i saj në Rregulloren e Komunës është pa bazë kushtetuese dhe ligjore, Gjykata vlerësoi se dispozita nuk është në përputhje me parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 dhe obligimin kushtetues për pajtueshmërinë e rregullave me Kushtetutën dhe ligjet, të përcaktuara në nenin 51 të Kushtetutës, si dhe me dispozitat e Ligjit për vetëqeverisje lokale, me të cilin rregullohen kompetencat e njësive të vetëqeverisjes lokale.

IV

Nisur nga sa më sipër, Gjykata, me shumicë votash vendosi si në dispozitivin e këtij vendimi.

V

Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e publikimit në Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.

 

KRYETAR  
i Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
dr. Darko Kostadinovski