Во Уставниот суд денеска се одржа јавна расправа по предметот У.бр.133/2022, кој е оформен по поднесено барање за заштита на слободи и права поднесено од страна на проф. д-р Димитар Апасиев.
Барањето е поднесено за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот кои се однесуваат на правото на политичко дејствување и забрана на дискриминација по основ на политичка припадност.
Поради разјаснување на одредени околности наведени во барањето, на јавната расправа на покана на Уставниот суд учествуваа подносителот на барањето, Димитар Апасиев, поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери, двајцата професори од Правниот факултет при државниот Униврезитет Тетово, проф. д-р. Али Муслиу и проф. д-р Сафет Емрули, Кристина Дода од Институтот за човекови права, Гоце Коцевски од Македонското здружение на млади правници.
Согласно членот 56 од Актот на Судот, на јавната беше поканет и Народниот правобранител, Насер Зибери, кој не присуствуваше. Јавната расправа ја следеа претставник од ОБСЕ, студенти од Факултетот за правни и политички науки- ФОН Скопје, новинари и советници од Уставниот суд.
Повеќе информации за поднесеното барање прочитајте тука.